Одамна не сум ти пишала и посветила пост овде...можеби затоа што не те гледам веќе секој ден, и ќе те видам дури во текот на следната недела кога ќе се вратиш, па тоа ме поттикна да пишам...ми фалиш, и не не ми е лесно и прекрасно без тебе како што си мислиш и очекуваш...битно си ме сакал, ме сакаш и ќе ме сакаш и многу ми значи што ти тоа ми го кажуваш и според твоево значително подобрено однесување, подобар си кога искажуваш како се чувствуваш...ајде врати се, со душа те чекам...и јас те сакам, како што знаеш...и не се секирај, ќе ти пишам порака иако очекуваш да се разочараш пак и да не добиеш и покрај тоа што ти го кажав дека нема, ќе ти пишам...сепак ти си тој и секогаш ќе бидам до тебе, со тебе, да ти пружам поддршка, се ќе биде доброооо...
Едвај чекам да се раздени, да дојди 12 часот да дојдеш да ме земеш од дома и да заминеме на викенд. Двајцата сами далеку од овие скопски улици да шетаме покрај езеро фатени за рака. Вечерта да заспијам кај тебе во прегратка и што е можно подолго да траат тие два дена.А сега би ти рекла земи го тој службен мобилен и јави ми се пак затоа што умирам од досада затворена во овие 4 ѕида, и зарем мора да постојат такви наредби да не ги носите мобилните со вас додека све на работа, па каков командир си таков кога неможиш еден мобилен да имаш во тебе додека си на служба а? цццц
http://www.youtube.com/watch?v=74-UQTaQ ... re=related Bice mi tesko bez tebe, mozda i tebi bez mene, al sve je tako kako je, to sto se mora lako je ....
Ме сакаш. И насмеана и расплакана. И нервозна и расположена. И дебела и слаба. И ќутлива и зборлива. И во најубаво, и во најлошо издание, И дотерана и станата од спиење. Ме сакаш и кога не заслужувам. Ми подаваш рака кога и да паднам. Ме сакаш. Ми веруваш. Ме почитуваш. Како и јас тебе ... Неизмерно многу ... Неуморно - те сакав, те сакам, и ќе те сакам ... И ќе траеме. Фала ти за се. За прекрасниот човек што си, и за прекрасната личност во која јас се претворив заради тебе. Фала што си присутен во мојот живот ... Фала ти што си ми најголема поддршка ... Остани тука, додека ти лежам на стомак гали ми ја косата ... Додека плачам слушај ме ... Додека се мачам теши ме ... Со мене радувај се ... И само гушни ме ... Затоа што јас и ти, ние имаме малку, а тоа малку е премногу вредно, скапоцено е ... тоа е искрена љубов, и нека таа љубов не престане никогаш. Добра ноќ дебело мое.
Извини што не ти се јавив пак. Немој да помислиш дека заборавив, никогаш не би те заборавила, само не сакам да ти станам досадна. Едвај чекам да се видиме...
немој да бидеш толку ладен со мене зошто така се понашаш? не ми е сеедно ич не ми е сеедно.. Не те познавам ваков знам дека не си ваков
Само сакај ме, едноставна сум за сакање. Не барам ни премногу, ниту пак претерувам. На моменти да, но размисли дали барам многу??? Само љубов, ништо друго, тоа ми е инспирација, а верувај кога сум инспирирана можам да бидам и совршена. Разбери го тоа веќе еднаш, воопшто не е комплицирано
Делфинчее се гордеам со тебе знаеш нели?те замислувам онака во одело и паклено згоден,ајјјј најубаааааав!!!!!!!и сите те загледуваат а ти онака со твојот поглед остар не ни се завртуваш,мислам се надевам дека не -нели аххаха, не ,не сум љубоморна јас ,само да си знаат сите женски кој ќе му се доближат на дечко ми дека правам бесплатни фризури,нешто како да ставиле два прста во штек,чисто информативно да си кажам Моето не го давам,туѓо не сакам само тебе те сакаааааам ,секој ден се повеќе,повеќе од вчера,а помалку од утре
Зошто си толку разочаран?не сакам да те гледам ваков.Те молам биди добро што побрзо.Знаев дека ке ти се случи тоа но не сакав да ти кажувам да не ми бидеш лут повторно.Овде сум покрај тебе.Секогаш.
И веќе морам да прекратам со сите сомнежи, по не знам кој пат ми покажуваш дека не заслужуваш, а јас пак по старо. Аман веќе, ми се здосади мувањето, имаш абер да спомнеш нешо за врска,или слабо?! Сакам да ти бидам официјална девојка,сакам сите да знаат дека јас го имам најдобриот.
е арно ти текна дека треба да ми пишеш(дека е денот кога треба да се запознаеме јас и ти) не се секирај ке бидам во договореното место и време, не се плаши (гледам дека некоја тебе те вртела околу малиот прст сo: "е не мозам сега, ми излезе нешто" ЈАС НЕ СУМ ТАКВА И МРАЗАМ ДА МЕ СПОРЕДУВААТ СО ДРУГИ
Сакам да ме сослушаш без осудување..... Сакам твое мислење, а не твој совет....... Сакам да ме охрабруваш, а не да ме оптеретуваш...... Сакам да ми помогнеш, а не да одлучуваш место мене..... Сакам да се грижиш за мене, а не да ме гушиш..... Сакам да ми веруваш без никакво очекување.... Сакам да ме видиш мене а не себе си во мене.... Сакам да ме прегрнеш а не да ме удавиш... Сакам да ме подржуваш ама без лоши предчувства... Сакам да ме заштитиш без лаги... Сакам да ми се приближиш без наметнување... Сакам да знаеш дека се што не ти се допаѓа кај мене треба да го прифатиш без желба да ме менуваш... Сакам да знаеш дека секој ден можеш да сметаш на мене БЕЗУСЛОВНО....и сакам да знаеш дека ТЕ САКАМ
http://www.youtube.com/watch?v=IHagPodxu5g Се надевам дека ќе сватиш колку ми грешиш. Се надевам дека нема да биде прекасно...
Срцето ми плаче, ме уништуваш.. Зарем не гледаш како постапуваш? Се прави ли така на личноста која цело ова време збор не ти префрлила, не правела љубоморни испади, не ти следела стапки, играла по твои правила? Јас само сакав да покажам милост која што ја осеќам во душава, а ти не знаеш или не сакаш да возвратиш.. Ама ќе се сменат правилата, ќе се јавиш ти кога - тогаш и ќе мораш да одговориш на прашањетo:''Дали на моето чело пишува БУДАЛА????'' А, ако не го знаеш одговорот, тогаш јас ќе те натерам да се почувствуваш така, ама длабоко до срж, да видиш како е!