Морам да се отворам, не ми е гајле колку ке е долго ова, ниту кој ке го прочита и дали ке ми се смее. Морам! Опинок сум. Тежок. Од оние од дебела свинска кожа што се полни слама со измет внатре. И се мразам себе. Па зарем ти толку фин и полн разбирање, заслужуваш вакви мои испади поради овој мој смотан период? Прости ми, незнам што се случува со мене. Верувај дека да не ми значеше најмногу, никогаш не би реагирала така за најобична работа, ниту пак би пишувала вакво нешто. Дете бев порано, незнаев да сакам, незнаев како е некој навистина да се грижи за мене, да ме сака и да го сакам па да знам како да се справувам со моите реакции. Се` ова е ново за мене. И гледам дека и сега сум дете, незрела, избрзувам и цмиздрам за се` што е поврзано со тебе. Да, јас што за смрт на најблиски немам пролеано солза, сум ја пролеала за тебе. И не жалам, заслужуваш. Никогаш во животот ја немам побиено ниту гордоста, мојата најлоша карактерна особина. Никогаш...се` до сега, и ако некогаш случајно налеташ на постов, знај дека искрено жалам за мојот дебилизам, на момент се ставив себеси пред се`, занемарувајќи ги околностите. Тоа што ти го пишав, не го мислев, ни најмалку. Беше тоа чиста фрустрација и барање внимание, никаква вистина во него, знаеш дека секогаш ке сум тука, кога и да ме побараш. Друго, незнам што да кажам. За миг пораснав и сфатив какво мрсулаво девојчиште сум била, и ти благодарам што и покрај сето тоа, ме сакаш и ме трпиш. You're one of a kind. Те сакам...
што можам да му кажам а да не е малку ти си причината за мојата насмевка! ти си причината што толку наеднаш созреав ! никогаш не би можела да поднесам (не дај боже) да те изгубам ! те сакам
Сакам да те видам! Посакувам да си близу до мене, да го осетам твојот допир, да го помирисам тој парфем, да ги впијам тие усни, да се почувствувам повторно сакана во твоите прегратки, да го почувствувам отчукувањето на твоето срце, да ги стиснам тие дланки покажувајќи колку ми значиш!
Како можев да те оптоварам со тежината на моето постоење...? Да,знам и јас сум тешка. И сурова за поднесување. Но ти ..
Би ти кажала дека си НАЈГОЛЕМО срценце на светот.. Ме оживеа, повторно сум заљубена.. Летам некаде, горе сум на небо, на седмо небо.. Ме правиш да се чувствувам посебно.. Ти благодарам
Ми рече дај да ти прснам еднаш за да мислиш дека секогаш сум до тебе. И јас седам тука и ми мириса, да, ми мириса на твојот парфем, јас мирисам на твојот парфем, ама не мирисам на тебе, не мирисам на твојата кожа, не мирисам на тој посебен начин на кој парфемот се шири од тебе, не мирисам на тебе, ама сепак, само едно нешто ме прави среќна, што утре ќе те гушнам, ќе те бакнам, ќе ги почувствувам твоите прекрасни усни и тој опоен мирис. Не мирисот на твојот парфем, мирисот на ТЕБЕ.
Денес го видов и не му реков ништо. Само му го направив ова фацуле , а човекот поцрвене баш вака , ама сега за сега нема ништо и поради тоа го правам ова цело време , се збудалив и јас со љубовта
Понекогаш си страшно глуп. Ама не можам да ти помогнам во тие моменти. Тотално непотребни ти се некои изрази кои ги користиш .... Знам знам, мани ти се и сум ги прифатила ... ама страшно е понекогаш ... Ми иде да се претворам во Круела Де Вил и да урлам урлам урлам со тоа лулето во рака или што и да е ... и на крај да те одерам. Од љубов. Глуп еден. А сакав само да те гушнам ... Damn it. Утре ...
Јас сум таа која е тука кога се смееш,кога се караш. Јас сум онаа што обожава да те гушка,што те гали и кога не осеќаш. Јас сум онаа која остава се за да биде со тебе. Баш онаа што знае се и пред да кажеш и тогаш кога не кажуваш. Да, јас сум онаа што со крената глава ги поднесе сите твои зборови. Јас сум онаа што секогаш беше ставена на втор план кога имаше некоја друга. Веројатно ќе бидам онаа што ќе плаче зa тебе при следната незгода,ќе го смирува ветрот,за ти мирно да спиеш. Веројатно ќе бидам онаа што ќе го вложи својот живот за некоја друга да ужива во тебе. Да ептен сум онаа будала И тоа највеќе ме боли Најмногу те заслужувам,а најмалку те имам...
дечко додека јас се нервирав,губев нерви и ни малку не помислував на моето здравје ти си играше к**** епа сега пријателче кога веке ме нема и те ставив на тотален игнор и неможеш ниедна информација да дознаеш за мене TE БОЛИ епа болиииии,јас многу добро го знам тоа ама дојде време да осетиш и ти и да научиш - НЕ ГО ПРАВИ ОНА ШТО НЕСАКАШ ТЕБЕ ДА ТИ ГО ПРАВАТ поззз до тебе дечко и сега мисли му ја ти јас со тебе завршив
знам дека никогаш нема да ми ја возвратиш љубовта... добро е што си признаваш дека си гад! можеш колку сакаш да се правиш голем фраер и да мислиш дека можеш сите женски да ги имаш ама тие сељанки од по 16 години некои дечурлани НИКОГАШ нема да бидат како мене! никогаш нема да ти го дадат тоа што јас бев способна да ти го дадам.. можеш да уживаш во слободата што отсекогаш ја имаше дури и додека беше со мене затоа што си толку неспособен и глуп !!