Преку глава ми е од тоа да гледам конкуренција во компјутерот! Старкрафт, воркрафт, сарворс, шо да е... Како би ви дала ќотек на двајцата!
колку најубаво си поминавме најубав еден мој ! значи мој и само мој ! тоа сите да го знаат сакам ! идам сеа малку со другарките на некоја пијачка и вечер ти доаѓам коа ќе се вратиш од излегување и ти и незнам незнам ај лав ју бејби
1.Извини. 2.Друг пат кога си на телефон збори а не слушај муабети меѓу мене и другарките. 3.Некогаш ми иде да ти речам носи се у три лепе сосе ... знаеш што впрочем ама ај културна сум. 4.Поарно да имаш начин да се искупиш за завчера и вчера, оти неќе да е на арно работата. 5.И како за крај, ако не се видиме вечерва .... имај убава вечер, исполнета со она чудното чувство кога нешто ти недостига - јас. Барем мојата вечер беше таква. До сега
ахх да можам да ти ја пратам текстот се ке ти каже http://www.youtube.com/watch?v=GDSfSV1f ... re=related
Ти благодарам за прекрасниот викенд....ти благодарам за целата љубов која ми ја даваш. Си поминав прекрасно.... Во кратки црти, ТЕ САКАМ!!!
Странци. Не,ние не сме како јинг и јанг,спротивности па да се привлекуваме. Ние бевме како јинг и јанг. И се привлекувавме. О,и те како добро се привлекувавме. Но,своевремено. Јас совршено ја разбирав твојата тишина. И ти мојата. И си дишевме,ко будали. Но,доволно ни беше. Како мирисаш сега..? И каква ти е косата? Те заборавив. Не се ни сеќавам веќе. Дали уште си во потрага на среќата како тогаш или можеби ја најде... Кај отидовме душо моја... И ова веќе е минато. И ти си минато. И јас. И ние.
ЗНАЧИИИИИИИИИ, реши се. Еден ден е вака, другиот е така, третиот е нака. Јас комплицирана ? Нема врска. А како што гледам, моиве те бранат тебе, твоите ме бранат мене. Убаво, си играат мајтап со нас. Да да, јас и ти ништо не приметуваме, да да... Слепи и глуви за светот и околината. Мрш, ме изнервира, многу си ЧИКЕН! И тоа пржен чикен!!!
Фала ти најмногу што си во мојот живот. Фала ти што секогаш си ми поддршка во било каква ситуација. Фала ти што си преполн со разбирање за мене и моите луди мисли. Фала ти што секој ден ми го исполнуваш со многу љубов. Фала ти што си мој и само мој
Сонце сакам да разговараме пааа... стварно не знам како можи сон да те фати уште од полноќ. Сакам да се галиме додека ти раскажувам-верувам дека ќе бидеш пријатно изненаден од тоа што сакам да ти го кажам. Ми те сакам!
Само еден поглед ми требаше за да живнам. Да се вратам повторно во полн сјај...е за тоа ти ми требаш. Баш ваков каков што си. Твојот поглед врз мене и моето име на твоите усни, доволно. Посебни сме, дури и кога сме скарани. Затоа што сме јас и ти. Затоа што летаат искри кога се гледаме во очи. А очите кажуваат се, она што ти никогаш нема да го кажиш. И не мораш, гледам се во нив. Ама дури не изговориш се што треба ќе биди вака. А нема...знам. И ова што јас го пишувам тука, нема никакви шанси да го кажам. Гордост. Суета.