http://www.youtube.com/watch?v=u2hYn_4y ... re=related Попразна сум од нова тетратка. Многу штуро лето. Среќа имам два испити за спремање,па ќе ми минува времето некако,демек ќе се чувствувам корисно. Се е штуро. Луѓево посебно. И некако се ме враќа на тоа дека само ти си ми спасот. Дојди си. Ми недостигаш е малку за да објаснам колку тоа си ми неопходен. Како онаа боцата со кислород за која е врзан старецот и му зависи животот од неа. И тоа е малку. Иване,те немам видено скоро два месеци. Дојди си. Ми требаш. Сакам да те гушнам. Толку е клише сето ова,ама е искрено. Дојди си. Ми требаат твоите очи. Никој не ме гледа како ти. Дојди си. Никој не е како ти. Дојди. Јас и ти не сме било кое ние.
I just can't fight any longer you waited 'til I sobered you came when you knew that the game was over, I didn't even want to be found.
Слушај кретену,немој да мислиш дека ке се замарам јас со тебе вечно,зошто не заслужуваш лигле едно глупаво.ОДЈЕБИ мрсулко ГЛУП не си засчужен да ронам солзи јас за тебе.Слушаш ли бе алоооооооооо ке те оставам како куче на улица и тоа уште сега во моментов.Чисти се од мојов живот.
Го мразам фактот што ме игнорираше толку долго, а сега збориш со мене како ништо да не се случило. И што е уште полошо, правиш да се смеам и на наједноставните работи.
Фала ти. За трпението што го имаш, за прекрасните зборови што ми ги кажуваш секој ден пред да си легнам. Ме фасцинираш со работите што ги правиш, несебичен си во секој поглед и ме излудуваш. Ми значиш, многу. Остани ваков, уште повеќе да се осигурам дека ти си тој со кој што сакам да ги поминам наредниве неколку месеци, па здравје боже и години од мојов живот. Те гушкам силно, онака како што ти велиш дека само јас знам.
Ми недостигаааааш знаеш ли????? И што ќе праам 10 дена без тебе кога ќе отидеш??? И знаеш што следи кога ќе се вратиш????
Ова боли а? епа и мене знаеш како ме полеше сабајлето твојата постапка, мислам срцето ми се распука.. ама добро е да ти кажам,подобро нека си стои товарот сеа на твој грб !
Aууу колку гласно збориш, не можам да мислам од тебе, ми ги бркаш мислите...тешко на тој од другата страна на слушалката
Ми фалиш премногу И стварно не можам да разберам зашто покрај се што направив за тебе, ти вака ми враќаш ???.. Кога ти беше најтешко бев покрај тебе, можеби не бев таму да те гушнам, далечината не ни дозволуваше, но те чекав.. Те чекав 7 месеци .. Но, на крајот очигледно не вредеше.. Ме остави сама на средина на тунелот, без ни малку светлина..Зашто вака ми враќаш ?? Очигледно е дека сакаш да ме гледаш облеана во солзи, се уште сум слаба.. Но верувам дека со тек на време, ќе те заборавам.. Ќе најдам друг, можеби ќе ти биде криво.. Иако ме повреди имам сила да верувам во љубов, сакам да верувам.. А ти, продолжи си со животот, и најде некоја што ќе те сака повеќе од мене.. Среќно !
Да си таков сега да ми се јавиш и да ми речеш немам веќе работа тргнувај. Да си таков да ми направиш смирена убава вечера. Па после тоа една добраа масажа. Да си таков да гледаме некој филм. И на крај да ја испратиме мојата менструација како што доликува. Ама не си таков ... и имаш работа. И ако ти се јавам нервозите од болкиве што ги имам ти ќе ги носиш. Уат шуд ај ду ... Ај поарно ти јави ми се. И убрзај ако сакаш. Ако не можеби ќе успеам да заспијам. А се надевам нема. Сакам да те видам. Ми требаш.
ма и ти и пиењето и дотата и кантерот и другарите и фудбалот сите заедно и у ПМ, да го заборате патот за назадд !!! КРЕТЕН!
море кога ке ти објасни некој дека веке не сака да комуницира со тебе, ти го разбираш ли тоа, го примаш ли како информација во твојот мозок не би рекла, и по ова мозам да заклучам дека додека јас зборувам ти не ме рецкаш, и згора на се ми казуваш дека сакаш да ме видиш (смајли што се крсти)
Те сакам! И, криво ми е што не сме се сретнале порано во животот, да. Макар и да се разминевме на кратко....ама, да беше така немаше пак да имаме некои нешта кои сега ги имаме. На крајот на краиштата немаше да бидеме тоа што сме. Сакам да сум постојано со тебе како што и ти сакаш да бидеш со мене. Паметиш, не сакаш да седиш во кафана на маса, ама со мене сакаш секој ден, постојано,......... ОФ, а при тоа бројчаникот на времето немилосрдно врти. И јас исто сакам......сакам, сакам, сакам....сакам исто така и да се шетаме во парк, да одиме на Матка на кафе, сакам кога ќе биде пеколно жешко времето да дремеме еден до друг под некоја дебела сенка......со тебе мил мој САКАМ СЕ!