Ma shto da zelim,sve je tako daleko. I sad mi zao,sve bi opet ponovo. Moje ceste ne vode,NIKUDA Bez tebe!
Многу ме нервираш кога за нешто се прашуваме двајцата и кога ќе побарам мислење од тебе по тоа прашање и ќе ми речеш НЕЗНАМ! Ме вадиш од сопствената кожа бре човече, и најкриво ми е што отпосле ми шерифуваш дека не требало така. Па побогу бре, кажи мислење кога те прашувам што по ѓаволите ми викаш НЕЗНАМ?! Нареден пат ако речеш незнам и потоа се дрзнеш да ми солиш памет не одговарам за постапките. Или молчи или не ми се качуј на глава отпосле, зашто кога си бил прашан си молчел!
Би и’ кажал... Фала ти што ја прекина непријатната тишина меѓу нас. Едноставна си, а сепак со многу твои пораки и зборови ме смееш. Ти благодарам и за тоа. А, и да, една од животните цели дефинитивно ми е да сведочам на (барем) едно твое пијанство. Мора тоа, нема да си простам ако не се случи! De la part Nightwalker.
Ми се допаѓа она што го правиш и како го правиш. Слатко ме успа, послатко станав. Раскенкана и насмеана ко мало бебе. Убав тој. Заслужуваш на носе
ахх... посакувам оваа врска никогаш да не ни заврши ! знаеш најмил,еднаш бев повредена, но благодарение на тебе сватив дека во таа врска сум била во забулда,само јас сум сакала да успее.. фала ти за се ! ме научи на многу работи.. незнам како да ти објаснам.. да,ако некогаш не дај боже се случи да се разделиме ма ќе те задржам јас тебе.. дали си свесен дека со тебе созреав,со други очи гледам на животот,ах маче мое
Ти си тој што ме тера да се враќам од сите кога бегам тука си. Ти си тој толку добро јас те сфаќам го рушиш секој љубовен ѕид. Моите соништа – твои патишта. Ти си тој што во очи будиш пламен и поубав го правиш овој град. Ти си тој што со нежност топиш пламен од тебе душо чувствувам глад, се ќе направам да те зачувам. Ова срце најде лек ќе те љубам еден век, секој ден, секој час, да те гледам да те милувам јас, влегов без никаков грев во твојот свет. Верувај, премногу те сакам за тебе се би дала ме чуваш ко да си анѓел мој, анѓел мој, те најдов тебе љубов моја, сигурна сум ти си тој. ТЕ САКАММММ СОНЦЕ МОЕ !!!
Ти многу работи не примети и не ги научи кај мене. Почнав повеќе да ти значам кога почна да ме губиш. А сега можам да ти кажам дека други го приметија тоа што ти не го виде, и мило ми е. Ќе сфатиш многу работи некогаш, но касно ќе биде. Јас, јас сеуште не сум спремна да се впуштам кон друга врска, иако имав предлог. Ќе го поживеам малку животот сингл, затоа што вака се чувствувам прекрасно. Сега можам многу работи да надокнадам и да постигнам без тебе. Ќе се стремам кон мојата цел која ја зацртав уште пред две години, но откако бев со тебе ја подзаборавив малку. Овие денови те гледав почесто но знај дека повеќе не ми значиш како што беше. Би ти кажала дека правиш погрешни постапки според сознанија од други што ми кажуваат, иако јас ништо не прашувам за тебе. Биди поздравен ти посакувам се најубаво, и ова е последен пост што пишувам овде за тебе.
Кој би рекол дека јас, таа што стално мрзела лигавење и висење по телефони, сега едвај чека да и се јавиш и да и се излигавиш до колена. И после толку време, пак е исто.
еба..на сурова реалност веќе ужасно ми фалиш ...кој ќе чека наредна средба ах како ке правиме вака незанм ни јас
СЕ повеќе ме разочаруваш! Ако уште еднаш ми се развикаш заради тоа што не си наспан, не помислувај пак да ми се јавиш.
Имав лоша ноќ и лоши кошмари како последица на случката од вчера...лупањето на срцето ме разбуди пак и жими се да спиеше до мене ќе ти направев вакво нешто.Ама ајде помина сон било...мада ќе спијам мирно дури кога ќе го направеш тоа шо треба да го направеш! Сакам те знаеш ама престани да ми правеш такви стресови најсериозно мислам дека ми скрати неколку години од живото од стрес...ќе те тепам
Вчера си заспа за секунда каааако бебенцее и се надевам дека сабајлево пријатно те изненадив со ливчето што ти го оставив на маса во кое пишуваше ТЕ САКАМ си се насмеал слатко знам знам good luck денес со испитот ТЕ САКАМ