Да те информирам дека си најдов дури ШЕСТ нови симпатии. Ги броев сега, така да си знаеш. Па ако не си го потакнеш газот наскоро и не направиш чекор напред, јас ќе одам напред без тебе. Чао пријатно, па ти седи си и тапкајте си се со книгите, ќе те гушка лаптопот. Нема проблем, позагреан е од мене, во секој случај. ЧИКЕН!!!!!!!!
Знаеш шо ќе ти кажам сега !? ЧАО! иако не го заслужуваш ни тоа, ма ништо не заслужуваш, занесено магаре едно летнато - фуј.
Викендов секој на своја страна. Фино! Денешниов ден е испланиран, а и за недела ќе се најде нешто, секако. Како и да е добро ќе ми дојде викендов... Се гледаме во понеделник
Дрнкај си ти со гитарчето, јас друг си најдов. И тоа еден што го имав заборавено, а сега дури ми текна дека ми одговара. И ако не превземеш ништо во најкус можен рок ти ојдов за друг оти има пента на кајчето. Ете така, па думај се колку сакаш после. А на вториов би му рекла.... Супер си ти дете само јас слепа не го гледам тоа пред мене. Ајде оди кај ќе одиш се гледаме за две недели и јас со одлука. Морам да ти признаам, прекрасна вечер беше ова и ти благодарам за неа...
Сељак!!! И она што мислиш дека не знам и не приметувам, знај дека знам! Само такаа ми одговара да биде... И размисли убаво и длабоко....размислувај не мисли....капка по капка вирче....пази што правиш и што збориш...Не си дете 7мо одделение па да се препуцаваш со мене. Фала Чао Пријатно!
Што сакаш прокоментирај не се замарам ја прочитав пораката и знаеш што (битен си ми колку што ми е битно губрето на комшиката пред врата).. Е ТАКА ДА СИ ЗНАЕШ! Отидов да си бркам ајвар
Се што сакав да ти кажам убаво ти објаснив вчера. Не ти е поубаво бе вака, кога се однесуваме нормално? Ај молим те памти го ова за друг пат, ама гледај да нема друг пат.. Не заборавај: http://www.youtube.com/watch?v=PvpWJhxp8m4
Ти си детиште недораснато што има проблем со самиот себе. Знаеш колку ми е гајле за тебе...м? ИЧ!! Се криеш како pussy и немаш храброст да се појавиш? Go to hell
Ме интересира дали мислиш ти нешто со тоа главата? Можеби и не требаше да ме побараш вчера,можби требаше да си ги сокријам желбите.Не знам стварно ама ова веќе изгуби секаква смисла. Колку оставав работите да течат спонтано полека,толку истите пловат без никаков ред во дисперзија.До кога вака? До бесконечност? Не бе чоек не! Ми треба нежност ми треба да се почуствува заштетна да ти се шмугнам во прегратка и да не зборувам ништо да го разбереш моето молчење.А тоа вчера на што личеше ајде кажи ми? Примети дека цело време ми тераше муабети кои нема смисла? За да на крај испадне дека јас сум таа која зборела шифрирано? Од тебе човек не бидува ѓабе.Ама ни од мене штом секогаш се враќам на исто.Ти кажав!!! И да лута ќе бидам колку што сакам затоа што имам право да бидам! А ти земи размисли со тоа главата дур ти е време (а го немаш уште многу) најсериозно ти кажувам! Мрш сега!
едноставно и просто,кажано со еден збор, Ти НЕ СИ НОРМАЛЕН. Бескрајно посесивен си, не сум јас ничија сопственост дечко,па ни твој,а нема ни да сум. Престани со игрите топло-ладно не ми се веќе интересни,а ни ти не ми си интересен. Ме гушиш. Во секој еден чош од градов имаш поставено некој да ме гледа,во секое најтемно и тајтесно чошенце. ЗАВРШИВМЕ БЕ ЈАС И ТИ!!! Сеуште ли не ти е јасно тоа?! Кога ќе се отрезниш ќе ти стани,а кога некој ден пред сите ќе те спуштам таму каде што ти е местото,ќе ти се разјасни уште повеќе. Остави ме те молам. ЗАМИНИ! Убаво те замолив,не ме свати. Колку си голем,а колку си недораснат,чудо некое. Се јавуваш и се закануваш Мислиш ли дека ти се плаши некој!?
Што ти е??? Мислиш дека ако сега те нема ќе направиш ситуацијата подобра? Е не, баш напротив. Си згрешил нешто. Незнам дали ти кажав ама јас веќе не сум баш онаа истата од порано. Сега ќе те оставам тебе да избереш...