Абе ти знаеш колку те обожавам?! ПРЕМНОГУ! Многу си ми будалче на моменти и ми го креваш притисокот, но на моменти (како вечерва) сакам само да бидам со тебе и ништо друго не ми е битно! Денов ми направи посреќен отколку што можеше да биде. Е така да си знаеш Еве ти милион и (иако заслужуваш многу повеќе, доста ти се за вечерва )
знаеш ли ти колку цигарче те обожава ! можеби се понашам детски али мхм дете сум и не сакам да пораснам .... знаеш некои работи кои ги правиш ми личат на погрешни но мхм можеби еден ден ќе ги сватам ... и знаеш ли како е коа некој не сака да го изгуби тоа што толку време му припаѓа? значи пробавме се и сешто, се променив јас се промени и ти.... но не сакам ... не сакам... не сакам да се понашаме така! јас тоа неможам да го издржам.... да дете сум ! не сакам да пораснам ! навидум кој и да го прашаме за нас.. Цигарче и ..... се најдобриот и нај заљубениот пар... но знаеш ли колку .... и да бев љубоморна ... и да ти викав ! и да оваа година ми беше најубава со тебе до сега . . . . и да ти си единствен ... посебен ! и да ... доста е ! се утепав со пишењево ... те сакам
Срцка за еден месец ќе бидам бомба, да знаеш. Не дека досега не бев, ама сега ќе бидам гооолема бомба. А за ова вечерва ти должам една јака партија... Се сакаме? Спојлер ПС: Е добро како можеше она млеко за тело да ти мириса најубаво? Зошто ми правиш збрки во мозоков?
U moru sarenih slika moga se ne secas lika odavno mozda kad bi se sreli ti srce pozeli da budem tvoja navika... http://www.youtube.com/watch?v=RVSIKXWkh7M
Совршено се совпаѓаш во улогата на мој личен психијатар. Го извлекуваш од мене и она најдлабокото, што се плашам и кога сум сама да го изговорам, нели од последиците, а со тебе покрај мене додека ме галиш полесно е. Полесно е да ти ги кажам стравовите, полесно е да плачам, полесно е да се смеам. А ти ме чекаш, го чекаш точниот момент, чекаш да се исплачам, па да почнеш, да зборуваш, да правиш одново и одново да сфатам колку те сакам. И знаеш кога е доволно, кој е точниот момент да престанеш со сериозности и да ме насмееш и гушнеш. Безбедност и сигурност, тоа е она што го осеќам додека сум во твојата прегратка и ништо повеќе не би можела да посакам. Љубов, силна и детска, која не не спречува да уживаме во секој миг. И да знам, дека еден ден ти се дерам зашто не излегуваме со други, се срамиш од мене и дрн дрн, а друг ден ти се дерам зашто само сами излегуваме, само до се*с ти е дојдено ... Знам, знам дека знам да бидам тотално неподнослива. Знаеш и сам, жена сум. И се ближи денот кога ќе одиш, цел месец без тебе. Уште еден грд тест за нашата врска, а ти прочита колку се плашам и го кажа точно тоа што сакав да го слушнам. Сега не се грижам. Оди, уживај ти таму а јас тука. И ќе те чекам да уживаме заедно. Додека не дојде денот да одиме на нашиот викенд. По 24 саати заедно, со нашите погледи, муабети, смеења, и се друго што не прави нас баш такви какви што сме. Јас и ти, ние.
Моли моли. Плачи плачи. Гледаш дека и по втор пат го правиш ова. Ти реков дека ќе ти дадам втора шанса само незнам до кога ќе бидеше таков како што беше ''добар''. Ти реков незнам само до кога! Ме сакаш сега највеќе на свет, неможеш без мене? Пробај. Јас веќе неможам да бидам со тебе заради твоите некои кажани работи. Пред 2 дена кога ти кажував биди таков каков што треба, ти не ме послуша си тераше по твое. Епа сега и јас си терам по мое. Нека пропадне 1 ипол година, но знам дека барем нема да се нервирам од тебе секој ден. Секој ден нема да ми поминува во нервози и плачки. Те сакав, те сакам, и уште незнам до кога ќе те сакам, ама ова што го правеше беше претеризам. Повеќе јас не можам да те поднесувам. Заборави ме.
Уште само една угушлива недела и целосно ќе му се препуштам на лезетот што го носи твоето име. Твојот утрински бакнеж со вкус на кафе и мирисот на солената вода ќе ме буди секое утро. Го сакам појадокот полеан со сонце... Сакам да ми се насмееш до мене во креветот кога ќе ги отворам очите... Сакам да ми шепкаш... „убава“.
Симнав килажа, не од мака, од возбуда. Насобрав брчки, не од мака, од смеење. Набилдав подочници, не од мака, од неспиење заради ноќи поминати со тебе. Г’зе едно згодно, ах, ме правиш убава
Би и' кажал... Твоите солзи не значат знак на слабост, туку дека предолго време си била и повеќе од силна...