Иако можеш да скршиш стакло со твоето смеење, јас ти го обожавам. Ти си ми едно весело, позитивно суштество што ме полни со енергија. Самото тоа што знам дека сум те освоил, и еве те задржувам во мојот живот, јас имам мир. Мир кој ми покажа колкав ми бил немирот пред тебе. Можеби сеуште ни е рано за избрзани маневри и смели ветувања, но еве јас ти ветувам. Ти ветувам дека ќе го добиеш најдоброто од мене. Дека се ќе направам да бидеш среќна. А ти? Што и да направам, ти на крај успеваш да вратиш двојно, тројно...Мало, кревко суштество со срце поголемо од неа, и повеќе сила од мене. Ете тоа си ти. Во најкратки можни црти. Заслужуваш ти многу повеќе од кратки црти, но знаеш дека не сум добар на зборови. Знаеш и ме разбираш. Имаш разбирање за многу мои маани. Јас само ќе оставам делата да зборуваат место мене. А ти? Ти очекувај да бидеш карана и критикувана затоа што ти го мислам најдоброто, затоа што нема да дозволам некој да прави будала од моето девојче. Очекувај да бидеш сакана, мазена и разгалена, опсипана со љубов, внимание. Очекувај да ја имаш сета слобода што ти треба. Очекувај дечко што ќе биде само твој. Затоа што идиотов тука и не знае поинаку
Што и да решиш да направиш секогаш знај дека ја имаш мојата поддршка. Не ми беше лесно воопшто додека те прифатив онаков каков што си. А, сега увидов дека не би можела со тебе дококлку би бил поинаков.
Срце мое убавооооооо како се грижеше за менеееее а јас па не можев да стојам на нозе ах колку ми беше прекрасен бе душичке Да знаеш дека сакам цела вечер така да заспивам во твои прегратки и да се изгубам.. па јас да те гњавам а тебе да ти се спие па послем сабајлето ти мене да ме гњавиш Само следен пат "Make love to me" Те сакаммммммммм
Ми фалиш бе! Два дена те нема и ми фалиш. Ајде враќај се побрзо, сакам да те видам, и гајле ми е ако пак не пробаш ништо, јас ќе те лапам на сред плоштад! Аман веќе
спреми ми се злато, за некој ден ти доагам на гости многу ме интересира твојата реакција ако те начекам дома, ако не директ на работа од мене ти нема спас како и да е , јас и ти мораме да разговараме, ако треба ке те најдам и под дрво или под камен, и за кревет ке те врзам ми недостигаш, сакам да те видам
Од ден на ден се помалку и помалку мислам на тебе. Далечината си го прави своето. Ако прекинеме и со визуелен контакт за брзо нема да знам ни дека си бил дел од мене. А несакам да те изгубам
Планирав нешто друго за вечерва знаеш? Ми е криво и ми се плаче.. Не си ти крив во никој случај, не сум ни јас.. ама ете. Ќе си легнам рано вечерва. И онака денов ми стана ужасен. Те сакам.
Те чекам да се јавиш, да бидеме заедно барем неколку часа... Сакам да те гушнам толку силно колку што ти ме гушна прееска кога се видовме Mи недостигаш