Today i dont f..king like you i wannna party with girls ама си .....понекогаш али знајш ми е многу грижа. ИЧ
Зашто ли ме трпиш??? Те сакам сонце моееее... И утре ти е слободен ден, сакам поголемиот дел од денот да ми го посветиш мене
Ех сонце, пак јас и ти а? Повторно ќе ја минуваме нашата сага...и ти добро си ја играш улогата, веднаш се ухода гледам Ни јас не сум нешто поназад изгледа. Како и да е, секогаш си оставаме спонтано да си тече, иако е погрешно. Ми требаш и ми фалиш иако само што замина. И да, прекрасно беше, и прекрасен си, а јас повторно сум истата будала. Но ајде, надежта последна умира. Барем еден товар помалку имам сега...уствари 2 И да, зошто нели, не ги изговараме проклетите зборови Ама ги мислам и да, МК ќе мора да се објасни некој ден
И сега што? Многу си силен? Некои работи што за тебе се безначајни за мене значат СЕ. Мислам дека ја премина мојата граница на трпение. А веројатно знаеш дека бесот на трпеливиот човек е најопасен. Собирав долго се во себе. Веќе неможам. Чувтсвувам дека ќе ми пукне филмот. А тоа не е затоа што не те сакам. Едноставно неможам да преминам преку некои работи... Стануваш се полош од ден на ден.
Другар, почестена сум, значи, ептен. Него, имам една идеја. Што викаш, да ти направам една временска машина, па да отидеш во минатото, и така си заглавен таму. Посети ги старите добри времиња, бла бла бла и врати се во сегашноста. Оти од спомени, аир нема. Или, чекај бе, треба главниот шеф да го прашам, дали смееш. Јебем ти машкост.
ААААААААааа глупаво идиотчеее(ко ја видов сликава станав љубоморна ), абе барем да почниме конверјзејшн некако, после само по себе ако си дојде нека биде, ако не ќе си останеме само френдс, аа кој да превземи работа? На Венера ќе чекаме? ако чекаме на неа ќе дочекаме...
Ајде побрзо доаѓај кај мене!!! Имам изненадување, ќе ти готвам...ммм и после десерт се разбира. Знам дека повеќе ќе ти се допадне десертот ама сепак се решив, не влагам во кујна секој ден....за готвење, иначе за јадење си влагам богами.
малце ме напнуваш со тоа пишување кога и да се уклучам...и затоа во последно време се исклучувам од чатот а сепак седам на фб оти стварно незнам кога ќе ми пишеш што муабет да правиме коа за 1 саат неможе да се случи ништо ново !
Нешто не е во ред... Ни со тебе ни со екс ни со потенцијален Што ви е бе, ЕЕЕЈЈ?!?!!? После ние сме криви?! Ајде бе кршете глава!
СЕ СЛУШНАВМЕ!!! ЗНАЧИ МИСЛИШ НА МЕНЕ,А,ТИКВО ЕДНА! Ми значи и тоа,изгледа има надеж,а? Ми ја стопли душата
Не сум ни луда ни љубоморна, само не сакам да те делам со друга... стварно знеаш да ме изнервираш тотално!!! ама МНОГУ ТЕ САКАМ да си знаеш
Прекрасно ми е со тебе. Се радувам кога те гушкам. Ти ги обожавам тетоважите, тоа што си бил деликвент, а сега си свесен, зрел возрасен маж. Да, дури и тие моменти од тебе те прават она што си, целосна слика што ја сакам. Среќа си ми.
Ич не ми се свиѓа твојата тактика! Тоа ладно топло, и обидите да ме направиш љубоморна цц но ме густа дај де веќе одлучи се што ќе правиш не туку ме заебавај, немам намера живците да си ги трошам на тебе не туку ме гледај само како теле во шарена врата бе. абе колку и да ме нервираш, колку и да се глупираш и занесуваш, пак, ај лајк ју ! мочко глуп
Те љубам, знаеш нели? Конечно си дома и конечно во мојата прегратка... И повторно се е совршено добро. Ти ги љубам очињата, и муцката, и дебелото меше, и големото газе...те љубам од глава до пети, и да сакам поинаку неможам кога си совршен, идеален, незаменлив...а сепак си вистински, постоиш и да, спиеш покрај мене.