Не се чувствувам добро. Покрај сите други работи и ние ли моравме да се скараме? т.е до толку да ти се налутам ... За глупости ... Но нема, нема да попуштам прва. Ќе бидеш предмет на обратна психологија. И покрај тоа што ми требаш, тешко ми е, плачам ... Не те барам. Додека не сфатиш кои твои постапки ме излудуваат. А последниов пат, и повредуваат. Не ми е гајле дали ти се ситници. Не ми е гајле дали хистеришам. Не ми е гајле дали плачам за безвезе. Кога знам дека сум во право, а овој пат знам, ќе се држам до моето како мува на гомно. А сега неколку дена остави ме. Остави ме да одморам од се околу мене. Сите, буквално сите ме нервираат. 2,3,5,7, 10тина дена. Па потоа можеби ќе се искупиш доволно за да те гушнам како претходно. За пак да ми дадеш сила, и пак да се чувствувам безбедно. А до тогаш, ти пати сам, а јас сама. Врската ни е ставена на уште еден тест. Како божем до сега малку ги поминавме ... Ништо страшно мил мој. Јас сеуште те љубам. И ти мене. Ваљда стравот дека љубовта не е доволна нема да победи. И ваљда не сме доволно глупи да го посереме она што го имаме заради пмс, испити и работни обврски. Ако сме налет. А јас знам, свесна сум, исто и ти ... дека имаме премногу ... Премногу, главо моја тврда.
http://www.youtube.com/watch?v=jfulpGS1__g Абе буци мое најмило бре, колку си само ти посебен. Колку само секој стих од песнава е за тебе. Плачам кога плачеш ти, се смеам штом се смееш ти, немој да заборавиш, те сакам каков што си ти. Плачам кога плачеш ти, се смеам штом се смееш ти, немој да се промениш, биди тоа што си ти. Те обожавам.
Кога би ти кажала зошто не можам да дојдам со тебе вечер, или би ми се изнасмеал и натерал да дојдам, или би ме кикнал.Затоа не ти кажувам И да...вчера беше...незаборавно
Би му кажала дека бескрајно го сакам. Дека не сакам без него. Можам, но не сакам. Дека е единствениот што кај мене буди толку интензивни чувства. И тоа цели 5 години по ред, без никакво намалување во некои кризни периоди. Дека и после 5 години никогаш не ми е доста од него. Дека и кога ќутиме, има муабет. Дека и кога го нервирам, без оглед на ситуацијата, гледам љубов во неговите очи додека се караме. Дека знам дека бескрајно ме сака, зашто го гледам и чувствувам тоа во секоја можна ситуација, иако не го слушам во зборови (не ми се ни битни зборовите). Дека знам дека ќе направи се за да ме усреќи и да ме направи да се чувствувам убаво. Дека е единствениот со кој сум посакала да останам засекогаш покрај него. Дека ветувам дека ќе ми исчезне стравот во врска со она што треба да се случи за некое време. Дека после 5 години се уште имам пеперутки во стомакот кога треба да се видиме. ....и дека модрицата и гребаниците кои (се надевам ) вечерва ќе ги видиш НЕ СЕ од тебе од синоќа....туку од ролерките. Многу глупо паднав прееска на стаза.
би му кажала Сакам да те видам пак,иако тоа не е баш возможно... Конечно сфатив дека кога најмалку очекуваш ќе пронајдеш таква личност каква шо бараш... Ти,кој не исполнуваш голем дел од моите физички критериуми ,ми остави баш добар впечаток со самиот разговор,ставот ,а можеби шармот и харизмата...Ова е само доказ дека уште еднаш се потврдува дека шармот и харизмата е пред изгледот И дека и јас нема вечно да си бидам сингл .
Хаха џабе ми се правиш тврд орев кога на крајот секогаш попушташ ти. Рече дека вечерва нема да ме бараш да се видиме ама пак се јави. Пак на моето излезе. Ај Срцка најубава и најмала си ми ти.
Што да ти кажам, немам што да ти кажувам повеќе без зборови ме оставаш секој следен момент ми е најубав со тебе, несакам никогаш да престане .. Те Сакам!
Те сакам. Ама како да ти кажам? Тоа ми е филмот, не ми значи ниеден освен ти, ако јас се занесувам. Еве признавам ти победи,јас те сакам...
идиоту дали знаеш колку те мразам во моментов што ова е пак немој глупав тест направен на мене или овој пат се што правиш и кажуваш е вистина јас и ти сме немале ништо а така ли?А што правевме изминативе 3 месеци се гледавме и се држевме за рачиња како децана? Злато мое ти мислиш дека ќе прегазам преку се и ќе прекутам како што правев до сеа, е веќе извини ама нема ти мисиш снејк е фина килтурна и ќе преќутува на се епа дечко извини али си се зезнам многу гадно ти не сакаш да ја видиш и другата страна од моето лице не сакаш да ја запознаеш вистински која сум јас а верувај ако продолжиш да се понашаш овака идиотски и детски ќе си го покажам и другото лице што го имам и ќе се покаеш што некогаш си ме запознал да јас знам да се шалам и се по ред али за се си има граница ти жолтата линија веќе ја имаш преминато а уште малку ти фали и црвената линија да ја поминеш,а чим ја поминеш и црвената линија е тек тогаш ќе ме запознаеш во вистинско светло и ќе се покаеш за многу работи. Ќе ме молиш ти мене еден ден ама тогаш мене ќе ме нема а ти ќе се каеш што си се понашал овака со мене
Ти му доџеш нешто као изладена флаша Moet&Chandon. Те немам секој ден, но кога те имам, пука се! Меурчињата пријатно скокоткаат. Јас го добивам најдоброто. А ако се претера богами и глава може да заболи
Сонце мое жалам што на таков начин си ги научил некои работи ..но ајде сите зрееме на некој начин повеќе така господ златен се ќе е ок !
Многу беден секс синоќа. А ти си исто беден. Ма и повеќе. Ми се повраќа од тебе. И ова е дефинитивно последен пат што се гледаме ние двајца.
Сонцееееееееееееееееееееееееееее Денес одмарај и од мене! Едноставно знам дека Недела ти е ден за одмор, па одмарај и од мене! Те сакааааааааааам сонцеееееее моееееееееееее... Колку си луд, колку те обожавам, тоа просто чудо е! http://www.youtube.com/watch?v=gklmQMXE ... re=related Мислата твоја, зборот твој душа ми грее ти си ТОЈ што ме буди секој ден, и допирот твој ликот твој душа ми грее секој ден секој ден. Бистар поглед кој очи ми мие до мене легнува лебедот бел утринско сонце таа кожа ја пие од мојото срце земаш ти дел.