Знам дека синоќе го прочита одговорот на пораката иако не беше за тебе и знам дека се смешкаше што ме разбудивте
Не знам.. Што и да ти кажам пак џабе. Кога поминувавме низ лош период и кога се договоривме веќе на време да си кажуваме кога нешто ќе ни смета, за да не бидне поголемо после се сложи..Јас си стоев на зборот. Дури го погазив и мојот инает во некои ситуации, а знаеш колку ми е тоа тешко. Те зазборував прва, за да не биде дека ти си тој што секогаш ја смирува ситуацијата. Те прашав неколку пати дали ти смета што сум толку зафатена неделава, знаеш дека не беше морално да одам, можев да и речам не на жената иако знаеш колку ми беше преубаво, колку уживав и се пронајдов себе и полесна ми е помислата на факултет сега.. Ми рече дека разбираш, дека имаш разбирање кога не можам да ти се јавам кога ќе посакаш затоа што имам премногу работа. Ама знаеш што е проблемот? Што не си искрен, прво сам со СЕБЕ, па после со мене. Не ми кажувај друг пат дека не ти смета нешто, а после како гром од ведро небо добивам такво однесување. Нема да бидам цинична ниту пак ќе се карам, не се секирај, јас си стојам на зборот, ама да се лажам себе и да поминам преку ова ко да мал проблем, НЕМА. Ако е вака сега, само неколку дена што бев зафатена, што ќе биде понатаму? Штета што не можеш да се ставиш на мое место, да видиш како навистина изгледа. Кога работам по цел ден, немам време ни вода да се напијам, а за јадење да не зборам.. За на крај да бидам нападната за глупост. Не е фер. Не си фер..
Многу ќе ми недостигаш од петок до вторник, ама барем со твоите си, оди, ако. Битно ќе оладиш глава малце од тука, добро ќе ти дојде
СЕ ладам! Ми се допаѓаат други. Почна сега да се трудиш, но чувствувам залудно е. Вчера кога ги гледав моите на куп помислив дека ти никогаш нема да се вклопиш во нив. Ти не си таков, ти со повлечен, не сакаш муабети, смеења и денсања. Ние сме целосно различни, да дури не се ни облекуваме слично, ти го велиш тоа. Не знам, сега сум многу збунета.
искрено се надевам деке нема да се навлечам на темава ... ама верувај ми овде е местото каде можам да се испразнам .. се е исто,ништо не се сменило,ти чекориш по твојата патека како и до сега,а јас сум овде бе,сум седнала и како вол јадам .. знаеш би сакала да те навредувам и да викам по тебе да ти кажам дека те мразам и дека ми ги уништи сите планови,зошто не можам? дали и покрај се за разлика од претходниот ќе поминеш како светец? дали конечно можам да признаам дека преку врската со тебе созреав? дали се чувствувам задоволна што и покрај се нешто делев со тебе,или пак се правам будала и мислам дека сум доволно цврста за да продолжам? како после се да јас пак да седнам да испијам кафе со тебе? мислиш дека тоа е нешто како утеха? не! јас мислам дека тоа ќе биде залудно измачување.. добро е вака,нека остане,ти кажав,нема да ме боли да те видам со друга,небаре да не треба да бидеш сам или јас да се залажувам дека не си ме сакал доволно па после мене си фатил друга? не! ти кажав најди си некоја али немој бе некоја утка,сакам да си имаш некоја фина да знам кога ќе те видам со гордост да кажам да тоа е тој,видете го каква врска има после мене,а не да биде тоа за една вечер... него ама што има да ти кажувам бе? самата ли да се правам ненормална ? некои работи се посилни од мене.. не ветувам ама ќе се потрудам ова да биде моето последно писмо упатено кон тебе .
Мацоооо па ајде доста спиеш, стани да си играме нешто, досадно ми е... Мацоооо бе пааа, ајдееее ... Ајде нанкај, жал ми е да те разбудам, толку ти е мила фацичката додека нанкаш, право бебе си ми ти, мутаво мое
Јас само си ја кажувам вистината од реална гледна точка е така а ти можеш и до утре ако сакаш да се лутиш јас моето мислење не го менувам затоа што тоа е реалноста и овој пат сум во право јасно нека ти е по незнам кој пат .. !
Среќна сум и сигурна во твојата љубов. Што ми покажуваш секоја минута колку сум ти важна. Убаво ми е кога си покрај мене. И убаво ми е кога ми недостигаш. И кога знам дека сум ти единствена. И се убаво, преубаво, и одеднаш... моето променливо расположение и одвратен карактер се на сцена. Вечерва немам потреба од тебе, не знам, не ме сфаќај погрешно, не ми требаат романтики, патетики и изјави на љубов, не ми треба твоето присуство. Сакам да ми недостигаш и сакам да се прашувам каде си. Можеби сум презаситена, можеби сум толку уморна што не знам што пишувам, можеби сакам малку да апстинирам, да побегнам во мојот мал свет, сама. Убаво е кога споделувам тајни со тебе, интимни работи, работи за кои знаеш само ти, ама вечерва сакам да сум сама. Не е воопшто твоја вина, но ме гуши. Ме гуши понекогаш толку многу љубов, ме гуши некој да ме гледа како Бог, да сум му се, неможам да поднесам. Длабоко во мене постои страв дека ќе ја разочарам таа личност, се повлекувам, мислејќи дека не сум доволно добра и дека неможам да му возвратам со исти чувства. Но, ти си тој кој ми треба, ти си ми љубов. И немој да се изненадиш ако утре те чека некоја од моите пораки за добар јутар, зошто мојата променлива природа нема граница. Spoiler кажи ми дека неможеш да ме смислиш, можда ќе ми олесни
Пројдов со тебе низ сито и решето и денес дочекав нешто за што многу девојки сонуваат.... И како да не те сакам?! Те обожавам гомце мое!
ауууууу колку беше добар вечерва... мх мх мх. и мојата желба да потраеја подолго тие моменти, ја уништи. Spoiler серко еден