Уф, уште се срамам од вчера Извини уште еднаш, душо Така ми треба кога не ја дочитувам пораката до крај
или ќе пишеш прв или нема комуникација и ај баш да те видам дали ќе си го одржиш ветувањето од минатата недела како не.....смотан
Ако те чекам јас да се јавиш ќе се укочам пред компјутеров и статуа ќе се сторам, па после само ќе ми стоиш пред врата и ќе ме глеаш, мутле едно.
Дали знаеш дека секој миг поминат со тебе ме исполнува максимално, дека секогаш кога ќе ме погледнеш со тие прекрасни очиња правиш да се чувствувам толку посебно, толку убаво, правиш да се чувствувам како единствена девојка на светот?! Со секој твој комплимент ми го полниш егото, ми ја креваш самодовербата. Обожавам кога ме чешкаш по главче, кога ме галиш по стомаче, кога ми кажуваш дека јас сум ти се, кога се гушкаш толку нежно а во исто време толку страсно со мене... ти благодарам што ме гледаш како принцеза, ти благодарам што ме сакаш безусловно и вистински, што ме размазуваш. ти благодарам бидејќи секогаш си тука за мене! а јас... јас ти ветувам дека секогаш ќе те сакам, онаков каков што си, единствен, најпаметен и најубав! твојата малечка принцеза
Од ден на ден се повеќе сваќам дека ти си ми нај вредното нешто што сум го имала и го имам, а да се надеваме дека и ЌЕ го имам. Ете ваков те сакам, баш ваков! Истакни го најдоброто од себе, иако јас секаков те сакам...ми ја разубави вечерта..
цуци иако не сме заедно иако многу пати се обидовме да се рзделиме и двајцата гледаме дека еден без друг немоземе...дај да престанаме со глупостите и да си се сакаме за секогаш....те сакам ми фалиш премногу дојди и земиме со тебе...те бакнувам...
Ќе те откачам бе алооо.... Секс ми треба... Се шалам сонце... Знам дека си многу уморен... Те сакам Ама нешто имам против тебе деновиве, не знам зашто, не ми замеравај што си ми на пик!!!
значи требаше дури до Водно да отидам, да мрзнам, за потоа да се вратам назад во Центар во домот на АРМ за да те најдам гуру? бог да чува, па ете зошто немавме час по медитација, господинот си бил на топло, а јас и физиотерапевтката се мрзневме ко будали ама имаше малку медитација, беше забавно како и секогаш. а ти бе колега(ако мозам така да те наречам, оти само едно предавање следевме заедно на факс) ме изненади и со своето присуство, а и со своите погледи-не сум знаела дека ме симпатизираш (иако не сме од иста религија, и не сум знаела дека слабост ти се зелените очи само ете, не седнав до тебе, штета ти пропадна планот
И на крај бебичко мое, љубовта на твојот живот ќе остане дечко што не те частил ни едно кафе во две ипол години врска. Оној што те враќал од пола пат дома, да се облечеш во нешто друго за машките да не те зјапаат во градите. Тип поради кој ти се расипала матурската и многу журки после тоа, стискајќи го телефонот цело време во случај да те побара, веднаш да му подигнеш. Тој очекувал од тебе да позајмуваш пари од дома за да го носиш на вечера и повеќекратно те изневерувал. И ти си му простувала за се. Типот не е ни во иста галаксија со мене. Тоа го знаат десетици девојки на форумов, кои никогаш во животот не ме виделе, а ти остана слепа. Така ли треба да се однесува едно машко? Така ли треба да се третира девојка? А сепак, за нашата прва караница, дваесет секунди непромисленост и зборови што и двајцата знаеме дека не ги мислев, ти ме збриша од живите. Со ова платив и туѓи гревови. Ти во никој случај не смееше да дозволиш твоето минато да не сотре. И јас имам свое минато но не дозволив ниедна да те засени. За тебе бев твојот принц, твоето делфинче што те давеше и спасуваше летово. Иако знаеш колку ми беа тешки некои твои разговори летово со него, што ми се случуваа пред очи. Како го молеше само...дечиште недоквакано... Вчера се смиривме, те гушнав силно и ти повторно ме нарече најмил твој, те погледнав во зелените очички, се бакнавме.. И се разбудив. Соновите ми се бегство од реалноста. Не сакам да се будам... Знам дека го читаш ова...и ти навираат солзи во очите, се вртиш наоколу да видиш дали те приметува некој во интернет кафето... Не му даде втора шанса на најдобриот дечко што си го имала до сега. Наместо тоа, ти се хранеше со неговата мизерија. When I stand alone, I don't stand on memories... http://www.youtube.com/watch?v=VI-1m5XVUZQ
Ти раскинав... После 2 и пол години, собрав сила и ти раскинав. Знам дека ме сакаш, знам дека се би направил за мене.. Но, не е тоа тоа.. Веќе одамна не е тоа. Врскава ни опстана и волку оти немав срце да прекинам, оти ми беше жал.. Заслужуваш ти мн подобро од некој да те сожалува.. Заслужуваш некој да сака да рипне и пред кола за тебе и рака во огин да стави.. Извини.. Извини што не те сакам како порано.. Извини што ми треба повеќе нежност и внимание, ти кажав.. не е само да ме сакаш.. Ми треба романтика, ми треба гушкање во јавност и слатки бакнежи.. Ми треба страст.. и тоа го изгубивме.. Денес мн ми недостигаш.. Осеќам како животот почнува да се менува.. Нема да потфрлам пак и да се смирам од жал и страв .. Страв дека нема никој да ме сака како ти! И сама да останам.. Барем ќе бидам своја на своето!
Дека го сакам најмногу на свет и дека не ни се надевав дека за толку брзо време можам некој толку многу да го сакам. Ми недостигаш најмногу и те сваќам дека немаме доволно време да се видиме и дека си преморен кога ќе си дојдеш од работа али јас ОБОЖАВАМ кога те гушкам, бакнувам, гњавам, си играм со играчката твоја. И можеби на моменти сум досадна (не можеби туку знам дека сум) али се тоа правам пошто те сакамм! http://www.youtube.com/watch?v=tgR17alOf1E *
Нема поубаво чувство од топлината на твоето тело и кога во полусон ќе те слушнам како ми велиш "Љубов моја". Преродена сум, штом можам да треперам повторно, и да чувстувам уште посилно...
Не знам што е причината што се скарале, али и вчера прочитав ваков сличен пост од ЕлеМентал. Мислам, сета љубов му е опишана ... стварно жално. Затоа, ако е така дека девојка му ќе го прочита неговиот пост, де ма земи размисли малце, вакви дечки тешко се наоѓаат, ние тука гледаме колку те сака, а ако ти самата не го гледаш тоа, не знам што да кажам ... Дај му втора шанса на дечково!!! Да не бидам офф ... Телеее, ајде станувај!!! Би те разбудила али немам кредит ни за титкање . Уште еден ден и ќе те видам. Ужасно ми недостигаш ... Извини што некогаш се нервирам самата, а и тебе со тоа, али јбг, ме сакаш и ваква нервозна, т.е иако те нервирам, ме сакаш туто комплето
Мислам дека те преболувам полека но сигурно.А еден ден тоа ке ти се удри од глава што ми го стори.Чекорам напред полека со самодоверба.Убаво ми е без тебе. Знаеш?Со овој пост завршува нашата приказна. Ти посакувам се најубаво и да најдеш некоја што ке те сака какојас што те сакав ама во тоа се сомневам. Збогум драги.
Ми недостигаш... и тоа многу. Твојата насмевка, двете дупчиња на обравчињата, парфемот, рацете ... ти ! Верувам во нас и знам дека далечината нема да не оддалечи, дури знам дека ќе не спои повеќе. Едвај чекам да те видам. Одбројувам. 18, 17 ...