И многу игнор не ти беше на арно... Ти вратив 2х повеќе, дури и те откачив за на кафе... Ејјј што доживеа, такви игрици не палат кај мене... Знаеш она, изгубив интерес за тебе... Па сега ќе трчкаш како кучуле по мене... Знаеш што, сега ќе ти треба време за да ме освоиш пак, но тешко дека ќе ти успее...
Цело време сакав да најдам крилја и да летнам со тебе кон небото, а ти секогаш се обидуваше да ја оставиш мојата рака и сам да скокнеш во пеколот.
Фала. Не ни знаеш што ми правиш со ужасно мали ситници. Ти си мојот дебелко (најубав). Те сакам. Не од тука до небото по цик цак патека, не од македонија до австралија по било каква патека. Те сакам скромно со целото мое срце. Секоја патека од него, води до твоето срце ... и оп, те краде, во тешките, убавите, милите и не толку милите, среќните, тажните, досадните, збеснатите моменти. Секогаш, кога и да сакам, тука сме, постоиме. Ако се посомневаме, едно гризење не враќа во реалноста ... Мој си и среќна сум што те имам ... Спиј убаво мечок.
Кога гледам колку си очаен, ми се иде да ти дојдам таму и сите коски да ти ги искршам! Слааб си! И тоа ме нервира, иако причината сум јас. Стари трикови кои НЕ успеваат! Wake up! If u want me, come get me, simple as that! Stop being a loser!
не знам поќе шо да ти кажам! те сакам премногу, и стварно незнам шо да очекувам! сакам да те видам,барем на секунда,да те изгушкам толку силно и да не те пуштамм!
Ме изненади вчера со пораката. Нормално, позитивно Искрено, многу криво се осеќав.. Те сакам бее. Многу си добар. Се гледаме вечер.
Ме плаши оваа љубов кон тебе.Се уште те сакам и не можам да се однесувам како ништо да не било.Џабе се лажам самата себеси а и другите дека не те сакам кога друга е вистината.Да,се уште те сакам со сета моја душа.Се секаваш кога ми рече дека нема никогаш да дозволиш да заплачам?Но ти ме натера да го допрам дното.Не само што плачам туку и го довикувам твоето име 24/7. http://www.youtube.com/watch?v=K_wvBvsItlw
Хм,хм, едвај чекам да видам што изненадување си ми спремил. Така несмасен и неромантичен, којзнае што чудо си смислил. И ако е само некој подарок од продавница ќе се разочарам еве волку |_________________|! А јас...епа јас се двоумам дали да се облечат секси подвезици и посекси долна облека... или сепак стандард?! Нешто ќе биде, видечемо до вечер Еј...а по кој повод ова?! И месеците ли ќе почнеме да ги славиме откога ни се разниша врскичкава?! Ај, нека ти биде, знам дека ти е мерак Еве ти една песна да се загрееш малку http://www.youtube.com/watch?v=hfgwrdYUQ2A
Дали вака суптилно и незабележително, полека ама сигурно се доближуваме до крајот? Дали вака сакаш да биде? Колку што може поболно ... моето срце крвари .... Среќен ли си? Јас не се снаоѓам најдобро без тебе. Лутам бесцелно низ патиштата без конкретна насока. Има ли крај, ќе заврши ли ова мачење некогаш? И зошто сепак несакам да те изгубам? Зошто твоето име е засекогаш жигосано за моето срце? Секогаш ќе те сакам, ќе те сакам и тогаш кога ќе ме нема во твојот живот. И тогаш кога ќе останам само бледа трага на споменот кој ќе избледнее со времето. Дури и тогаш ќе те сакам.
Знаеш што дерле едно ни ти не знаеш што сакаш.А јас веќе богами не се ни замарам со тоа е така да знаеш. И знаеш што?Тебе ти треба само една курва и ништо повеќе.само онака чисто за мување кога тебе ќе ти текне и толку од тоа.Никако немој да си фаќал девојка многу е тоа за бездушник и авантурист како тебе. Ете тоа си ти! И нејќам да те гледам веќе ни профилот не ти го отварам.Готово ЧАО.И онака завршивме веќе одамна.Па за сега другарка да ти изигравам кога ќе ти се свирне на тебе.Иди си со тие твои НАСМЕАНИ другарки. кхм кхм... и да ...уште едно ЧАО! нее не.ЗБОГУМ до никогаш!
Зошто верував дека ќе го одржиш зборот, зошто се радував дека ќе дојдеш? Зошто кога потајно некое црвче ми велеше не се спремај, не сакаш да го видиш. Ме разочара, многу!