Што би ти кажала? Како смееш да не се уклучиш два дена и да ме запоставиш вака?Ми недостигаш ептен Ко некое детенце лигаво звучам ама гајле ми е. Се извади со тоа што ми побара број.И сега што сакам од тебе? Да ме побараш.
Ме напна денес еееј Не ти кажувам, не за џабе го нарекле тоа изненадување! Наскоро ќе си дознаеш што ти спремило твоето љубовче
Сакам да ти се лигавам лежејќи ти во прегратки, да ти трепкам милно, а ти да ме бакнуваш во чело и образ. Сакам да го нурнеш носето во косава и да ми повторуваш и повторуваш дека убаво мириса, а јас да ти вратам - не поубаво од тебе. Моментите со тебе се среќа
Сакам... Аххх толку многу сакам... Бескрајно посакувам да те имам само за себе, јас ти и никој друг. Да имаме доволно време за се, да си кажеме колку се сакаме, колку се мразиме кога намерно од љубов се нервираме, да се степаме да ни помине време, да те гњавам и да ти се качувам на глава со моите женски теории, а ти така ноншалантно и демек случајно да ме гушкаш... Да ручкаме заедно во ниедно време и да бидеме свинчиња, слатки дебели прасиња... И да, ти си само мое прасе и никој друг нема право да те нарекува така, зошто ќе следува .
немој да ми се лутиш за такви ситници.. нема смисла. ветувам дека нема да ми се повтори. ама и ти претеруваш! лут си,па се занесуваш премн. те сакам најнајнајвеќе, неможам да поднесам кога си ваков. ми треба да ме гушнеш во моментов. <3
само кога е празна душава помислувам на тебе и времето кога те сакав,ми фали тоа чувство на длабока заљубеност,да, ми се враќаат чувствата кога ќе те видам но само за момент,не те сакам тоа е се што знам,кај ќе ме одведе животот и во чии раце не знам,и знам дека се уште ме сакаш но најдобро е да ме заборавиш, нашето никогаш нема да биде а и не сакам да биде...
како тоа до прееска ти се спиеш сега така не.. те заслепе тоа те заслепе ИДИОД (за инат со Д,пошо те нервира, за инат!!!) ццццццццццццццццццццццц! како можеш така не ми е јасно КАКО?
Сакам да кажам дека брадата ти стои совршено. Признавам дека се поубав ми стануваш од ден до ден. Сакам да прашам како го постигнуваш тоа. Едвај чекам да ти скубнам неколку влакна од брадата. Знам дека се заљубувам. Ми личи на . Спојлер
Ауу почнуваш да ми недостигаш. Дај знак дека си жив и дека некаде во твојата сива мозочна маса се наоѓаат очите мои малечки и кафеави од таа ноќ
Би и’ кажал... Всушност, има толку многу работи што сакам да ти ги кажам... Но ќе почекаат до некој друг живот и поубава реалност, кога и јас на еден друг начин ќе ти значам тебе...