Понекогаш знаеш да станеш по неподнослив од жена во ПМС. Ама ако.. Јас пак те сакам! Заедно сме си во ПМС па интересно ми е, како да се гледам во огледало. Спојлер Ааам, не.
Вчера едно зборевме денеска друго, неминовен факт е дека забораваш не ми олеснуваш воопшто, ако сакаш да ме видиш, можеш малце и ти да се потрудиш
http://www.youtube.com/watch?v=iuzPWVClp3I * сигурно ќе. * ако не, слободно врати се на првата *-чка и прочитај пак и пак и пак и пак на енти ......
Колку само пати пробав да те избришам ... Да успеав не си ми во срцево не си ни бил најверојатно . Но не можам да те пуштам не без да платиш . Звучам како повредена кучка . Да можеби сум но не со скршено срце туку со повредена Гордост !!! Тоа што најмногу ме боли , го знаеше тоа знаеше како да удриш кај што најмногу ќе ме боли . Се колнам пробував да оставам , пробувам и ќе пробувам ама не ми оди , не можам ... Проклето ми е голема желбата за одмазда тогаш ќе имам мир кога јас ќе се смеам . Мизерен си и лицемерен слушам за тебе и без да прашам . Не жалам што си зад мене , навистина не . Не ти оди најдобро нели ? Продолжуваш со измами и со лицемерие . Не сакам таков човек покрај себе . Не ти мислам ништо лошо Бог ми е сведок само сакам да се расчистиме . Се мразам што е ова моја карактерна црта ама не можам решив да го прифатам предизвикот . Решив да одам до крај . Залудно си ја потиснував желбата тлеела во мене не успеав да ја истерам од себе , ме прати како сенка . Веќе друг ми е во мислите а ако испадне се како што сакам ќе ми биде и во срцето . Ти си минато , ама ќе бидеш затворена приказна тогаш кога ЈАС ќе прогласам КРАЈ . Не ти е сеедно , провоцираш и понатака . Се надевам нема да зажалам за ова се надевам , ќе добиеш што заслужи ни помалку ни повеќе .
ех за малку ке те прелажев да останеш ама нема премногу добро ме знаеш ама ако има и други денови ке те начекам некогаш и тогаш само јас си знам како ке биде
Ок,можеш да ми пишеш,не планирам пак да ти пишувам прва,и не ја играј со мене играта топло-ладно оти ќе се заебеш,кај мене не пали таа игра,може само да ме оддалечи од тебе
Ме скокоткаш. Убаво. Се предавам. Те грабнувам. Канџиве ги острам уште од сега. Велиш ако. Велиш ќе биде убаво. Знам дека ќе биде. Исланд си за мене. Не можам да те изговорам понекогаш но кога избувнуваш, р’шум правиш глобално.
Колку повеќе те запознавам,толку повеќе ме разочаруваш. Неповратно ме разочаруваш. И изненадувањата ќе ги сопрам. Плановите ќе застанат.Да видам дали воопшто ќе потраеме ние двајца.
ти ми титкаш, а јас пак ете за инет не ти одговарам баш сакам да ја запознаам личноста која не се отказува од звонење и која вели дека не ме познава
хах....пак истото од пред некој ден. С. Фотографии колку сакаш. Мали, големи, црно-бели, во боја... На нив лица речиси заборавени. Едно е твоето, а едно е моето насмеано. Одамна не сум била така насмеана. Се сеќаваш? Само ти успеваше да ја измамиш таа насмевка, токму таа, мојата најприродна. Веќе не се смеам така. Сега си цртам само една искривена линија на лицево и успешно го лажам светот дека сум среќна. И ми успева. Сите веруваат. Никој повеќе не прашува ми недостигаш. Никој не прашува дали сум среќна. Сите претпоставуваат дека сум. А јас сакам да бидам барем уште еднаш во животов така искрено насмеана... Доста ми е од фотографии, црно бели сеќавања. Почнуваат да бледат. Дојди да создадеме неколку нови спомени, и потоа повторно замини си. Таков круг е нашата приказна најмил мој. Нељубен! Несуден! Таква е нашата приказна. Нераскажана. Недовршена. Не сакам совршен крај, подобро ми е вака, приказна без крај. Како што се договоривме, се сеќаваш? Нема да се разделуваме на станици, ниту на патишта. Каде и да сме, и сега, и после многу години кога на лицето ќе имам брчки од тешкотиите низ кои ме влечкал животот. Секогаш ќе ми се враќаш. И секогаш ќе ја имам истата насмевка, како на сликите од едно прекрасно црно бело минато...
Фала ти за грееното вино со циметче и триста тракатланции, фала ти и за џемперот , фала ти и за кафето пропратено со дожд, и за тетратчето