Оф, шашма ме направи, ме измикса како со миксер, како жолчка матена ми е главата. Убаво ни беше, и мене, а богами и тебе. Како разговараме и разговараме... и наеднаш ќе замолчиме, поглед кон езерото кое ни беше на дофат, па еден поглед меѓусебен.... и јас ќе се насмевнев широко, а од моето смеење и тебе те префаќаше. Како ме скокоткаше намерно додека седев со чашата в раце, како ми ја допираше дланката обидувајќи се да ми демонстрираш нешто, а всушност целта друга ти беше... Како се обидуваше да ме изнервираш затоа што за тебе сум едно малечко и луто суштество кое те фасцинира со својот брз карактер и како ги забележуваше и најмалите детали кои ни јас самата не ги забележувам некогаш. Како чекоревме еден покрај друг, среќававме многу лица и им правевме филм дека продолжуваме некаде заедно... кога и самите знаевме дека некаде ќе мора да се разделиме Како застаневме да си речеме „Чао“ и да се поздравиме исто онака како кога прв пат се видовме, а наместо поздрав бликнаа бакнежи без крај. Врели бакнежи, грицкања усни... моите дланки на твојот врат (уште долго откако се разделивме рацете ми мирисаа на твојот парфем), твојата десна на мојот, а левата на мојата половина, со која нежно ме поткреваше и ме повлекуваше накај себе, да ме припиеш, да се стопам во тебе. Ах... ќе ги бројам деновите дури да те видам пак. Патем, би му кажала дека има добра задница, дури подобра и од мојава, ама нема. И онака не е скромен, уште тоа му фали Уф
Малии ете направивме и муабет по телефон кој ако не бев јас немаше да се деси оти ти си малце забегантус...и ајде бе човеку колку време ќе те чекам да ме поканиш на кафе оти на крај јас ќе те поканам оти очигледно е кој е машкото помеѓу мене и тебе
АБРЕ ТИ!Е многу си идиот бе. Пушташ муабети па нигде те нема. Само ако не си ми пишал Хахах се заебавам бе, знам дека не те заболе таквото за мене, искрено ни мене за тебе, само те имам онака пост-раскинување намерачено. Еднаш бе срце, еднаш? Дај му на човекот
Се што сакав од тебе вечерва беше да поминеме повеќе време заедно,оти се немавме видено цела недела.Ама изглеа ти си бил за покасно закажан со другарите.Уште си земаш за право да ми се налутиш ако ти речам нешто.Ма стварно не си фер.Три дена од кревет не станав болна беф и сакав со тебе да помина вечерва,а ти си се договараш со други.
Не знам веќе што да мислам. Тотално ме збуни со она од синоќа. Ми треба време, ама и сакам да те видам.
Извини. Ама верувам ја знаеш мојата причина за нетрпеливоста во вакви ситуации. Таква сум, што да правам, а и ми даде причина да бидам скептик. Сепак те сакам. И секогаш ке те сакам. Sorry
Кај те сретнав кај се запустив?! Се надевам ќе те видам некогаш пак, не мора да те запознаам само да те видам Не ми е гајле колку лигаво и патетично звучи ама се би дала да те видам пак така да се насмееш(се стопив ). Ааабееееееее сега пошто си теле ќе се бедирам со сед лав сонгс !
Мачор едвај чекам да дојдеш вечер, да ми го разубавиш денов. Да те гушнам и да ми помине се.. И да, се сеќаваш ли на сликава?