ах ѓубре едно на моменти ме нервираш многу ми иде да те утепам.. ама па многу те сакам како да те утепам!
колку си најслатко кога спиеш извини што те разбудив на кратко ама не можев да легнам а да не ти го слушнам гласот предходно те гушкам и бакнувам најсилно на свет
колку убаво ти звучи гласот по телефон уште кога ке ми пратиш бакнезчиња мх мх (едвај чекам да те видам, и да ти ги украдам сите само за мене )
Ѓубре си итоа моментално НАЈГОЛЕМО! 11 месеци наместо да бидам среќна ти види што правиш засрами се СРАМ ДА ТИ Е!
Ајде дојди дај ми една цунка? Мхмм...многу го сакам тоа! Само да не ми замеруваш ако ти краднам уште некоја цунка повеќе, важи? Слаткички ти се многу муцињата, не можам а да не ги грицнам Те сакам најмногуууууу!
Ме нервираш знаеш..многу ме нервираш Дојде таа и ми ги наруши мирот и спокојаството...Ме нервирате двајцата Ти со твојата опуштеност дека ништо немат да се десиит,А таа со самата појава
Колку повеќе личности запознавам, толку повеќе сфаќам дека не постои ништо како тебе. Ништо толку чуствително, нежно и деликатно. Ич не сакам да ме прашуваат како сум си поминала кај тебе! Никој нема да може да ме разбере!
Искрено мака ми е што не те запознав подобро, се надевам ќе имаме прилика некој ден, а знам дека мора да имаме. Па не сме толку далеку, а да знаеш, ако не беше случајност тогаш мора да го имало ова некаде запишано, башка и после два дена од ко те видов на небо видов ѕвезда кај што паѓа. Има нешто тука или само онака напразно си мечтаам и се надевам
Aко ти не ме расположиш не верувам дека некој друг ке успее Па дали ти тоа сфакаш дека ке ме загубеше ако продолжеше така?Дали ти тоа се промени кон мене?Ми се допага тоа,но...се уште нема да ти попуштам .Продолжи вака па можеби ке те наградам
Тоа што го имаме или имавме јас и ти, е преубаво. Ако мора да заврши, ако е крај, ако е само фарса, илузија на мојот креативен ум, или пак хипербола, ќе ме скрши. Ќе ме распарчи на илјадници парчиња. Болно е да се измачувам со денови и да се прашувам, како да чекам капка вода од тебе среде пустина. Со тебе ги допрев и врвот и дното. Имав љубов за која многумина сонуваат. Но ако мора да заврши, нека заврши. Подобро ќе биде и за двајцата. Подобро да останеме на тоа што сме, јас тука, ти таму. Зошто ако не заврши сега ќе биде уште поболно. Зошто го направи ова? Зошто си ги нареди коцките, направи да те засакам?! Не сакам да бидеш дел од мојот живот повеќе. Немам сила да се борам. Да војувам, да те повредувам, да ме повредуваш. Немаш идеја како е да си во моја кожа. СЕ поради трета личност, вмешана во нашите животи, иронично. Кревам бело знаме, цртам искрени насмевки на лицемерните лица, ставам точка на една најубава ептапа во мојот досегашен живот и врескам во себе. После се останува да ти кажам фала, фала што ме научи да сакам искрено и да отстапам од моите правила и норми. Да сакам безусловно и нештата да ги правам од срце, игнорирајќи го разумот.
Дека ме израдува што ми пиша. Пријателство си е пријателство, поголемо од се останато. Ах Београд и ти заедно со него, го разубавуваш секој миг. Елај си во Скопје кога ќе се вратам, како што кажа ќе разбиеме многу стереотипи..