Приметувам дека ако покажам најмало чувство спрема тебе, ти се повлекуваш... Не сум некој голем искажувач на чувства, така да не ми смета тоа... Јасно ми е зашто си таков, животот не те сакал.... Ама јас те сакам!!!!! И кога ќе те прашувам кај си до кај си и кај ќе одиш, не сум љубоморна и радознала туку зашто се плашам за тебе прашувам, гомно едно... И денес сфати дека ради тоа се грижам и ми се смееше???? Колку и да ти играм dirty little love games сепак за тебе се грижам гомно едно... Страв ми е дека ќе умреш од умор еден ден... Дека од неспиење ќе заспиеш возејќи.... Дури и да се разделиме, знам дека си тука за мене, ама што ќе правам ако НИГДЕ не можам да те најдам??? Сфати дека сум загрижена, дека ти го гледам темпото на живот, не јадеш, не спиеш.... Јади, спиј и одмарај се, гомно едно, со тоа покажи ми дека ме сакаш, а не со гушкање, лигавење и романтики!!!!! Редактирам: И намали со кафињата и цигарите.....
Потруди се барем малку, знаеш можеби не си почувствувал до сега,но...секогаш постои шанса и ТИ да ме изгубиш мене, не само јас тебе!
Денеска сакав да ти кажам дека имаш нов конкурент,и дека ми годи тоа.Но никој не е како тебе,никој не успева да допре до моето срце како што го правиш тоа ти
лелеллеле ставаш нов режим само ако не го почитуаш ти само да знаеш мене ми одговара а ти мислиш во минус ке сум хаххахах се лажеш убаво викаат дека кога мислиш дека си зезнал жена си се зезнал сам себе ...... срекно ....хаахахаахах менувам име во ЗЛОБНИЦА
Си купил карта пред 2 дена и денес ми кажуваш, онака низ муабет дали ќе те чекам на аеродром??? Луд ли си? Знаеш дека месец дена те немам видено? А бе не можам да заспијам од возбуда...почнав да одбројувам. Те сакам до Месечината и назад до Земјата
Да даде Господ да ти го бричи баба со Паркинсова болест. А ти злато, ќути си трај си и обожувај ме, да не те затепам со сукало.
АААААААА колку беше најсладок прееска кога ме пречека кај тебе! Обожавам кога ме гушкаш толку силно, како да се немаме видено 2 недели а не 1 ден =) и ми се допаѓа новиот прекар БЕБУШ. Ми го правиш секој ден посебен... фала ти што постоиш и што си дел од мојот живот. Чудна работа до сега не сум размислувала за иднината но сега не сакам ништо повеќе од тоа само да останам со тебе ЗАСЕКОГАШ! ТЕ САКАМ
Пак не можев да заспијам, а пробав. Али кога не иде, не иде. Ќе пробам некој саат покасно кога сите ќе ги испратам од дома Кога си легнав, ме фати пак некоја криза по тебе, ги знаеш тие моите кризи кога искажувам оти ми недостигаш, иако секогаш е така. Е, ваква криза имав, и уште имам. Сакав да ти пишам порака, али знаев оти ќе те разбудам .... и се откажав од таа намера. Сакав моментално да си до мене, и да ме гушнеш со тие рацете и да осетам дишење по вратот, попратено со некое нежно . Знаеш, те сакам. Затоа никогаш не сум задоволна и мислам оти сум можела повеќе да искористам од тебе , мада мислам оти никогаш нема да го извадам максимумот, бар онака како што сакам јас. Јбг, перфекционист. Никогаш задоволна. Знаеш дека само тебе ти се радувам во последно време? Мислам оти знаеш иако не сум ти кажала. Ме читаш ко селски буквар, па можеше да приметиш. Може не сум толку исплашена како лани, но пак ја имам таа трема. Страв ми е секогаш од нешто ново, од нешто непознато, од некоја промена ... Имав страв дури и од запознавањето со тебе, но немам повеќе. Иако уште се тресам неколку минути пред и после откога ќе те видам , али добро, да кажеме тоа е нормално. Не сакам да се чувствувам пак осамено таму, едвај да чекам да се вратам дома. Али знам дека нема. Сега те имам тебе, кој го сакам најмногу, и кој ми е најпотребен, кој ме смее, и без чии витаминчиња се осеќам ко болна. А и флегмата ќе биде таму, знаеш колку го сакам. Една од најомилените мои личности, кој ќе ми го дава тој јужниот шмек и ќе ме потсеќа на дома. Не те вбројувам тебе во омилени личности. Ти немаш никакво рамниште со никој. Ти си ми онака, посебен дел, оној најгоре, или оној најдобро чуван и најсакан. Гледам колку сум зацапана кога го пишувам ова , али океј е, ти си ми најубав подарок што сум го добила И да, бидејќи јас сум го имала тој посебен шмек што ме дели од другите, тоа знаеш што ме прави за тебе? Уникат И да, ти го имаш истиот тој шмек за мене, а и знаеш дека си посебен. Тоа те прави знаеш што? Уникат И да, сума сумарум, можеби за другите во нивниот живот сме просек, но тикво, во ова меѓу нас, во нашава приказна, не сме ништо помалце од уникат, е така да знаеш
Те молам престани да пееш ми ја пукна главава сабајлево. Да, имаш грд глас не сум ти крива јас туку мајка ти. Не не не се лути тоа е вистината.
Знам дека чувствуваш страв, верувај го чувствувам и јас... Знам дека те мачи неизвесноста...ме мачи и мене... Знам дека те плаши резултатот...ме плаши и мене... Уште повеќе, мене ме боли и твојата болка, ме боли и твојот страв, загрижениот твој поглед ми го пара срцето, ме боли што знам дека те боли и мојата тага... Но те молам, немој, немој да ме штедиш, потпри се на мене, пушти и солза, раскажи за стравот, покажи слабост, овој пат јас ќе бидам силна...ти должам и многу повеќе од тоа... Те сакам
Порано кога ќе сме се закарале ми било криво и сум плачела, а сега веќе ништо од тоа. Тебе ти е жешко да дојдеш со кола, а мене не ми е жешко да идам со автобус нели ? 30 минути да се клацкам по ова жештиниве, башка и луѓе од работа искачаат сега, не бе ич нема да е топло во автобус и нема ич гужва да има, баш ќе е онака тамански .
Да не не урочам ама фина е атмосферата овие 2 дена . Се надевам дека така ќе остане и во наредниов период .
Кога ќе ти речам дека сакам да зборуваме сериозно, не мислам да ми го раскажуваш целиот ден од тоа кога си станал, како си станал, дали си го мочал капакот од шољата и дали гаќите што ти ги оставила мајка ти се смалиле од перењето. Мислам.. Сериозен муабет значи сериозен. Без никакви отстапки. И само ти можеш да отидеш од една крајност во друга, прво трескајки милион шитови и неповрзани работи, а потоа да завршиш цитирајќи го Достоевски или снабдувајќи се со некој огромен израз од некоја си стручна литература. Ало бре!! Ама ајде, јас тонам во твоите очи, ти тонеш во моите.. будали сме и двајцата.. тепсии.