Ако ти е сеедно, мене уште поќе, немој само после да ми речиш ти се понашаш вака така, размисли првен зошто сум таква..Кисс
And We Stand Together ...That Will Be Okay Because We're Survivors - We're Making It Work Expecting The Best, When They Hope For The Worst
Се само тебе некој бивши ти излегват, е ств незз поќе па шо сакаш прај, сепак има други има бољиииии!
Ич не си знаел барем малце да ме поттурнеш и да ми дадеш пордршка па колку и да не веруваш во мене барем залажи ме ..!! браво
Епа колку ме растажуваш просто не можам да си ги сопрам солзите... Не знам веќе со кои зборови да ти влеам надеж... Не знам како да те расположам.. Знам дека ти е тешко и знам дека премногу те сакам, иначе радо би ти рекла „Среди си го животот, па побарај ме“ Ама не! Не можам, а тоа некои го сметаат за правилно. Можда малце тонам и ја со тебе, барем психички, ама на некој начин ме правиш посилна. Знам дека да имаш време би седел и цел ден со мене и би се смееле заедно... И не ти замерувам што за ова малце време не се насмевна... Иако ти ја обожавам насмевката. Јас верувам во тебе, знам дека знаеш, ама морам да си кажам. Верувам дури и кога ти сам во себе не веруваш. Јас да можам за се` би ти помогнала, ама некои работи едноставно никој не може да ги смени... Ќе си дојде се на свое место. Со време! Верувам дека ќе успееш, верувам дека ќе ти се насмевне и тебе среќата. Од се срце и ти го посакувам тоа! Вредиш за тројца човеку. Знај го тоа, дека вредиш. Можда сум премногу горда за да ти го кажам ова, ама пробувам на некој индиректен начин да ти го кажам. И не се растажувај што толку верувам во тебе, нема да ме разочараш. Ти си човек, од малкуте што останаа... А верувај дека се многу малку тие како тебе! Пресреќна сум што те имам, таков цел со проблеми... И знај, дека те сакам со цело срце... И верувам.... Верувам во подобро утре... За двајцата!
ми фалеше еве признавам идам под кебенце за да си ги спроведам оние филмови пред спиење ии да ! некако денес ми беше баш посебен
Дека сакам да бидам со него ... да превземи нешто оти неизвесноста ме убива Играњето топло ладно ме убиваа ...
До еден бивш пуштач: Џабе ти е и убавина и тело со мускули и тоа што си згоден кога не знаеш да си ја покажеш општата култура во една обична ситуација. Глумиш јак фраер ама ни ф од фраер не си, жалосно. И непознат човек да е кога ќе се најдеш во исто друштво ќе се поздравиш и ќе речеш барем едно здраво, а не вака како тебе, во друштво од 5 души каде што сите многу добро се знаеме, а ти да вртиш грб и да се правиш дека не не` забележуваш. Дали не сакаше да се поздравиш со мене или пак дека дечко ми беше со мене или пак нешто друго е во прашање? Ти си знаеш, само жал ми е за тебе, толку голем човек, а со толку мала култура.
Дека многу згрешив што го повредив, дека дури сеа сваќам како е да се сака вистински... Дека ме чуваше како окото а јас не го ценев тоа ... Дека никогаш нема да најдам некој како него ( ни приближно ) . . . Незнаев да ценам ... Спремен беше да се одкаже од семејството за мене ... А јасс ... ЈАС будала се ми беше како сон .... МИ беше се смешно ... Сакам да се врати времето , да те прегрнааааам силно ... Заедно да се возиме со точаци , да ја гледаме месечината , да си правиме планови за иднината... Многу ми фалиш ЕПТЕн.... Спојлер Ах јас будала.. Коа незнаев да ценам сеа нека ми е тешко
Ти благодарам на посветата, лепото. Сликата навистина заменува илјада зборови. Си знаеш ти, многу убаво.. Спојлер Што ми шепкаше вчера на телефон, ам? Дека не ти давам никаков повод за сомнежи и љубомора? Дека ме чувствуваш твој бидејќи сум целосно искрен и не кријам ништо? Навикни се, ќе потрае. Бидејќи и двајцата сме минале низ оган, и сега знаеме да цениме. Да цениме и сочуваме.
Толку проклето колку што го сакам, исто толку понекогаш и го мразам ... А два пати повеќе од тоа ми е потребен ... Би му кажала еден куп работи. Би пцуела и би го мавала. И на крај плачејќи и липајќи би потонала во неговата прегратка и би го стиснала заринкувајќи му ги прстите во кожата, сакајќи со истиот гест да му кажам тешко ми е, те сакам, ти си мојот воздух ...