Кога бе ќе помине тој месец еееј не минува тоа време бе застанало...се гледаме сонце на кулата... да да таа кула кое изненадување те чека не си свесен а ни јас не сум свесна дека тоа го правам,ти магија направи? уфф колку ли сум сменета немозам да се препознаам а и ти не верувас очигледно усте ти е како во сон... ајт добра ноќ
Два дена се немаме видено и по телефон само истите муабети ги вртиме. Досадно ми е веќе. Утре може ќе се видиме, може не... Се зависи од ситуација
Ја мразам оваа празнина во себе. Иако мислиш дека веројатно копнеам да ја пополнам што е можно побргу со некој кандидат, во заблуда си. Ни ти веќе нема никогаш да бидеш тоа делче од сложувалката, после толкав влог ќе останам трајно со дел кој недостасува тоа е веројатно цената на екстремностите кои ги барав и добив од себеси и од нас, барем до некаде. Всушност јас и не умеам лесно да поминувам низ тоа да вметнам нов човек во својот живот, цела таа драма околу запознавањето ми е макотрпна повеќе отколку што било кој би претпоставил. Бидејќи запознавањето не е само глупавата размена на тривијални податоци од сувопарни факти туку да учиш да бидеш споен со некој кој е различен од тебе, а тоа бара толку труд и првенствено волја. Се чувствувам толку невешто да поминувам низ сето тоа ваква, емотивно оштетена и не, тоа не ликуваат годините поминати со тебе, туку перспективата на тоа како јас да и‘ укажам доверба на таа лавина од чувства во чие себепредавање може да се пеплосам повторно. Од друга страна и не посакувам осамен крај за себеси, иако тоа ретко го признавам било кому имам и премногу чувства во себеси за да останат заробени во мене. И знам дека би ти предизвикало подбив тоа што не знам што сакам во моментов, но тоа е вистината. И ќе осамне ден кога ќе знам, без разлика каков епилог ме очекува.
There's nothing like you and I baby....this is NO ordinary love... http://www.youtube.com/watch?v=_WcWHZc8s2I&ob=av2e
Кога ќе решиш да ми покажеш љубов, јави ми се. Можеби уште ќе го користам истиот број на ВИП и ќе имаш бесплатни, јес.
Ми ги расцветуваш врвовите на косата. Ми ги пожолтуваш забите, ми ја сушиш кожата и ме тераш да кашлам. Ми ги топиш цигарите во млеко, ми продаваш ориз со мушички и ме убедуваш да сакам блуткави лубеници. Ме туркаш од мост и ми се смееш дур паѓам. Ми ги расипуваш кочниците на колата, ме праќаш во сигурна смрт, а очекуваш пак да се вратам. Да ти се вратам. Колку повеќе ме пикаш во ендек, толку повеќе сакам да ти доползам назад во постела. Секој пат кога ја вртиш главата кога сакам да те бакнам, толку повеќе ги ценам прегратките за кои не ме штедиш. И влечењето за коса, и гребењето по ѕид. Ти си парадокс сам по себе, ме множиш со нула а сакаш да заспиваш во мирисот на мојот парфем. Овојпат ќе си одам и нема да се вратам. Нема да се свртам и да ти ја видам насмевката од олеснување што ни ти нема да ме видиш мене. А ме сакаш. А те сакам. Нема повеќе да те чекам во 3 наутро. Нема да си ги грицкам ноктите од нервоза и ќе почнам да уживам во матната слика што ја гледам во огледало секое утро. Ќе си ги протријам очите, сочно ќе те опцујам за непроспиената ноќ, и ќе си го почнам денот како што доликува. Со кафе и цигара и со сознанието дека летото заврши, а ќе завршиш и ти.
Ти ќе ми правиш вечера ????? Па не си нормален !!! Едвај чекам 19 часот да видам што чудо ќе биде Те обожавам
Шта чу ти ја анџео без крила Никад сама, а вечно ничија.... http://www.youtube.com/watch?v=xcjL90BFHrI
Најчесто не сум свесна колку сум пресреќна што те имам во мојот живот... Потсетувај ме почесто, вака како денес!!! Те обожавам не е доволно за да објаснам што чувствувам. Прекрасен си, паметен, за мене најубав... Ми се погоди калапчето... Ти си мојата ПОБЕДА! Ти си моето ЗЛАТО!!!
на еден бивши од поодамна ДА со друг сум, и заљубена сум ако баш те интересира! епа кој те натера да ме изгубиш па сега да си ја трескаш главата од земја.. и престани преку други да се распрашуваш за мене! стварно не ме интересираш мораш да сватиш ти помина времето на тебе А стварно жално! многу очекував од тебе Но сватив дека има некој друг што ке ми ја возврати љубовта ајт чао не ме барај
до старата симпатија преубаво беше денеска мило ми е што нашиот однос се подобрува се беше како во старите добри времиња аххх колку ми фалеле тие денови повторно се осетив жива сакана среќна
Средував плакарот и ја најдов кутијата каде што чувам ситници секакви.. И најдов предмети поврзани со мене и тебе, сметки од каде што сме оделе, паковки од мастики и слични малечки нешта. Епа мачор, со тебе имам едно преубаво минато и не сум ѓубре само да плукнам на тоа, затоа што мене така ми текнало.. И јас не сум сигурна некогаш знаеш нели и ти веднаш го осеќаш тоа, ти влијае, ама не, спиј си мирно бебе. Тебе Те сакам.. Со тебе имам минато, имам планови, имам .. имам се..
Time goes by...so slowly... hurry, come back to me earlier, I can't wait anymore... miss you very, very much. Please me. I love you.
Будало си многу Утре спреми се за пораз, важи? Или во ист тим ќе бидеме, а? Појако е кога сме во различни, да те гледам кога се нервираш. love you.