Штета што неможеме да го оствариме во вистинска смисла на зборот , но јас сум секогаш подготвена за компромис
што те чека утре само да знаеш од тоа што го видов ваква останав добро бе ти акал имаш? Се надевам дека имаш добро објаснување за тоа и дека не си ми лажел порано а се сеќавам имаме зборувано на таа тема..ама ако си ме излажал е тогаш нема да е на арно
Ме нервираш со тие цигари . И до една кутија дневно стигна а? Кај ти се труеш, па и јас покрај тебе го дишам тој одвратен чад Ама што сакаш прави, твој проблем. Голем си
Пак јас на темава. Гајле ми е ако сум ви досадна, овие слатки маки ми се поарни од претходните пензионерски и сакам да напињаааам Спојлер Не сакам да му кажам ништо нему, само сакам да си кажам сама на себе, кога ќе ме спопукаат бедови да си го читам ова. Значи овака сега... после долгиот исцрпен муабет со мојата премила другарица, сфатив дека можеби има право. Океј, другарка ко другарка, се ќе каже да ме утеши, али особено напомена дека нема врска муабетот со утеха. Врти-сучи, дојдовме до заклучок дека-дечково што ми се допаѓа може да ја има рецимо секоја втора. Фејсбукот фрчи слики, коментари, лајкови, линкови. Нон стоп е опкружен со женски. Од моето досегашно истражување, јас, само по фејбукот видов колку се напорни тие девојки! На све бе лајк, на све! И збориме само за фејсбук. Можам да замислам што му се дешава у вистински живот, колку го напињаат. И така тој покрај цел тој напор ме запознал мене. Ми го пушти неговиот верувам добро извежбан премногу секси флерт, и јас нали, сум се фатила у јамка. Не знам дали мислел дека другиот ден ќе го барам да се видиме, или дека ќе го аднев на фејсбук, или дека ќе му побарам број...битно ништо од тоа не направив. Ниту еднаш не сум му пишала, само еднаш му се јавив, тој дојде да ме види, тој ме баци во уста кога случајно се начекавме...и тој ми рече дека ќе ме бара. Е арно ама, првиот пат кога го рече тоа, ми се јави после два дена, кога ја изгубив цела надеж. Зборевме што зборевме, пак рече ќе ме барал, да сме се виделе. Завчера. На фб беше, нит ми пиша нит се јави. Мојот болен мозок нели секогаш мисли на најлошото, као не му се свиѓам, не ни сака да се видиме, се заебава со мене... се потресувам како ненормална, го манијачам, едвај чекам да го видам, од уста не го извадив, ама тој ништо, ама ништо од ова не знае. Што вика другарка ми, "он ваљда не е ни сигурен дали ти би нешто повеќе со него.Чудна си му еј, да не му лајкнеш нешто, да не му пишеш, да не го бараш, он да треба тебе да те бара, за него е тоа испод чест!". И, што ако е стварно така? Или е скроз рамнодушен и не го боли ич за мене, или е ова второво. Во секој случај, многу сум во небрано. Ако останам ваква каква што сум, или повеќе ќе ме засвиѓа или скроз ќе се олади.Ако јас почнам да го барам него, а сум му никој и ништо у главата, тогаш ќе бидам јако откачена и бааги повредена. И ај сеа? Чича-мича, завршила прича, тоа ми беше муабетот, сега ќе го ставам у спојлер да не ви зафаќа место И откога си го препрочитав ми текна дека ако некој потрошил време се ова да исчита, нека се смилува малку на збунетава мутава глава да и потпомогне со своето стручно мислење
Е многу си мил мајке ми. Во три години можам да избројам на едното ми раче што сум добила од тебе , а сега ми велиш- дојди јас ќе ти дадам пари за пат. Срцка! И без да ми дадеш ќе дојдам ама битен е зборот. Ти се спушти егото? Ако вежбај си ти
Juce si htela danas - ne Decko 'ajde o'ladi Daj daj daj mi daj Decko 'ajde o'ladi http://www.youtube.com/watch?v=mXxC1ZlZ ... re=related
што се замислуваш ти бе ке ми казеш дојди, и ке трчам по тебе, еве трчам(пази да не ме спрешиш ) епа злато, ке се видиш со мене кога тебе ке ти дојде ред во мојот зивот, мило за драго
Прекинав да ти покажувам во живо колку ми значиш, те игнорирам, како да не се знаеме, само некои погледи разменуваме, онака да знаеш дека има надеж меѓу нас...и оп, почна ти да покажуваш, да се замараш како што се замарав јас...и се уште се замарам...целовреме си скиснат, штом те видам никогаш не си насмеан...ставаш статуси, песни некои со опасни текстови...нешто што не го правеше додека молев, се извинував јас. Да не падна во депресија? Верувај, јас не можам да излезам од неа. Ќе ми се вратиш ти, надежта постои, нека поминува времето...ќе ја погазиш гордоста, егото и суетата...машки работи, што вика другар ми ако го немате тоа, што би имале?! ...
Уште малку ми остана да бидам без тебе... Илјада слики секавично ми прелетуваат низ глава, ми нудиш насмевка, а јас ја прифаќам со морници од задоволство. Ти верувам како на зенициве, а ти оправдај го тоа. Понекогаш доаѓаш во моиве очи како кога доаѓаат солзите, понекогаш доаѓаш со насмевка залепен со по некој сладок збор, сочно, а понекогаш доаѓаш и во средната зона на лицето и ми нудиш опојни мириси, волшебно. Денес дојде и остана тука. Искористи ме. Искористи ме најдобро што умееш. Без разлика на старото сценарио, јас ти давам шанса да напишеш друго, сосема ново, поинакво. Јас и ти, единствените глумци. Сцената, статистите, публиката неважни. А ти повторно само гледај ме, не ме слушај што зборувам, и не, не сум природна, исклучена е таа можност за определба, на едно мое драматично расположение. Се нишам на работ на страста, додека можностите ми прелетуваат како хартиени авиони над глава, но ти ми подаваш рака за да заклучам дека не сонувам. Немаме баш многу заедничко, освен текстурата на бојата во која сонувавме, а бојата е различна, соновите исти кратки, совршено кратки. Во совршена симбиоза, се конзумираме взаемно, во која моето постоење е тешко поврзано со твоето дишење, таму внатре во мене... со единствена разлика, што сега нема да те сакам повеќе на далечина.
Сакам да ти кажам дека те сакам. И ти го кажав, знаеш ?! Знаеш ли дека дишам за тебе? Знаеш дека секоја мисла или поглед кој/а не е насочен/а кон тебе, ме боли. Ме боли, и се чувствувам виновно. Точно, сакам светот да се состои само од нас двајца, но не е така. Толку сум заљубена во тебе, што имам грижа на совест ако келнерот ме праша што сакам да пијам и јас му одговорам. Не, да се поправам, јас сум болно заљубена во тебе. Ми требаш како воздухот што го дишам. Мислите често летаат кон тебе. Се што не е поврзано со тебе, а го мислам и чувствувам го имам на совест. Луѓе, да не сум болна ?!
Што не би му кажала...? Гомнар. Асоцијално суштество,со големина на трепки како пола Тихи е*аго и смеа на коза. Или бивол. Оставен на периферијата,а со добро предиспозиции и во центарот на светот наречен ЈАС со его големо колку на Цаци стомакот и себичност со димензии од Ченто до Сарај. У должина. Ете тоа си ти. И тоа и си за мене. Ајде сега,фино лепо иди отрезни се,ако уопште можеш и после ќе се чуеме. П.С. Клоца у гз.
Како што можеше да видиш, јас секогаш го исполнувам тоа што сум го ветила. Сега да те видам и тебе. Неверојатно е тоа како можеш да ме извадиш од такт.
Eпа маченце бе така кажи ми а не да ме плашеш ееее за ова имаш казна кога ке се видиме. Спојлер нема да смееш да ми ги допреш градите па ти мисли му ја да не ти се пофтори пак. Па ми недостигаше бе,лошотијо една