Кога не отиде навреме,ете ти сега. Цело време се туфкав,се туфкав за тебе и на крај тоа ми кажуваш..Бравос,честито,се виде колку ти е до мене. Уствари што сум запнала со тоа,можеби воопшто не ти е грижа за мене...Можеби само си правам филмови и сум будала,можеби.. Ама и да не ти е грижа за мене,другари сме бар,припази на однесувањето.
Кога те нема , ми требаш . Кога ми требаш , те нема . Си знам јас што ми значи ова Дали е можно да ти бидам лута за тоа што не си покрај мене кога треба ? Да , можно е , итекако
Си заборавив три многу битни ствари кај тебе.. пожелно е да ги вратиш, само неосетно, без гледање, без слушање Спојлер (умот, срцето и сета моја енергија) Однапред благодарам! http://www.youtube.com/watch?v=3khH9ih2 ... re=related
Се уште гласот ти станува помил кога зборуваш со мене. Се уште ме оставаш прва да исклучам. Се уште сме ние, иако не сме заедно.
Милооо бе кога ќе се гледаме јас патувам во јули ти во август бегаш на 9 месеци ихухууууу! Ајде ајде без стрес што биде биде..
случајност или? или? не дај Боже да не имаш профил на фемина па да читаш како те пцујам? во секој случај фала, интересна порака.. кратка но ми требаше некој да ми го каже тоа.. сепак ништо нема да се промени, се ке остане на старо.. само добри пријатели.. самиот си крив за тоа.. нема назад..
Сакам да ти покажам колку ми е празно деновиве без тебе... и да ти докажам дека си дел од моето секојдневие,па ваква промена ми значи истранување од колосекот, отстапување од нашите планови, губење од планираното време кое сакавме за нас да го потрошиме! Знам, јасно ми е и те разбирам...обврски,обврски,обврски...бла,бла,бла... Едвај чекам да ти завршат обврските,едвај чекам да ставиш точка на ,,ова,, и заедно да си ги правиме плановите за оваа лето, да му ја киднеме некаде подалеку и да се посветиме еден на друг!
Ми недостигаш многу...никогаш нема да те заборавам...сега кога летово се ближи незнам дали се плашам од повторната цредба или се радувам....само знам дека сакам да те видам,што побрзо!!
Фала многу Најискрено !! Од срце !! Па ти бе среќо не си ни свесен како ме надополни. Уште малку ми фалеше и тоа ми го даде. Сега ме гледаш и од погледот ти читам дека жалиш ама барем биди среќен што успеа, гледаш во сопствениот проект, а јас вечно ќе ти бидам благодарна. Убаво ми велеше ти, не ти верував, а сега сфакам дека имаше право Фала уште еднаш ! Гледај сега, јас уживам !!