Денес е денот срце...Е добро де добро знам дека има време до вечер...ама ете уште ситно броиме. Многу сум возбудена и многу се радувам.
Го засакав Peacocks прво поради тебе, а и поради тоа што ми кажа. Секогаш имаш 40 % попуст. Хуху што убо пораче, фала ти. Жена сум се радувам!
Има неколку црти во твојот карактер што ми предизвикуваат страшни главоболки. А и јас сум неподнослива на моменти знам.
Хмммм, да знаеш само што ти мислам......дури и на анонимен форум ми е незгодно да се произнесам по тоа прашање
Знаеш ли кај се 3 лепе ? Ако не знаеш и пи*ку матер ќе заврши работа Само право , лево кај семафорите и стигна
Значи колку си себичен !!! Оди сега , шетај ненаспано створение. Колку убава идеа имав за утре , е ќе видеме колку ќе ти ја кажам . Ма нема да ти кажам како сум што правам со кој сум не па нешто повеќе. Мршшш
Не знам дали да бидам среќна или да бидам тажна што ќе те видам во сабота, пред да си одиш. Иако не си до мене сега, полесно ми е кога знам дека си во Македонијава. И знам дека разделбата ќе биде уште поболна од пред некоја недела, ама нема да има плачки, еве ветувам. Зашто знам дека секоја нова разделба не носи поблизу до целта, денот кога ќе дојдам таму. Ќе биде и тоа за некој месец. Нервозна сум и создавам тензија околу мене, знам. Не се сакам ваква ама како да те пуштам да си одиш пред да ти го кажам пустото Те сакам? Кога би можело да запре времето, кога би можел да ги прочиташ чувствата преку моите очи, кои час сјаат од среќа во ноќта, час се насолзуваат... Сакам да те нацртам ама не знам како. Ама имам право да сакам. Вечерва ќе го цртам нашиот портрет... Спојлер Те сакам.
Проклет да си ти, а проклета да сум и јас зошто и после четири месеци сеуште се будам со помислата на тебе, копнеам по тебе, те сонувам тебе.. Ги игнорирам сите други затоа што се надевам дека ќе се променат работите, гаам некоја надеж која што одамна требаше да ја убијам. Сосема, ронка да не остане од неа. Проклета да сум затоа што не сум способна да те преболам, проклета..
Паааа ..не сакам да те засакам Сакам да ме засакаш Сакам да ce бориме на трева Сакам да ми зборуваш .. Сакам да ме гушнеш ... Сакам да се смееме како ретардирани : Сакам да се вратиш од одмор Сакам да решаваме задачи по математика Сакам да ме носиш ушка Сакам да ти удрам шамар, и да ми се правиш лут и како и секогаш да ме зафркаваш ! Сакам да те прашам зошто баш сега , дојде ти , и ми го oдвлекуваш вниманието ? Спојлер П.С Сакам да ми помогнеш да ослабнам некое кило!