Ми пречи тоа што си неодлучен по прашањето „ние“. Психички ме заморуваш и ме малтретираш, ми фрлаш јаже доволно долго за да се обесам. Гневна сум кон тебе и затоа што не знам ни што да ти зборнам, ни за што да разговарам, откако се случи ситуацијава, изгледа како се помалку теми за разговор да имаме. И сетоа тоа е затоа што едно исто ни се мота по глава на двајцата, прашањето „ние“. Стојам до тебе и ми зборуваш за музика и слични глупости, а јас само си мислам аман нека ја започне суштинската тема веќе еднаш. И ужасно ми требаш, се заљубив во тебе и она што ти го претставуваш, мојот поим за совршено несовршенство. Сакам да бидеме несовршени заедно. Од глава не ми излегуваш, разбираш ли? И наместо сето ова јас само ти реков :„ Да, си одиме, се гледаме...“
жалам што не сум таму да ти помогнам и да те гушнам. Од љубов кон тебе дури и гајби би кревала Те сакам
^ Мојата поента Дилавли, исто мојата поента ја кажуваш! Најмногу мразам вакви статус кво ситуации, ни напред, ни назад. А не ми е јасно, зошто, зошто и зошто отфрлаш предвреме нешто УБАВО ?! Ако може некој, било кој, да ми го објасни ова, ќе бидам благодарна. Секој сака да му е убаво, очигледно секој, освен ТИ. Не, ма знаеш, добро ми викаа за тебе, за се си има причина. Џабе ти е и интелигенцијата и паметот и лепотата, кога ИМА ПРИЧИНА што си сам. Сам и ќе останеш, ако не се свестиш, дека јас НЕМА ВЕЧНО да те чекам да се одлучиш. Таков ми е карактерот, што ќе се замарам максимално, до крајни граници, ќе барам ронче надеж кога веќе цел леб на надежта се изел... А ти, ти кој ми зборуваше за себичноста, како другите се себични, испадна најсебичниот човек што сум го запознала!!!!!! И да, не ти се другите криви. Секој сам си прави, секој си го крка надробеното. Ти драги мој, нема далеку да стасаш со таа твоја себичност. Многу работи забораваш, многу не гледаш... Кога дури и целото проклето наше окружување го чека наредниот очигледен чекор, ти се пикна назад во глувчешката дупка. Кукавица си. Чикен си. Во душа и тоа. Се излажав дека си позрел, подобар, те идеализирав, гледав поддршка и заемно разбирање, гледав подадена рака, за на крај да останам сама во една голема празнина, со мојата испружена рака. Боли кога морам да си ја повлечам, да знаеш. Штета што, ако воопшто некогаш налеташ овде, нема да разбереш дека ова е за тебе. Дека можевме, јас и ти многу, ама не. Себичноста во тебе е поголема од се друго. Ма нема проблем, можам јас и вака. Ќе ми биде тешко, но можам, не се секирај. Статуси кво не планирам да трпам. Време е да продолжам понатаму. п.с. Чисто информативно, ако укопчаш дека е за тебе, и од кого е пишувано, поздрав со сликата.... Спојлер
Толку, толку многу ми фалис сто еве сега би седнала во авион, кола било сто и би ти досла на врата расплакана, растреперена и би молела да ме смирис. Ми фали мирисот , допирот , топлиот образ твој , колку би сакала да те видам сега како треперис додека ми приогас. Сто се не би дала да се изгубам во погледот твој , да те видам како љубоморис или како си барас изговор за да ми пријдес... Како би сакала да се гускаме пак силно силно силно ,да си зборуваме со поглед бидејки нели... горделиви будали сме и двајцата и не моземе да си направиме муабет како сто му е редот. Ни еден го нема тоа сто го имас ти , ни еден не мозам да љубам како тебе, никој не знае да ме допре како тебе и да ми го наектрелизира секое влакненце на телото. Те љубам, ми требас , ми фали цел еден дел од мене кога не си ми близу. Убаво ми спиј и, Чувај ми се .
I wanna lay you down in a bed of roses....................незнаеш ни самиот какво чувство разбуди во мене
I love you so much!! Едвај чекам да те видам утре, цел ден ќе сме заедно !! И знаеш што!? Сакам утре да ми го направиш омиленото јадење, и знам дека воопшто тоа нема да ти претставува проблем! Ајде нека доаѓа утре побрзо
не знам зашто си го трошев времето со тебе се виде каков идиот си ќе се каеш еден ден за се али касно ќе ти е а сега поздрав и леп провод и не ме барај повеќе снејк веќе не е достапна за тебе КРАЈ
колку убави зборчиња знам дека се исказани од ми го разубаве утрото и денот ај да побегнеме од градов за еден викенд-ама вечно да трае ми требаш, те сакам, те посакувам, сакам да се будам и заспивам покрај тебе
Битно е да предизвикаш некаква емоција?! - Јас поради би да не ми предизвикуваш емоции и турбуленции внатрешни, да не се губам како Германец кога ми ѕвониш на телефон и кога ми се смееш преку жица.... ама кој ме слуша де? Гледам (слушам де ) ти се пуштил гласот... помладо звучиш вака, знаеш? Не звучиш веќе... чичковски Ми се чини вечно ќе те зафркавам за ова. Ќе чекам да ми се јавиш деновиве, да ме носиш на твоето прекрасно место. До тогаш...
Значи ти реков ОДБЕРИ СЛИКА, ама добро твојата мрзеливост толку те опседнала што дури и буљење у плафонот ти се чини мнооогу тешка работа!
само колку убаво го започнавме денот ти си срцетоо моее најјсакано .. секогаш да си вака добро расположенн ии помалце инаетчијаа.. те сакам срценцеее
Си подаривме преубав, преубав викенд. Прв вистински, само наш, без никакви замарања и ограничувања...прв откако сме заедно. Будење со нежни бакнежи, утринска масажа, топло кафенце и Милка од јагода... Насмевки, шепотење во кревет и бакнежи со вкус на потпечени сусамчиња од ѓевречиња Ми велиш сум се однесувал кон тебе како да си била принцеза...па ти си принцеза... Ти си мојата принцеза...
ти си моето најгалено маченце па толку да сакаш да се галиш тоа е просто чудо..ама ми прија тоа и те сакам бе бишенце мое мало ( од скоро два метра ххихи)
Да си знаеш дека со тебе сум многу појака и похрабра. Целата планета ќе ја истрчам во еден здив кој ми го одземаш со секоја воздишка. Си знаеш ти, си знаеш...