Навреден и повреден! Хахах фак јеах. Научи се како се однесува со жена и не мисли со таквион колку можеш да збрцаш за една вечер, кога си со едена си со една. Јас си имам достоинство така да убаво помини си на планина.. Добар избор..
Уживај си во слободата, и јас истото ќе го направам. Не ме замарај повеќе. Неможеме да бидеме повеќе заедно. Чао.
Уееет бе срце бе,гледаш ли?Жена на животот сум му била,кога си ми кажал така.Па да те видам дали сега сакаш да ме жениш или не Дур кажеш секс,овааај.....кекс де, ја друг маж ќе си најдам. Ај барем на некој и ја жена на животот да му бидам.
Свињо една машка никаква !! Гледај да не ме најдиш до вечер !! Ај до утре ти давам рок и готово !! Гледај да не пишиш или да не се јавиш !! Знам дека немаш број ама имаш начин да го најдиш и да се јавиш. Имаш уште еден ден и неколку саати после земам гумата и бришам. Немам време за чекање и не планирам тебе да те чекам да ти текни !! Глуп !!
Кретену, ми фалиш. И зошто имам чуство дека и ти мислиш на мене и дека ќе се смириме??? Дај ми некој сигнал.
Ако не бидеш поамбициозен нема да бидеме заедно! Многу си неоговорен. Да, ја зезнав и јас оваа година, но од оправдани причини. А ти? Освен што лежеше ништо не правеше и сега се жалиш. Жали се! Нема цел живот да бидам покрај тебе за да ти ги оправам работите. Среди се! Те сакам ама себе се сакам повеќе.
Ај смири си ја таа машка суета или што и да е Нема да излезе на добро.Ако ја почнам да водам инат,знаеш до што ќе се доведе работава
Ме виде ли предмалку ? Или кога поминав случајно така гледаше во небото Алоо женски нема на небото... Спојлер Ма баш ми е гајле што виде битно јас поубаво ќе спијам вечерва
Дури и кога ме пукаат бедови, кога сакам да те оставам и да отидам некаде далеку, да се журкам, да лудувам, да флертувам, едно мало делче од мене никогаш нема да ми дозволи да го направам тоа. На крајот на денот, сепак, ти си единствениот кој би бил со мене и светот да се преврти. Не ти покажувам секогаш, ама не можеш ни да замислиш колку го почитувам тоа. Понекогаш се прашувам со што ли те заслужив?! Таков човек треба да биде со некој многу поголем човек од мене. Моите мисли често знаат да бидат себични, користољубиви. Го знаеш ли тоа?! Тебе не ти пречи, знам. И да го направам најголемото злосторство, ти ќе го видиш доброто во мене, а дали тоа ќе го направи некој друг...? Кхм. Јас не те заслужувам, тоа го знам. А сепак уживам во тебе повеќе од што би можела било која друга.
Да знаеш, само да знаеш што ми правиш, само да си свесен. Не мора да збориме, ќе се праиме наудрени, и така во тоа секоаш сме биле најдобри. И знам дека сфаќаш. И ти самиот ми рече, исти сме.
Како и да е, си ветив дека на машко никогаш нема прва да му пишам. Сакам да можам да те прашам, ама не можам да дознаам. Толку си сладок и мил и забавен.. САМО КАЖИ МИ ДАЛИ ТИ СЕ СВИЃАМ ИЛИ НЕ!