Хихи, се нервираш а? Немој мене со закани ок?! И ја знам лоша да бидам Те сакам смотан. Многу. Ајде доаѓај, ми фалиш. П.С. Честитки на победата За најјак тим навиваш, нема што тука.
Спојлер Дали почнав секојдневно да се обраќам во темава? Што ми направи? Мора да се видиме, мајке ми сакам да те гушнам. Што ми требаше да те запознаам баш тебе, ах тој проклет кафич, судбина било јеботе Пробувам да те опишам, ама тешко некако. Дали дека не те знам добро или зошто си толку...променлив, кој да знае. Важното е дека ме привлекуваш. Како магнет, како никогаш досега да не ми се допаѓал никој. Толку си...шармантен, харизматичен, убав, згоден, среден, фин... ај, пак почнав со моите идеализирања. Нејсе, муабетот ми беше дека сакам да те видам, океј? Фала чао пријатно
http://www.youtube.com/watch?v=H9nPf7w7pDI&feature=related Ме направи најсреќна на цел свет...фала ти мило...те сакам...секогаш...засекогаш
Денеска ме изнервира. И тоа добро ме изнервира. А јас колку што мразам толку и сакам кога се лигавиш откако ќе згрешиш нешто. Е нема да садиш краставици со мене, т.е нема да ми газиш по нервите. И не сум во оние денови. Допрва следат тие. Мразам да се однесуваш како недозреано детиште. Мразам кога успеваш да извадиш некој потег ... ууу буквално според мене сељачки. Иако не е сељачки, ама според мене е и не треба така!!! И по ѓаволите знаеш колку мразам повишување тон за безврска, а денес од 6 слушања ти во минимум 3 го повиши тој тонот твој. Тоа е сељачко колку и да ми го тврдиш обратното. Контролирај си ја нервозата. Јас се дерам ли??? не. Епа ... што и да сум сторила, не можеш да ми повишуваш тон. Сељачки е. Поготово пред други. Поготово пред татко ти. Можеби и редно време е после толку долго што ни беше убаво, да ја спукаме еднаш како што знаеме само ние... да подизвадиме така малку бес од нас, нервоза, да покажеме малку омраза. Затоа што стварно моментално би те треснала, и добра работа е што си го фатив патот за накај дома. А лоша работа е што ти не ме ни испрати. Тоа, пак е сељачки. И не знам дали ми значи тоа твоето извини што толку ретко го кажуваш а никогаш не сум проценила дали го кажуваш искрено или го кажуваш за да не извлечеш уште подебел крај. И сега добра ноќ. Да не ме изнервираше ќе ти посветев една преубава песна ... ама нажалост .... немет.
Не да ме изнервира, од такт ме извади... Само ти то можеш.... ... И се погоди песната во кола... Постои милион начина да те оставим, али не постои ни један да те преболим... Лажеш злато.... лажеш душо.... Толку ли за проста бе ме сметаш... Уствари не сум ни сигурна во тоа што го мислам... Ама инстинктов обично не ме лаже... Ама не можам да се замарам ко порано... Мене од утре ќе ме немаш како што ме имаше до денес... Иако праша зашто сум лута и ме примети и се лигавеше, јас сеуште сум лута! Само нема да ти покажам, мене ќе ми пројде... Ама капка по капка, пак ќе ја прелееме чашата... Јас те сакам и иако ова гласно од мене нема да го чуеш, ама јас те молам да не ме повредиш!
колку си романтичен... немам зборови со кои можам да го опишам сето она што во моментов го чувствувам знаеш што? Баш си онаков каков што јас сакам да си, сите можни особини кои ги сакам во едно машко ги поседуваш ти. Кроен си по моја мерка изгледа... не знам... Сакам само уште да ми попушташ кога ке играме пак РИЗИКО (и покрај тоа што милион пати ке ти кажам НЕ МИ ПОПУШТАЈ СЕГА ). Преубаво ми е со тебе. Сакам да знаеш дека те сакам премногу, искрено, безрезервно! Убаво да спиеш и се гледаме утре
Знаеш што?Губи се у пичку матер.Не вредиш ни денар а не пак нешто повеке.Криј се кукавицо една,ке ме бараш ти мене.
Има ли бре помило нешто од тебе во универзумов?! Такво си целото мило за гњавење и штипкање...баш како цуци буци некое. Па уште знаеш и срцето да ми го раздрндаш со убаво изберени зборови со кои си ги искажуваш чувствата. Ма сонце си! Ми фалеше овој твој излив на емоции. Ти благодарам што се реши да се отвориш баш во овој период кога изгледа ме мава ПМС (во случајов пост менстурален) и ми е најпотребна љубов. А за возврат ветувам дека ке си го контролирам ПМС-от и нема да се истурам на тоа твое мило душиче. Little fuzzy bunny, ме правиш постојано да се чувствувам како на почеток на врската, се` со тебе ми е ново и интересно и секогаш ке ми биде. Најскапоценото нешто си ми. И тука ќе ти пишам: Те сакам повеќе од Коста Бургов што го сака Елвис Присли!!!
Што да ти кажам?Кога ќе си дојдеш ќе ти кажам многу те сакам не си свесен колку,вчера кога ми се јави незнаеш колку ме израдува после толку време ти го чув гласчето...те сакам најмило мое!!!
љубов ,зошто така после се убаво да се караме за не не битно работи ами вистина небитни и тоа поттикнати од мене но пмс +јас =кавга со тебе неувбав пречек со сестра ми индиферентно лице со татко ми и едвај здраво со мајка ми се прогласувам за гуска на неделата
Не сакав така да ме разбереш,сакав сосема друго да ти кажам Нема да се лутам кога ќе се видиме ако не ме поздравеш,имаш право на тоа
Јас само сакам да не ти создавам дополнителни нервози, ама па многу сакам да те видам, макар на 5 мин. да поминеш. Те молам после биди способен за тоа.
Ах, драги мој, тоа е твојот проблем, што се отпосле ти текнува. Јас сум стрплива и чекам, арна тактика си знам за со тебе. Мора човек да има ортоми за нерви. Не ми е логично, како толку паметен, убав и фин дечко, ја губи целосно логиката во врска со овие проблеми ?? Само, пази да не ми досади чекањето, па да се вратиш на место каде што јас нема да бидам. Да знаеш дека сила за ова ми дава твоето чукање на срцето кога си со мене. Тоа ми кажува многу работи кои ти сам немаш смелост да ги кажеш. Чикен еден.