Не те сакам. Не ми значиш ништо. Ти не ме сакаш. Не ти значам ништо. Сексот ни е д` бест евер. Толку. Е, зошто мислам на тебе? А зошто ми се јавуваш по 100 пати на ден? Ја утнавме, а?
Знајш... Ми фалит твоето шупливо главче во мојот скут. Ми фалиш на лежалката, во езероно, на патекана, на клупата, пред вратата, на прошетките... Ми фалет твојте зборој. Врати се. Биди оној што беше. Речи извини и продолжи. Ми фалиш, сфаќаш? Ајде смири хормони. Не биди таков. Јас те чекам. П.С. ... Ај не е важно..
Никогаш не сум те сакала повеќе од сега. Ти ме направи ова што сум. Сакам да потонам во тебе и да не се одделам. Некогаш претерувам и знам да си помислам дека не те заслужувам. Уф не, ти си целосно мој. Затоа што знам дека кога си без мене, ти недостига нешто.
Зошто не можам да престанам да контактирам со тебе, да те барам, да измислувам причини зошто те барам..зошто, кога ме повредуваш, кога секој твој збор ме сече, зошто? Толку ли сум слаба да не можам да си кажам, да, беше убаво, ама готово е? Значи сакаш да бидеме пријатели..и да се слушаме онака чат-пат, безвезе...Епа знаеш што?! мене ми недостигаш, ми недостига времето кога бевме само пријатели..ти велиш дека не ти недостасува ништо посебно...впрочем се' ми недостасува !!! ете тука признавам, мада знам дека и тебе ти е јасно, иако глумам лудило дека те сакам само како пријател. Ти мене не ме сакаш. Мазохистичка крв низ моите вени...
како тебе почнувам да се смеам. не сум в ред. ти уште помалку. машко битие. ме нервираш. и баш си ми убав. сеуште. и би ти рекла НЕ, ама со бакнеж. и како е сега тоа возможно. whatever. подобро ќе молчам и ќе те одминам.
Мислиш ако не вратиш на пораките, ќе избегаш или нема да ми дајш одговор, СЕ ЛАЖИШ,можи се лажам ако речам дека не ми требаш, се надевам дека овај пат ќе биди вистина, а јас стварно не знам ДАЛИ ТЕ САКАМ ИЛИ НЕ!
Ти доаѓаш и ич не ме интересира ич не те прашувам сакал ти или не така ќе биде ! чаооо. те сакам и !!!!
Срценце моее, јас се смрзнав дојди гушниме силно стисни ме до тебе за да примам барем мал дел од твојата топлина. Држи ме силно за рацете за да ми ги стоплиш, знаеш дека имам ладни раце и дека твоите од секогаш биле топли и секогаш ги топлеле моите!! ♥♥♥
Глупакууу најглупааав си те мразам сега ни во лице не заслужуваш да ти плукнам те мразам те мразам те мразам умри веќе еднаш
Фала што се фати во мојата стапица, фала што ми помогна да се одмаздам, фала што ми помогна да сфатам некои работи како навистина изгледаат. Ќе ја дознаеш еден ден вистината. Ќе ме запознаеш подобро. И да, во право си. КРЕТЕН СИ!
Очаен си, очаен си, ама претерано очаен си, и тоа се гледа! Ахам, се гледа! Па и пред сите... Заашо бе срце така, немој, па јас си продолжувам со расправија бидејќи не сум лузер, абе не е ништо лично, онака, сакам бе да ти покажам каков си, и каква сум! Ај сеа цркни!