Знаеш... се молам самата себеси да не претерувам. Се преколнувам. А кога ќе поминат некои 40 часа како не сум разговарала со тебе, некако ми е... празно. Ете каков ефект имаш на мене. И се надевам дека разговорот вечер ќе пополни бар дел од таа празнина. Разговор не со тебе, ами за тебе. И за тоа како ми развлекуваш топла насмевка на лицево, иако никогаш не сум ти го признала тоа.
мајсторче мое креативно .......се надевам нешто романтично ќе одбериш за поклон а не да ми речиш сама да бирам оти ќе те скршам море прекршсам
Сакам кога си тука, како клукајдрвецот што чука. Имаш ли вкус на вишна, или чуваш љубов скришна? Мој ќе бидеш топол или врел, те сакам малку по малку, но цел. Дојди со чоколадо или мед, само за тебе љубов имам, сладолед. „Што би му кажале?“ - многу феминки се запрашале. Јас немам кому што да кажам, сакам сладолед, нема да ги лажам.
Епа што да ти кажам.....Да, криво ми е што пак ме откачи за денес и одложи за утре. Ќе видиме за утре, има многу време до тогаш......милион работи може да се десат до тогаш!!! Утре сигурно ќе имам попаметни и поважни обврски отколку да се гледам со тебе. Најмногу од се ме нервира што имаме еден тон работи да ги разговараме и договараме, а ти вака ноншалантно се понашаш, и само губиме време за џабе. Ама ако.....и сам знаеш дека сум злопамтило. Не сакам, ама знаеш дека ќе ти вратам. И тоа уште утре!
Сакам да те слушнам! А знам дека не е возможно тоа до 15ти! Ми се здосади ова со поракиве! Дојди си во Македонија!!
Да ме слушаше мене сега не ќе беше болно. Не ќе беше нервозно. Ќе беше здраво и среќно. И ти ќе го добиеш тоа што си го „побара“. По можност дојди ми вечер. Послушај еден совет од мене: Слушај малку женски ум и ќе ти е полесно будало „моја“ !!
Извини што нон-стоп сакам да зборувам со тебе. Извини што се лутам кога ти треба долго време за да ми вратиш на порака. Извини што кажувам работи што можат да те изнервираат. Извини ако не сакаш да разговараш со мене толку колку што јас сакам да разговарам со тебе. Извини што мислам на тебе многу често. Извини што ти кажувам за моите бесмислени работи за кои не ти е грижа. Извини за мојата себичност.. ама тоа сум само јас кога ми недостасуваш.
Оф бее...што уште да ти кажам ? ШТО?! кога веќе секој мој збор е сувишен, не вреди..изгледа така ми било пишано... и да знаеш грешиш премногу што така постапуваш...што самостојно донесуваш одлуку за некои работи за кои треба заедно да одлучиме, зошто секогаш вака правиш, а подоцна се каеш?.. АХ..што ке правам незнааааам!.............се работи за недоразбирање, во гужва бев не се разбравме, не те излажав!...незнам што ли мислиш сега..но дозволи барем да поразговараме,ме познаваш доволно, знаеш и сам дека не сакам да те повредам во никој случај немам таква намера.. те сакам пре многу и дај барем да го направиме нашето, како што се договаравме...зарем сега да расипеш се? сега кога се ближи ДЕНОТ? НЕ, во никој случај нема да дозволам ова да заврши, не на ваков начин, без ниедна добра причина. ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ
Ме изненади тогаш и сеуште ме изненадуваш. Немаше шанси никакви да помислам дека ова би можело да ми се случува. Си се смеам самата на себе. Мислам на тебе во поголемиот дел од денот, не сум заљубена, но убаво ми е. Знам дека ти значам, а и јас сум на добар пат да се затрескам ако продолжиме вака. Па сега ти гледај да заебиш
Ми фалиш! Незнам што ти се случило! Знам дека не е намерно, знам дека не е лошо-така чувствувам ама сепак се прашувам како ти е таму, дали се смести! Ахх сакам да дојде 12 часот, да научам што се случува со тебе срце мое!