Пред тебе сум слаб на зборови. Прв пат еве, сум ваков безгрижен и се чувствувам толку сакано. Што и да кажам, веќе е кажано. Излишно е, и само ми се топли срцето... иако ти си далеку од мене, а вечерите стануваат се постудени... Јас знам. Знам дека сме преубави заедно и се заслужуваме. Ме исполнуваш и пред себе, јас сеуште не сум докажал дека те заслужувам. Знам, ќе ме наречеш будалче сега...но ти не можеш да се видиш со мои очи Во тие очи, ти си мојата поубава и подобра половина... Како само мразам кога се чувствувам вака...ранливо. ЈАС, недостапен за два реда муабет со мнозинството што ми пришле, вака мјаукам пред тебе...но нема да мјаукам. Ќе рикам, лавовски, затоа што знам каков дечко сакаш ти покрај себе. Ќе ти бидам потпора во се што ти треба, без разлика на противникот и околностите.
Ех што среќа ќе имав право на тебе да налетам.....те немам видено пола година и сега бап право пред тебе Гром од ведро небо. Филмски беше да ти кажам право, прво влегување во дискотеката и одма на твоето лепо друштво налетав, ги видов како се подбуцнаа со лактите кога ме видоа, а ти се окези од едно до друго уво Ме гушкаш, ме штипкаш, ме бацуваш....џабе ти е, џабе ти се мачиш Ти спуштив 1-2-3-4 ладни и те штипнав за обравчињата да се освестиш ТИ си крив што не сме се виделе толку време, ТИ и твојот зае*ан карактер Малце ми е криво што тогаш порано кога требаше не те искористив, ама сега што убаво си го наполнив егото мое охооооо немаш поима како ми прија тоа што повторно сум ледена кон тебе Не си ми веќе симпатија и не се опуштај толку да ме гризеш несакам лузни од тебе Спојлер Знам дека неможеш да ми одолееш, ама контролирај се и воздржи се, оваа слатка мала која ја виде синоќе ќе ја вкуси некој друг
Нели не е фер секогаш нешто да ни го попречува патот? Фала ти што си секогаш со мене, што ме тешиш, што знаеш да ме разбереш. Најсигуно се чувствувам кога ќе ме гушнеш и ќе ми кажеш дека ме сакаш. Те сакам и јас тебе, премногу!
Би и’ кажал... Секогаш умееш да го извлечеш најдоброто од мене. Таквите како тебе се причината поради која сум толку решен да се покажам и докажам како поинаков, а не само уште еден во низата. Твојот невин и топол поглед е единствениот пред кој понекогаш наведнувам глава и гледам во земја (можеби си забележала), и не можам постојано да го гледам (А ПРОКЛЕТО МНОГУ САКАМ!) додека ти зборувам/ми зборуваш. Се прашуваш зошто? Одговорот е едноставен: затоа што ме излудува! Што се случува со мене кога сум со тебе? Не знам, и нема да го опишам со пеперутки и/или други инсекти или животинки. Но знам дека во некој друг свет, ти си онаа што ја сакам крај мене, и САМО крај мене... Тоa што ти го бараш кај твојот принц на бел коњ, јас го наоѓам во тебе, како најубавата и најмилата принцеза. Но да се вратам, ние сме во овој, реалниот свет, во кој си ми вон дофат, но во кој негуваме прекрасно и уникатно познанство/разбирање/доверба, и околу кои можам само да кажам: Честа, задоволството и привилегијата да те знам се мои, и тоа нема ништо и/или никој да ми го одземе!!! Ти благодарам за тоа што постоиш, ******.
Еве нешто до Тој горе. Другар,знаеш дека многу те сакам. И уште многу пати да Ме зафркнеш во љубовта никогаш нема да се откажам. НИКОГАШ. Фала Ти што си тука,што не ме оставаш,што сето ова што ми се случува е школо,се е искуство. Ти Благодарам. И нешто до целиот машки род. Не се секирајте,уште многу нема да се отарасите од мене. Ќе излапам и ќе изебам јас уште многу од вас. Кој у газ,кој у мозок.. Али нема да се откажам. И после години ваше гледање у мојот газ и дерејќи ми се,туу ама сакам да и го бапнам на оваа и велејќи ми дека би ме ебеле до утре наместо да ми кажете дека имам преубави очи,имам божествено право што сакам да ви правам. Буквално. Немојте да се гоните. Барем не сите. И јас длабоко верувам дека таму некаде,има маж за мене,кој никогаш нема да се измори од тоа да ме гледа во очи,да ми кажува колку убава насмевка имам,да и се восхитува на мојата задница,да е заљубен во мојата смисла за хумор и тоа што сум тежок гњаватор... Да,верувам. И ќе го најдам. Ооо,и те како ќе го најдам.
Лав еден никаков има да те нема уште еднаш ако ми пристапиш така шмекерски. Знаеш ти многу добро што сакам кај тебе и тоа го истакнуваш, си мислиш дека пак ќе паднам на тоа а ? Е нема лавче, тој филм веќе не го гледаш. И да. Сеуште имаш огромно влијание на мене. Џабе. Еднаш ти попуштив, доволно, дури и многу ти е. Реков дека ќе се враќаш кај мене постојано. Еве почнуваш. Со среќа. Биди силен и не ме разочарувај те молам, ова ќе биди тешка борба во која ти ќе добиеш многу корпи. Чао
Знаев дека секогаш можам да сметам на тебе. Вчера, дур лежев незнаејќи ни која сум ни што сум, само тебе можев да те осетам. И знаев дека сум сигурна. Може имам 14 години и не знам за љубовта, но знам колку значи нечие присуство. Дури и само физички. Знаеш дека си сигурен. И дека ќе бидеш и утре и задутре. За другата недела не знам. Ама ова ми е доволно. И знам дека сфаќаш и повеќе од што треба. И затоа фала ти, едно огромно фала ти. Колку и на другите да си им расипан, колку и да ти е карактерот зае*бан, не си тој кога си со мене. Не можеш да бидеш. http://www.youtube.com/watch?v=R8OOWcsFj0U&ob=av3e
Е така, покажи и ти малку страв, доста време само јас се тресев. Така фино лепо како синоќа, смирено ќе си објасниш и Ричи ќе биде девојката од твоите соништа
Ме туркаш надоле, а потоа само збор треба за да се најдам горе негде помеѓу цврстите облаци. За момент мразиш што се сакаме, а веќе наредниот ги чувствувам твоите бакнежи,прегратки,насмевки.. Би можел ли? Да се разминеме ко двајца странци, заради една налудничава игра?! Тешка беше вчерашната вечер..тежок беше и ти. ..за прв пат.. Неуморно..те сакам.
Ќе ме умриш. Како можеше бе ? Јас сум крива, ни до продавница повеќе нема да одам И аман не биди толку убав уште не станат од кревет Ќе се самоотрујам Со тебе во еден момент се нервирам, веќе во следниот се смеам. Односно, не со тебе, туку со самата себе, заради тебе.
Ми се допаѓа демото на новата песна! Убавка ти е, доза на сексоЧа у твојот глас, јебига ме пали И сеа? ке даруваш на 5ти крв со мене или? ае дој да даваме заедно да не идам пак сама нешо вака да те разубедам хахаха http://www.youtube.com/watch?v=o6t4ZkBlfpI
Ми викаат дека сум ти правела мучки. А јас всушност, намерно те нервирам, затоа што знам дека се нервираш. Многу ми е интересно, сама си седам и си се кезам, како Укиед Уич. Ама ако ти е. Додека си чикен, ќе се однесувам спрема тебе како кокошка. И, да, гушни го лаптопот еднаш од мене. Која конкуренција ја имам, па па па... Лаптоп. Книги. Факултет. Проклетијо една.
Знаев дека си душа, ама дека тоа ќе го слушнам, не ми се верува уште. Никогаш нема да го заборавам. Подобар човек од мене си... Те сакам сега и секогаш!
Вчера беше преубава, фантастично се бакнуваше, се галеше, сензуална, заводлива...ахх тие зелени очички и тие полни уснички, напрченки... а сепак, мила и кревка, насмеана и пред се, среќна покрај мене.. во мојот сон...
You crossed the red line. Очигледно, ќе ни потрае далечината. Очигледно пак врската, грешка, двете личности што некогаш беа во врска, пак се на тест. Јас искрено не можам ... Не можам. Ако сакаш понатака труди се ... без гаранција за успех ... Јас ... кревам раце, после 5 години. Вложив се, се што имав. Вложив во тебе и во нас. Секоја моја нервоза и среќа. Колку што ме сакаш, колку што те сакам и пак не можеме постојано да сме среќни ... Нигде не постои среќа цело време ама нашите кавги се ептен лоши ... Дали дека бик и бик ... дали дека потајно знаеме дека еден на друг ќе се вратиме па го држиме инаетот. Што и да е ... јас едно знам, и со тоа едно со години се борам. Не те сакаат, не те почитуваат, не сакаат да си со мене, сметаат дека не ме заслужуваш. Не повеќе ... Моите другарки, моите блиски ... Сите освен јас. Јас, затоа што верувам во љубовта. ЈАс, затоа што после сите падови, успеав да ја кренам врската. Јас, затоа што те направив човек ... А ти ... благодарна сум за секој убав момент до сега. Можеби ќе ги има и понатаму. И убави моменти и солзи. Како сегаа ... мораше да те видам. Мораше да дознаам се. Мораше да ме пецнат кај што најмногу ме боли ... и да ронам солзи. Да плачам и плачам. Мораш ли да си толкав инает? Можеш ли да попуштиш? Да се погазиш себеси? Ти згреши овој пат!! ти ... Знам дека ќе ме побараш пак и ќе ми се вратиш пак ... но не знам, не знам дали некогаш со истите очи ќе те погледнам, не знам дали некогаш на истите очи пак ќе им речам те сакам, не знам дали толку искрено некогаш пак ќе ти се предадам. А можам да простам. Пак ... иако не треба. Ти ме направи ова што сум ... ти. И истиот ти си крив ... крив за сега ... Крив што се откажа .. што се осмели воопшто да ги кажеш тие зборови ... Крив си за се ... На кои јас се обидов да ги затнам ушите а всушност слушнав толку добро ... Ако нешто сакаш да ми исполниш, само гледај го филмот што ти реков. Остави ме на подолг период ... И биди среќен, и за мене и за тебе ... Ако сме вистински, ако треба да сме заедно ќе бидеме ... Има нешто посилно од се ... До тогаш, со целото срце ќе те сакам ...