Лути се гајле ми е. Мене не ми одговараат твоите планови, а тебе не ти одговараат моите. И сега што праиме? Компромис? Важиии. По мое!!!
е баш ми е жал што вечер нема да се видиме злато мое!! ама ке те чекам ти работи си нема да те притискам иако го промени планот наеднаш не се лутам те сакам и прекрасно ми е со тебе!
И сеа шо? Ке се видиме вечер, четврток, петок, и сабота си на работа, од недела до четврток си за Србија. И јас шо? Како треба да преживеам 1 недела без тебе? Ама пак кога ке си дојдеш, за една недела ке заминеме на одморчееее. Е таму ке ти надокнадам.
It's just that ... nevermind. Страв ми е. А ти како да гледаш дека се плашам, како да чувствуваш ... ама не можам разбери ме појако е од мене ... Страв ми е а не знам ни да ти кажам од што точно ми е страв ... И имам триста мисли во главата, црни мисли, а сепак ти верувам бескрајно ... ама некако полесно ми е да ти се раздерам, да направам кавга ... страв ми е среќата да не не ни трае долго ... можеби затоа од пред време сакам да ја расипам и да направам да се караме ... бар да биде очекувано ако ништо друго ... А не сакам да се караме, сакам да трае, сакам да траеме ... Можеби ми е досадно па размислувам за се и сешто ... за глупости ... и баш тогаш ете си ... да ми ја вратиш насмевката на лицето ... Биди до мене. ОСтани совршен. Сакај ме. Ми требаш ... Те сакам.
Целото твое внимание кое е насочено кон мене, секој гест, изненадувањето денеска, ме прават исклучително среќна. Не ми се верува дека ова ми се случува, не можам да сфатам како се случи, како дојде до вакви чувства... А се што доби од мене беше мојата искреност и култура, благодарност и пријателски однос. И денес, по некоја си случајност, однапред испланирана од тебе, јас се чувствувам возвишено. Го сакам начинот на кој ме сакаш. А чувството дека сум сакана, ми помага да ги пребродам тешкотиите во моментов Ме правиш посилна, ме правиш личност која сакам да бидам, сигурна и исполнета. Во твоите очи гледам искреност и топлина, гледам љубов. Безрезервна, без скриени намери, без да бараш да ти биде возвратена. Не знам дали ќе можам да ти кажам те сакам, на начинот на кој чувствуваш ти, но во моите очи ти си ГОЛЕМ. Фала ти
Ако почнеш да ме нервираш ќе те тепам и после тоа вчера ако некогаш ме извараш ќе ти ја сршам главата, најсериозна сум.
Знам дека сега кога конечно ќе се видиме после 8 месеци се ќе биде поинаку.Ќе ни се вратат сите чувства со голем интензитет!Се ќе се воведе полека во ред.Ме сакаш,а те сакам и јас тебе.Ама сепак се плашам,незнам зошто точно но збунета сум,не знам точно што ќе помислиш за некои работи.Биди покрај мене,ти ми даваш сила,со тебе сум похрабра!
Срцеее паааааа.....па цел ден работиш.....ми фалиш. И ај јави се дали ќе доаѓаш ако не да се прошетам 2 чекори до комшии на кафе. И умарам знам, ама одбројувам уште 11 дена, аууууу.... плажа, море ....бре бре....шо убо ќе ни биде....Ајт така, те сакам у свет, и седни учи алоооо!!!
е зошто бе пријателче не ми дозволуваш на те посетам кога ке лезиш на клиника под инфузии и други лекови ке ти се налутам да знаеш ако ти си решил да изигруваш глувче за експерименти немам ништо против, твој зивот-твој проблем, ама барем дозволи ми да те видам и да те гушнам
Добро, значи во 3 и пол години воопшто не се научи кога е доста. Ми рече ОК, нема да ти велам веќе така. П.С. За една недела очекувајте копи-пејст на постов.
Ајде бе дојди си побрзо, доста работиш, сакам да те гушнам!! п.с. Сакам да заврне само за да не одиш да играш фудбал.... Знам дека сум лоша, ама си знаеш и ти каква сум
Добро вечер. Се извинувам што сум толку дрска и невнимателна со тебе, а ти толку многу се трудиш само да ми угодиш. Знам дека сум себична и од влакно правам фртома, сакајќи да избегнам кавга, самата јас ја поттикнувам без да забележам. Признавам ти си најдобиот човек што сум го запознала и жал ми е што сум толку тврдоглава и не попуштам. Ти смени заради мене многу работи, а јас едно обично ветување не можам да го исполнам. Sorry
уф колкав идиот си ти,ама не си свесен колку само секоја ситуација можам да ја свртам во моја корист,еве се увери,ах колку би сакала да знаеш како те мразам во моментов !
без никаков ред си уште спиеш, цела ноќ немаш око склопено, се ти е пореметено ! значи станувај веќеее, дебел еден... битно најубаво сме си поминале