Уф кај се најдовме, кај се запустивме? Да бе, на Сакам книги... Да не те љубам толку многу одма би те оставила. Штета што ова не е обична врска. А знам дека и ти да не ме љубеше со цело срце, веднаш ќе ме напуштеше сама без ич око да ти трепне... Па не си должен да трпеш толку помлада од тебе и некоја толку нарцисоидна и нестбилна. Ама ете...премногу сме блиски и заљубени. Па ќе се трпиме, ќе си продолжеме да се сакаме и ти ќе ме гушкаш кога ќе ти плакам...
Дека и покрај се, те обожавам. Дека покрај и сите маани мои, ти ме трпиш, ме бодриш, ме караш, ме љубиш. Ти си единствениот кој ме сака со сите мои маани, физички, карактерни. Ти си единствен мој!
Батка, поштено да си кажам. Ако отидевме заедно на ова прославава, па ќе ме фанеа улавите, па ќе почнеше раковското од мене да излегува, па емоции едно друго... За маж ќе те побарав, така си мислам. Арно си отидов јас, без тебе. Е, па сега, здравје за 25 години, ќе ти спремам сарпрајс.
Шетај, шетај....утре пак да шеташ, петок е нели, а задутре сабота нормално неоправдан ќе ти пишат ако не излезиш. Мој совет секој ден да се растуриш од шетање, понеделнички да почниш онака да тргни неделата, вторник онака за да загрееш за среда, среда веќе ти е ден за излегвање, а од четврток натаму викенд е . Ова сериозно ти го кажувам без грам сарказам и иронија. Па после злато нормално дека и ти ќе ме пушташ да шетам по истиот распоред. Само да заврши сесијата, па ќе видиш златце и јас како знам да шеткам. Море 8ми ден во неделата ќе измислам и тогаш ќе бидам излезена....само да ми заврши сесијата. А сега златце убо да ми си поминиш вечерва
Ти ветувам овде на форумов свечено дека викендов нема да те нервирам, нема глас да кренам, ќе бидам мирна како бубаче По се што си направил за мене, тоа е најмалку што јас можам да го направам за тебе. Те љубам
Рај и пекол, се во едно. Се додека сме заедно. Со стопроцентна сигурност знам кој си помина поубаво. И друг пат, пак глуми ... лудило со сила. Глупав низаеден.
на бившиот-ај не ме замарај олади малце на сегашниот е многу ме нервираш што си голема мрза ама ако ке те засакам со време
Ќе видиме кој ќе се смее последен и кој откако ќе се разделиме ќе продолжува пак на забава. Исто така боцкај си се на фејсбук со другарка ми ПРОБЛЕМ-НЕМА НИКАКОВ. Ама низ нос ќе ти извадам се да знаеш. Поголем инаетчија од мене нема. Поголемо злопамтило од мене исто така нема. И тоа за брзо ќе ти вратам за се. Неможеш ни да замислиш за колку брзо. Само тогаш немој да се лутиш и немој да бидеш изненаден. Поздрав срцка убаво да ми нанкаш
Она што ти мене еднаш...сончевина моја! ...Ти ме призираш од небото и од земјата, а мене никако не ми успева да ти кажам дека и мојата смрт започнува по твојата и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира мислејќи само на тебе ...
премногу напнуваш човек,олабави малку,.. ми се допаѓаат твоите комплименти и тие слатки зборови дека сѕм убава,згодна и се тоа...нооо олади малку не е интересно вака
те сакам љубов моја прекрасно помината вечер! И не очекував да ме поканиш да дојдам утре со тебе на тој настан, а ти најнежно што може ми рече дека ТИ без МЕНЕ не идеш веќе никаде, и дека гордо сакаш да си ја покажуваш девојката на сите зошто ти е најубава убаво да ми нанкаш најмило мое
С утре ти е тестот ако го положиш ќе се потрудам да не те пуштам од раце. Како ни сама не знам, ама еве ти кажувам. Ајт
Денес и да ме изнервираш... Знам дека претерав. Не знам зошто, ама мислам дека пак ќе ми го напраиш меракот!