ЗНАЧИ неверојатно. Не можам уште да сфатам како може ПАК и ПАК и ПАК да ти се пика. Викам јас глупичок си на моменти, а бааги ти фаќа тоа кликерот... Ама неверојатно си глуп за овие работи!
Ах само како сакам сега да сме заедно, па да легнам мирно и да спијам како бебенце покрај тебе! Да те гушнам и да потонам во најслаткото сонче! Не ми се легнува без тебе бе срцеее! Не ! Не ! И НЕ !! Ми недостигаш бескрајно МНОГУ !! И уште повеќе ТЕ САКАМ !!
Повторо осамена ноќ, повторно помината уште една ноќ без твоите бакнежи, без твоите прегратки, без твоите нежни заљубени погледи.... Се прашувам кога повторно ќе бидеме заедно, кога ќе заспијам среќна во твојата прегратка (или пак ти ќе спиеш а јас ќе седам до тебе и ќе те гледам а ти ќе ме држеш за рака и секогаш кога ќе се обидам да те пуштам ќе ми речеш немој не оди си не ме оставај сам.. Помниш ли колку ни беше убаво ?) Се прашувам кога ќе биде тоа и дали воопшто ќе биде.... Повторно ја имам ставено маската сите мислат лесно мие, но никој не знае како ми е длабоко во мене... Не ми се јасни некои работи толку брзо ги заборави убавите моменти поминати еден со друг? Толку брзо исчезнаа твоите чуства кон мене или воопшто не постоеа? Ми требаш.. А ти ти не ни сакаш да слушнеш за мене.. Сакав само да те прашам како си како беше по пат ништо друго... Можам само да ти кажам едно огромно благодарам продолжи само така не одговарај на повици продолжи да ми го уништуваш животот а јас ќе продолжам да те сакам кога тогаш ќе сватиш колку вредам ... Те сакам тоа не го заборавај и ти ветувам повеќе не те барам штом не сакаш оставам на тебе ако некогаш помислиш на мене го имам истиот број јави се.. Веќе ми стана навика да кажувам тука се место да ти кажам тебе лично, но не сум јас виновна тоа е по твоја желба...
Уште некоја бивша да те адд. и да те замараше .. ова било било па небило се котат .. љубоморни ми се, знам.. малце олади со понашањево, плис. ЧАОО сеа за сеааа.
Не си легнувам додека не си дојдеш дома и не си легнеш и ти. Ако треба и до 10 ќе седам. Сакам да ти се јавам и да ти посакам убаво да спиеш, сакам јас да бидам последното нешто што ќе го слушнеш пред да заспиеш. Spoiler Абе јас најмногу би сакала да бидам со тебе сега, ама... Ај за некој ден
Доколку побараш да те чекам до последниот ден од мојот живот, би те чекала, зошто секој ден од мојот живот без тебе е последен! Те сакам и ми недостигаш, едвај чекам да те видам повторно !
Готово. Ова беше крајот. Не ме занимаш ни ти, ни твоите стомачни ( ), ни со кој све си се сликал. Можеби уште ми значиш, но не сум глупава веќе. Нема да трчам по тебе, нема. Нема веќе да ги играм тие глупи игрици за да ти докажам дека ми требаш. Нема. Крај. Избришан си. Комплетно. А кога ќе ме побараш, нема да бидам тука за тебе.
Зошто не ми се јавуваш море? Бар кажи ми дека работиш и не можеш да збориш. Колку гласот да ти го чујам беее
Waiting for tonight, When you would be here in my arms Waiting for tonight, I've dreamed of this love for so long. http://www.youtube.com/watch?v=8MnwKvvDcxQ
Ти си крив. Ти си бараше беља. Јас не те терав. Ти така си сакаше. Се фати со мене на оро, е сега ќе го доиграш и А ќе речиш. Маљо мое, просто, наивно, слабо... Ќе те јадам.
Ти си почеток и крај. Ти што ме разбираш без да ти прозборам, ти што со поглед ме смируваш и ми ја враќаш енергијата. Само сакај ме, многу ми треба треба твојата љубов. Од кога се појави ти, јас сум друга личност. Подобра, посигура, посилна. Не знаев зошто дојде таа вечер сега знам и те сакам уште повеќе. Нема што не би направила за тебе, и сакам да знаеш дека се што правам го правам зошто сакам, не за да се оддолжам. Што и да направам не би било доволно да ти се оддолжам. Ти ја должам целта љубов на планетава зошто ти си личноста што ме врати во живот. Те сакам.
Денес конечно собрав сили и ја отворив кутијата. Кутијата-розова и коцкаста, доволна да ги собере нашите 4 ипол години. Сите спомени, сите сеќавања, сите насмевки, сета болка, сето разочарување, сета надеж .... Ги гледам сликите, ги паметам моментите кога бевме деца. Ги гледам сликите и се чудам како времето на нив сеуште стои, а ти и јас сме толку променети. Годините, случувањата, проблемите не изобличија, не нагрдија. Ти и Јас. Двајца што треба да се сакаат. Двајца што требаше да останат заедно. ЗАсекогаш! Тогаш зошто сите овие работи се во оваа кутија? Зошто дозволи да се навикнам дека отсега ќе те нема, па повторно се појави? Се појави поинаков, со љубов во тебе. Љубов што ја немам почувствувано претходно. А зарем можеме да ја залепиме искршената чаша, ќе можеме ли повторно да налееме вода во неа без да истече водата од процепите? Ќе знаеш ли некогаш колку голема е мојата љубов? Толку голема што ти ја давам сета слобода на овој свет. Јас сум само ТВОЈА во овој безличен свет, а ти, ти остани доволно долго колку што ти е потребно. Знам дека нема да трае вечно, знам дека нема да можеш да се спротиставиш, а и неможам да го барам тоа од тебе. Тие се твоето семејство, луѓето со кој си пораснал, премногу себично е да барам да им го завртиш грбот. Остани се додека не собереш сили за нов почеток. Јас сум тука за тебе. И јас имам нешто. Тука е кутијата за мене. Во неа времето на нашата среќа сеуште стои. Кој вели дека неможе да се живее од спомени?