Колку убаво изненадување... Прекрасен си... таков несреден, набрзинка дојден од работа за да ме видиш, цел изгубен со бројки, телефони и разни глупости...да, таков, прекрасен си.... И МОЈ!
Леле кај ти текна да ме адднеш на фб, не знаев дека постоиш, А ТОЛКУ СИ БИЛ УБАВ... Ќе сум се манијачела ако сум те знаела од поодамна
Вака сега ќе им изнакажам на едни тројца....ред се редат мале 1. Ќе видиш како ме научија момците од фемина, ај ај нема веќе трте-мрте тоа засега, а кога ќе дојдеш може ќе те силувам 2. Ти до кога ќе глумиш највечи фраер у маало? добро јака самодоверба имаш сфатив ама јас имам повеќе од тебе така да мачо мен не ми глуми - смешен си ми и НЕ нема да биде по твое 3. Леле што ти се случило тебе, не си ми веќе симпатија, додека не се избричиш
Не постои толку убав збор за да го опишам тоа што ти го предизвикуваш во мене... Секој ден е така, секој момент поминат со тебе за мене е богатство, и не ми треба ништо друго, само ти ми требаш да знаеш!
... Паднавме на тестот на љубовта и неможам да бидам горда на нас. Кога не успеавме да го изодиме патот, зарем е важно дали ќе ја завршиме претставата со поклонување?? - Овации! Да! - За нашата гордост, за нашето его, за нашата неспособност да ја прифатиме љубовта... ... Денес ти кажав Збогум .... веќе долго го претчувствував крајот, веќе долго во моите очи го прочита стравот, веќе долго молчиме ... Шшшшшт, не зборувај , го слушам твоето срце за последен пат. Во него сеуште живеам, но веќе утре засекогаш ќе ме снема. ... После љубовта останува навиката да налеам вино во две чаши. ПОсле љубовта остануваат празните улици, по кои некогаш чекоревме, остануваат песните кои ги слушавме .... останува празна мојата страна од постелата во твојот кревет, останува стравот дека некоја друга наскоро ќе ја пополни .... (Анонимус)