И да пак е исто...се се врти во круг...ја и ти..ние... И да ме боли и да тешко е но ќе успеам...немам сили веќе да се борам...а и не можам а и не сакам... Време е... Извини, но овој пат јас не сум иста...време е за нешто ново...време е да почнам да гледам малку и за мене...Да, себична сум и сакам да сум...можеби и не ни е судено да сме заедно, а можда и ни беше ама не знаевме да го искористиме она што го имавме...можеби и некој ден ќе сме заедно којзнае...оставам на времето да каже и да си го направи своето...но до тогаш ставам крај, не крај на врска, не крај за тебе, не крај за љубов....Крај за мене....доста е... Само Бог знае колку те сакам и колку ми значиш...
Сеуште собирам впечатоци од вчера , дури и денеска јадев хотдог за да се присетам на некои муабети што ми се по бледи Би му кажала секогаш да е таков каков што е сега и за жива глава да не се менува . Фала ти што ме потсетуваш која сум и се сакам таква покрај тебе меѓу другото фамилијарната собиранка беше одлична идеја
Значи Бог да чува си, ја не ти бранам да дремеш со другарите. Па уште „изненадно дојде, изненадно запали скара“, што не ти го б***а еднаш изненадно. Е свашта значи.
ТЕ САКАМ повеќе од се на светов!!! И сакам тоа да го знаеш, и никогаш ама никогаш да не си смеел да се посомневаш!
Свашта! Зошто ми ја одземаш целата енергија што ја имам во мене? Значи само ти можеш да ме натераш да блеам у една точка како хипнотизирана.Колку само влијаеш негативно на мене!Не си свесен!Не ни знам зошто комплицирам уствари јас до толку.Зошто да не те повредам одеднаш?Како ти мене.. Се до таа вечер јас ќе бидам вознемирена.Ќе летне брзо времето! А отпосле јас ќе си ја кренам главата како никогаш до сеа.Ќе ти вратам за се!Ќе бидеш оставен сам на себе! Се би дала да те видам во тој момент.Кога ќе бидеш извисен и прелажан како мало детенце. Како јас некогаш! Таа вечер јас ќе бидам многу далеку од тебе..
Знаеш дека денеска требаше да излеземе????Али тебе т нема,цела вечер,ни да се јавиш ништо.Еј да знаеш гајле ми е. Утре е навистина важен ден за тебе,од тоа зависи и твојата иднина.Ама вчера си претерал,јас ко да не ти зборев,за твое добро ти викав.И во случај утре да не испадни како што треба да знаеш самиот си си крив,затоа што не сакаш никого да послушаш.Е да знаеш....
Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=D2U0h6ogo3Y&feature=related Ова е рана на душа, ќе ми ја зашие време и ќе заборавам барем така мислам
Значи дечко што ти е на тебе?? Ако мислеше дека ќе ти бидам резерва секад ставена на располагање, гадно си се заебал! Прво пробуваш со неа, која патем ми е другарка и кога не ти успева доаѓаш кај мене.. хаха епа не може така. Си слушал за мене, сега глеј каква сум! Женско во вистинска смисла на зборот, затоа fuck off!!
Да беше ти Грегори Хаус, сигурно ќе бев твоја редовна пациентка. Ма ке идев кај тебе на инфузија и кога би имала обична главоболка - дури и со иглите ќе се дружев, за да бидам до тебе... BANG-BANG! Не си ни ти Хаус, нит ќе ти бидам пациентка, ама сигурна сум дека ти треба еден доооооооообар третман од него - во последно време имаш чудни симптоми (да не најде друга жртва бре, филџану еден порцелански !? ), иди лечи се, додека уште сум загреана по тебе, или ќе ја ставам ринглата на кец! Е тоа сакав да ти кажам, ај чао, ќе си легнам сега!
Не се ничкоса козметичарката пред некој ден, ама тебе ако во моментов ти прднам, задолжително ќе те снема во радиус од 10 км од задников ми миризлив.
некој денес ми рече дека зрачам,дека сум насмеана цело време...епа знаеш шо ? тоа е заради тебе сонце ме исполнуваш на некој начин епа ке се видиме во четврток
Толку е чудно Толку е лошо Толку е неопишливо ...нема начин на кој можам да го опишам, не постојат такви зборови ...мислам дека знам, тоа мора да е Она што не го знам Она за кое не говорам Она од кое што искрено се плашам
Што да ти кажам? Теле си да, ама мое теле ... Не знам дали неко други можат во еден ден да го постигнат она што ние го можеме ... Ветувам ќе го исполнам она што го ветив ... А го очекувам и од твоја страна истото. За да не настане повторно нешто несакано ... Затоа што те сакам повеќе од се ... И затоа што ми вредиш повеќе од се ... И затоа што твоето те сакам за мене е безценето ... Затоа што ти си за мене премногу вреден. И затоа што помеѓу нас има нешто уште повеќе вредно ... што ни едни зборови на светот не можам да го опишат. Фала ти за прекрасната вечер ... за се ...
I will just cut the pathetic crap and say it oud lout - ела мило, ела. Стави ги тие твои убави, мускулести, вајани раце на моето тело, и ќе си играме - жмурка. Кој најде - добива бонус колаче А јас ќе бројам ептен бавно. 1 Mississippi, 2 Mississippi, 3 Mississippi...
Можеби не можам секој ден да бидам со тебе, да ти подарам насмевка, утеха, топлина во моментите кога ти е потребна, но и покрај се ние сме заедно, фак дис дистанс енд енџој аур лав Без разлика колку животот не разделува и колку ни нанесува болка, сочувај ја насмевката, таа ти вреди многу.. Таа е доволна за мене, сакам да си среќен, да се радуваш.. Секогаш