Без зборови останав кога го прочитав твоето име на екранот од мобилниот Ни на крај памет немаше да ми падне дека ќе ми се јавиш. Си претпоставував дека ќе ми вратиш на пораката.... ама да ми се јавиш?! Ме изненадуваш, пријатно ме изненадуваш. И ете конечно ти го чув гласот како што треба, конечно слушнав како твоите усни го изговараат моето име, слушнав како се смееш... оооооо денес ме направи најсреќната и најиспревозбудена девојка на светот, да знаеш. Само за беља си Очекувам и знам дека утре пак ќе ми се јавиш. А до тогаш да ти држи
Мило ми е што сега разговараме како стари пријатели, сакан мој. Никогаш не бевме повеќе од обични луѓе кои се сакале. Ставивме крај пред почеток. Енигмата проклето остана енигма. Сега сум со него, а ти со нејзе. Се разминав со сите наши сеќавања на една платонска љубов, позрела и посилна овој пат, без тебе. Сега си ми само драг, некогаш љубен повеќе од себе. Горда сум што беше дел од мојот живот, што ми го запираше и регулираше крвотокот, создаваше и рушеше, ладна пот и грчеви во стомакот. Важен дел со кој се осознавав и растев. Никогаш не го извалка. Ти благодарам.
оваа ќе му ја изрецитирам....само во машки род http://www.youtube.com/watch?v=5SRf3B2A ... re=related
ми недостигаш премногу,ама некогаш мислам дека не ме заслужуваш. можевме да сме заедно и да имаме се,ама еве вака нека ти е. ќе те заболи и тебе еден ден.
Доста ми шеташ низ мозок, не те заболеа нозете?! Ај доста е, скарани сме веќе 2 месеци, ДОСТА ТИ Е да си ми во мисливе! Ај шетај
има моменти кога размислувам цел ден. мислам дека веќе се е готово.. дека ти го сакаш тоа. тогаш ми е најтешко, срцево се кине. ама денес.. денес бев најсреќното суштество додека бев до тебе.. и да, еден саат траеше тоа, но се чувствував како only girl in the world. те сакам малечко
Ај нека дадат Барселона гол, сакам да те слушнам. Интересен си ми многу. И кога се нервираш и кога ми се правиш важен. Хаха, сонце мое. Те сакам бе. Само ако ти изгубат... абе душата ќе ти ја извадам, е така да си знаеш. love you.
а што да му казам јас кога гледам дека не е тој што беше,не сме во последно време толку блиски мозе да се казе дека и немаме муабет за правење кога ке се видиме некако монотона и досадна врска а од моја страна премногу нервоза а од негова опуштеност... сакам уште еднаш да му доказам дека го сакам и дека несакам се да заврши. ај ве молам некоја убава порака мисла или дел од писмо било што сакам да му напишам да свати што сме направиле и што губи
Ме нервираш и ме напнуваш! Со сиот хаос околу мене ти треба да бидеш моето прибежиште, мојот мир спокој и среќа.. а ти... ти ме убиваш. Прекини и порасни веќе еднаш!!
Детиште невАспитано си ти така да знаеш, незнаеш да цениш ни трошка од она што го добиваш од мене!!! Малку ми е, треба уште полош да бидеш да сфатам конечно дека не си ти тој што ми треба во животот.