Ајде иди побрзо да те видам немам трпени ни малку. Ајде се немаме видено убо од некни па ми недостигаш многу и тоа.Па и тој родендено што излезе сега што убаво ќе си седевме дома кај тебе а сега ќе треба да седиме в парк.Ама ако ајде иди ти само да те видам и нема врска кај и да бидиме убаво ми е со тебе бидеќи Те сакам најмногу најмило мое.
Ау бе. Се секирам. Се пилам. Све си правам. Ај кажи ми, ај ај ај ај ај ај ај ај ај ај ај. Те сакам многу.. и многу убаво ми беше прееска. Ок? Е.
Многу лош период, знам дека згрешив, ама и ти згреши и претера со карањето...се надевам ќе се среди се и многу чекам да дознаам што му значеше тоа „октомври“... во иста училница јас со другарка ми ти со 2цата другари а муабет да не праиме? Да не мислиш тоа до октомври за демек да ми дојде памет, или што? Дечко, освести се. Нема врска, да не претерувам и предвидувам, да дознаам прво што е работата околу „до октомври“. Спојлер Многу ми е тешко, мислам дека душата ми умира
Ееее што ти значи твојот долг пријател Не знам дали Господ слушнал или читал како се жалам овде, па ни ги споил термините за убава вечер Вчера беше одлично. Малку болно, после таа пауза, ама одлично. Само уште малку романтики сонце, и ќе беше уште посовршено. Но ајде ти простувам. Постевме. А сега ајде дома. Окапа денес на работа бре!
Знаев дека се ќе помине во најдобар ред. Џабе секирации и нервози ама од каде да знаеш . Те сакам, имај убави сништа .
Сакам да видам чистота во твоите очи. Да се огледам во нив , да кажам : Ова сум јас, не полудувам ! Ми треба спокој .. мир . Ми треба душевен мир . Тоа што го барам, можам да го најдам само во тебе. Гушни ме . Кажи ми дека никогаш нема да ме повредиш , дека секогаш ќе бидеш покрај мене. Кажи дека сум ти потребна .. Те молам ....
Си приметил дека во задње време ништо не ти кажувам? Со очи ти зборувам злато,ти секогаш можеш да ме разбереш.
Знам дека губиш контрола и ти не си ти кога си нервозен, ама...разбери дека и јас имам променливо расположение, имам и срце не заборавај И солзи имам за извоз, и тоа не заборавај. Ајде те чекам да се уклучиш и биди добар со мене како што си обично, најдобар...не заборавај дека се уште ти трае состојбата на афект... одлично те знам, затоа и ќе толерирам ако продолжиш со егото и да ми попуваш. Дали сега, или за некој ден мене ми значи многу кога ќе се врати се на старо, иако преферирам што поскоро, не можам да издржам вака, толку блиски а толку далечни не знам како сме веќе заради тие кавги и тоа твое его...и не се праи паметен да сум научела лекција, биди добар... И не крој планови и тактики, проѕирни ти се, ти ги знам однапред. Не го троши времето на попување и доведување во ред. Многу сакаш да командуваш
Ти најде да ми држиш лекции, ти што секогаш во животот се ти е сервирано во тацна, што единствениот напор кој си го видел ти е запекот. Дај олабави ме барем ти, не покаѓуваш разбирање и не се сочуствуваш со мене ако бараш да разговараме за болни теми, знам и самата сум свесна дека сум во г*мна до гуша. И во вакви моменти не ми треба разговор, треба да ме гушнеш така многу повеќе ќе ме утешиш отколку упорно да ме тераш да разговарам за теми кои ги избегнувам. Зошто не ме научи дека таква сум јас, штом заглавам молчам и ковам план како да се извадам, мразам лигавења и патетики, мразам празни муабети, сакам дела, сакам да одам напред а не да тупкам во место и кукам колку ми е тешко. Знаеш дека те сакам, знаеш колку ми значиш, знаеш на што сум спремна кога сме јас и ти во прашање, па во име на тоа почитувај ги моите зборови кога ќе ти речам "На таа тема несакам да разговарам." Многу добро знам што ми се случува и свесна сум за последиците, немораш баш и ти да ми триеш сол над глава.