Знаеш што????Мислам дека до негде ми е мило што денеска ти е толку лошо.Мило ми е затоа што можеби ќе сватиш дека алкохолот не ти е пријетел,не ти помага да заспиеш убаво.Но тебе не можев да ти докажам,џабе беше,не ме слусаше.Секоја втора ден наоѓаше причина а некогаш и без причина за да си се напиеш.И ме плашеше многу да знаеш...си велев до каде ќе стигни вака,како да те спречам не знаев како.Но денеска ти се лоши,ти се лоши толку што не можеш од кревет да станеш,сабајле во 5 сатот в дежурна си бил.Те болел желудникот те болело ова те болело она.Ако,се надевам дека ке сватиш и ке намалиш со пиењето.Затоа ми е мило,а не дека сакам да ти биди лошо.
Лепото, викендов дождот ќе не направи лом, ам? Знам не ти е погодено ама барем мирно ќе спиеме и ќе шеткаме насекаде. Малку ли беше печење на сонце цело лето, како гуштери, ај не ме оставај сам да уживам во есента, ќе звучам поромантичен од тебе, а за тоа можам вода да ти носам... Со дожд, сивило и паднати листови, или сонце и горештини, конечно ќе те видам. Другото е само околност...
Значи претеруваш.Лигле едно смотано,а и не треба да ми е гајле кога веке се откажав од тебе.Нема надеж.
Незнаеш колку си се сомневам во тоа што го кажа (неможеш ни да си замислиш) Некои работи не ми се пак јасни . ама АЈДЕ, прогледано.. И НАСПИЈ СЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ. АМАН!
Ам... Те сакам...многу повеќе од што мислиш. Само...ако овие караници,се знак дека не сме за заедно,ќе биде многу тешко... Иако сум 99% сигурна дека сакам и ќе сум со тебе уште долго,без разлика на се,тој 1 % ме плаши многу...зошто не сакам да се залажуваме.Во тој 1% се собрани најлошите работи за прекин на ваква врска... Многу сме поврзани и блиски,знаеш и сам...и се надевам дека судбината ни го тресе тлото само за да види дали ќе издржиме и ќе останеме,а не заради тоа што не сме еден за друг...
значи кога сум добра со тебе, ти мене не ме разбираш ама кога сум погласна , ти го виткаш опавчето те сакам повеке од се(знам дека и ти ме сакаш, ама се караме иако мозе да се разбереме ко луге, ама биди малку похрабар, и ако сум зенско бе милион пати сум похрабра за некои работи од тебе) џабе нервози и стресови самиот се спаси од скандал што ми беше во план да ти го приредам(не за друго туку да ме сватиш конечно што сакам да ти казам)
Меченце мое најубаво Те сакам повеќе од својот живот....живот би дала за тебе а тоа не е мала работа....секој миг без тебе ми е како година....никогаш не помислував дека на овој начин ке сакам некого...Сакам целиот живот да го поминам со тебе.Сакам засекогаш да сум само твоја ,никој друг ме немал на начинот на кој ме имаш ти...Сакам моите деца да личат на тебе Цитирам "Изневерувај ме, само без грижа на совеста.Со тоа не ми одземаш ништо.Тоа не би имало ништо заедничко со она што го доживуваме кога сме заедно."
Kaaaaдеееее си кај се скри?!!! Шкорпијооо човек не може да те прочита, ама стварно. Што ми напраи бе еј, од глава да не те извадам. И што ти стана? Ни на фејсбук те има ни да се јавиш...и да, се повеќе и повеќе гледам дека е вистина муабетот дека си бил женкар. Викав сакам таков, без озбилни намери, а види ме сега. Типичното женско наивно размислување, као не ми е гајле, само нека ме побара, само да се видиме, о Господе каков е, па тој поглед со таа насмевка... Е НЕ МОЖЕ! На други тоа. Сега се трескам од земја, ќе ми помине дур да си најдам друг. Не ме барај уште некој ден и аривидерчи!
Ми изгледаш отсутен овие два дена. А не кажуваш што ти е. Ќе погодувам, не ми е проблем.. ... How do you love on a night without feelings? She says, love, I hear sound, I see fury She says, love's not a hostile condition Love me, wherever you are...
Па ај ако не, гулаби да си праќаме за да комуницираме, ха?! Не телефон, дека нали си нема кредит, не лице-книгата оти тие од кај што им крадеш нет-немаат, не да се видиме оти врне, се претури од врнење, епа како бе драги, како? Ајде, што би рекле нашите соседи Б'лгари, ште причакаме!
AAAAAAAAAAA каков човек си ти! Ме читаш еј, телепатија. И да ме видиш како сум окезена у моментов ќе ми се прснеш од смеење. Ми дојде срце на место
http://www.youtube.com/watch?v=qI8nuggK ... re=related Песнава кажува се...откако ја испративв таа проклета порака само јас знам како ми е,но некогаш мора да се откажеме од чуствата...не сакав ни јас верувај ми,ама толку силно ме стегна што тоа ми беше единствен излез....одам да ја допијам оваа шоља кафе и да уживам во оваа депресивна вечер...и наредните ќе се такви... Не сакам веќе!