Дојди поблиску, не срами се !Сакам убаво да ти го загледам лицето...пардон...лицата...ти ги имаш повеќе.Чисто од љубопитност..онака, барем да знам кое повеќе ти го мразам
Веќе нема ништо да очекувам, затоа што тогаш ги доживувам најголемите разочарувања. Сега само ќе седам мирна, ќе гледам како нештат сами се развиваат. Тоа ќе покаже најдобро, дали сме еден за друг, и дали вреди да продолжиме да се бориме. Така решив самата, мислам дека така е најдобро...за двајцата.
оффф душиче најмило мое ќе ти кажам може за неколку дена ...а можеби и не.Само Бог и небото моментално знаат што ќе ти кажам.Јас сеуште не знам .Но ќе знам набргу
многу лошо изигра и ме изнервира ептен! глупчо еден! Не туку си играј мајтапи и не се занесувај многу многу пошо на живци ми идеш! Ама ако јака ми воља па не се откажувам сеуште, барем не без борба. Ќе видиме..
Паметнен тоооој, ако имам фустан чоколаден како тој што е објавен на Фемина, ќе го изедел цел, а за мене секое 10то чоколатче ќе било. Ех.. еј нема! Фустанчето е мое, ја сама ќе си го издеам !
Спојлер Драг наш Елементал, веќе ова што ке го кажам ке биде како една поновена лекција од животот. Времето лечи се, ама времето и не учи на се. За мене си едно од ретките машки што машки се поставуваат и се во права смисла на зборот машки. Не губи волја, дај време да си дојде се на место. Најбитно од се, не дозволувај да се промениш, затоа што вредиш ваков каков што си, имаш квалитет во твојот карактер. Оваа не е тема на давање совети, ама сепак би сакала да ти кажам, искористи го убаво периодов, да си ги разбистрите главичките и да сфатите дали можете напред или не. Доколку би имало можност за вас двајцата самата ке се појави , доколку не, значи иде нешто многу подобро, како за тебе така и за неа. Не очајувај само, така се губи само време. искористи го периодов да размислите за иднината ваша. Гледаме сите дека си заљубен во девојчето, пробај направи некаков чекор, пробај ти си ја дај шансата кај неа . Доколку и тука наидеш на ѕид, остави, значи така требало да биде. Знам во моментов зборовите се сувишни, ама навистина би сакала да дадам од себе за да ти помогнам на било кој начин. повели еден . Патем,утре е нов ден, насмеј се само, што и да биде биди среќен што си имал убави моменти со девојчето. Што ти си бил главниот во тие моменти на делење љубов Ти посакувам мир
Никогаш не ми биле толку слатки ескимските бакнежи, ти го обожавам врвот на носето. И брадичката, и очичките а богами и косичката. Те сакам цел, те сакам за везден, те сакам и кога ме вадиш од такт, те сакам и кога ти ги поправам (не)намерните граматички грешки. Те сакам кога ќе ти се мушнам под капут дур чекам автобус, те сакам и кога ми ги силуваш обравчињата. Ладен октомври 0 : 1 Топла љубов.
Значи само те погледнав! Те погледнав,фор Гад сејкс! Те немав одамна видено,убаво беше дотеран,ми беше бивши своевремено и само те погледнав. А ти веднаш почна пак да се надеваш.. И човече,колку само замараш,ми се лоши од тебе. Патетики. Крај си е крај свати.