Ми недостига блискоста која ја имавме..Ми недостигаат деновите кога по цел ден бевме заедно, скитавме на некои невообичаени места, се фотографиравме..Сакам да си посветуваме повеќе време..А чувствувам дека твојот однос кон мене се заладува.. Те сакам премногу..
Колку убаво си поминав вчера не можеш ни да претпоставиш. Ама верувај дека не можеш. Сакам почесто да ни биде вака. Уствари, сакам нон стоп да ни е вака. Ми фалиш во моментов, сакам да те видам. И да те слушнам.. ама јбг. Уствари Не не ај, нема смисла. Утре не те пуштам да знаеш ! ТЕ САКАМ !!!
Секој ден ме правиш се посреќна и посреќна..Со секој нареден ден те сакам се повеќе и повеќе. Фала што толку многу ме разбираш,инаку не знам што ќе беше... Те сакам многу душо моја. Ти праќам еден бакнеж за добра ноќ.
Да. Одамна беше тоа кога некој постоеше во мене и на кого му успеваше да ме направи таква каква што бев јас синоќа со тебе. Бев посмирена од никогаш порано. Повеќе не зборувам ништо. Нели се измори веќе? Од кога си отиде,не престана да ми шеташ по мисли. И така малку,ептен малку,ми недостигаш. And,yes,you do this...
Скршена Скршена сум се осудив прв пат да кажам те сакам... На некој што не заслужува но пијанство ете што прави а он као на далечина не може да функционира јас само сакав да биде до мене кога е тука... Ништо повеќе не му го кажав тоа и нема да му го кажам никогаш веќе нема да разговарам со него така одлучив ма да тоа ме убива сега само ми останува да го чекам денот кога ке можам да го видам а срцето да не ми заигра да можам да поминам покрај него како да е странец...
Зошто се караме за глупости?! Убаво ни беше, што сеа карање безвезе?! Мислам, дај...прифати го тоа што го кажувам и готово и онака единствено јас сум во право во ситуацијава. Што ни стана де, бог да чува, глупости. Аеее, а знаеш дека ќе пројде и ми го кажуваш тоа и пак. Боже, опрај не (ме).
Да ти кажам 100 пати извини нема да е доволно за сите мои викања на тебе и кога не си ти причина за истите. Само Господ ни е сведок и ние двајцата како ме трпиш кога се истурам за сите мои нервози на тебе, а ти ме слушаш и слушаш и секогаш ме слушаш. Се обидуваш ТИ да најдеш решение, а јас сум должна за истото. И знам дека ти е доста од ова мое однесување, сега кога го пишувам ова конечно се соочувам со моето дрско однесување. И ќе го сменам, и ќе се сменам. Немам ништо друго повредно на светов од тебе, затоа сум должна да се сменам и за мое, но и за твое добро. Луѓето доаѓаат и си одат, и не оставаат никаква трага, но ти си тој што секогаш е тука, и во добро и во зло, баш како во бајките. http://www.youtube.com/watch?v=Qomt79zS0tw Tекстов е наш. Спиј најубаво најмил. А јас ќе те разбудам наскоро за да ти го слушнам гласчето кое ме тера да вриснам од среќа што те имам. Уште еднаш, извини.
Ти само убаво спиј, а јас ќе го превртам светот за твојата среќа. Како што ти направи многу пати за мене.
Проклет да е почетокот на учебната година.. ПРОКЛЕТ ДА Е 1ВИ СЕПТЕМВРИ! ПРОКЛЕТО ДА Е СЕ ШТО МЕ ОДДЕЛУВА ОД ТЕБЕ !! ТЕ САКАМ И ЌЕ МИ ФАЛИШ НАЈМНОГУУ
и повторно го слушнав тоа од тебе ОД КОГА СИ СО МЕНЕ СЕ МИ Е ПОДОБРО! срце мое и јас се радувам на твоите успеси, и на оние што допрва ќе следат... знам дека ќе бидеме разделени неколку дена, но знам дека од местото кај што ќе идеш ке се вратиш како победник! Едноставно знам дека ТИ ИМАШ ТАЛЕНТ! а јас ке навивам за тебе, и ќе те поддржувам цело време, дали ќе успеам да дојдам со тебе во Белград навистина не знам, но и да не сум физички присутна знам дека ќе мислиш на мене... исто како да сум до тебе! Ти благодарам што и оваа ноќ ми ја направи прекрасна... аааааааа колку се имам јас заљубено во тебе сега ќе идам да ја читам книгата што ми ја даде мајка ти е и неа ја сакам многу! Срцка е!
...џабе се вадиш, уште те сакам, ама не си ги газам своите принципи. Извини, иако не верувам во извини.
Благодарам што си секогаш до мене, иако и двајцата знаеме дека го заслужувам тоа, но сепак ретки се тие како тебе.