Секој ден со иста надеж, Да те сретнам, да ми кажеш, Како може сè да престане? Каде одат твоите мисли? Секогаш се чувства исти; Боли ама нека потрае. Што е слатко што те немам? Што е слатко што ме немаш? Што е тоа? Што да потрае? Кога срцево насолзено, Удира за надеж повторно. Дај прашај го ти твоето За кого прави место до него? Тоа знае најдобро. Не се мачи, не те сакам. Ти кажувам, но со мака; Мора еднаш сè да престане. Ова ли е сè што имаш? Ова ли е сè што знаеш? Ќе дојдеш, знам, ќе се покаеш. Баш е слатко што те немам! Баш е слатко што ме немаш! Нема назад, нема враќање. А сепак срцево насолзено, Удира за надеж повторно. Дај прашај го ти твоето За кого прави место до него? Тоа знае најдобро. Секој ден со иста надеж Да те сретнам, да ми кажеш Како може сè да престане?
те праќам на олимпијада, во категоријата СПИЕЊЕ ДО БЕСВЕСТ!! хахах не ми се верува не можам да те разбудам хахаха мрш, спанко еден море да бев до тебе знам како ке те разбудам, па нема да сакаш да си легнеш пак, ама вака ЈАЧИ СИ
Дојди ми на романтика, усните твои да ми станат навика, растопи ме како свеќа, јас и ти камо среќа, да ми дојдеш на романтика....
Ми фалиш, не можам да дочекам да те видам.Сакам да ме гушнеш, да потонам во твојата прегратка и никогаш да не ме оставиш.Те сакам ;3
Јас доцнам затоа што немам доволно време да се облечам, да си ја средам косата, да се нашминкам и да ги направaм сите тие ритуали пред излегување! What's your excuse?
Никогаш нема да заборавам се што трпиш и правиш за мене. Што безусловно ме разбираш и ме сакаш и покрај се.Тоа што не знаеш да кажеш ни еден лош збор за луѓе кои те повредуваат заради мене. Ти си мојата душа.
Ако ако иди си ти на фудбал,а јас тука дома ќе дремам ради твојата глупавост и смотаност! ИдиЈоту еден!!! Е више не ме маваат бедови ,никакви грижи на совест.Сеа за инат ќе си гледам други бе! И ќе им намигнувам.Е вака ! Ај мрш ,мани ми се!!!
Не знам што да ти кажам.. Има ли воопшто нешто што треба да си го кажеме.. Не сакам да ми станеш навики..или обратно.. Се плашам од тоа..
Времето надвор абе -2О! јаде од сите страни,ладното неможе да ми се оттргне од коскиве .. А јас и ти така стуткани сме седнале на клупата,јас така згмечена во твојата прегратка,размислував колку уствари ти мене навистина ме почитуваш,колку се обидуваш да ми удоволиш,колку ние навистина имаме разбирање,и како убаво знаеме да бидеме смирени.. Прекрасен си ти,го гледам јас она во тебе што никој неможе-дефинитивно. Најдобар со мене,уште по прекрасен со останатите И кога ти кажав "Добро,немој да бидеш до толку добар со луѓето" ти само ми кажа "А зошто да не бидам" Се чувстувам исполнето,душата ми ја обзема некој топол спокој Нема веќе да ти преречам за онаа мрсната,бидејќи со тоа што ми го кажа сватив колку уствари е опседната со тебе и покрај тоа што знае дека сме заедно (ќе се погрижам за неа си знаеш ) Ти успраќам една голема и топла прегратка
Барак и Мишел Обама биле на ручек во едно кафанче. Сопствеников на кафанчево се запнал ептен на обезбедувањево да се поздрави со Мишел. Се поздравуваат, и Барак ја прашува: Кој ти е овој мори? Бивш ми е... Еееее Мишелке, сега да си беше со него газдарица на кафанава ке си беше Не Барак, јас да бев со него тој сега ке беше претседател на САД... И за тебе истото важи, и патем горда сум на тебе.
Со твоето однесување ме оддалечуваш од себе,а мене ми треба нежност,галење,шепотење мали слатки нешта,водење љубов.Велиш во последно време некако немаш желба за с..с и дека тоа не е до мене, туку до тебе. Еееј, во мене сеуште има жар,но треба огнот да се разгори, јас можам сеуште да љубам со цела душа и срце и да се давам себе си безрезервно,но очигледно немам кому!Ах! Да знаеш, повеќе не ја превземам иницијативата јас, чекам на тебе.