Животот ми го скратуваш... Сигурно ти е со умисла, за да умрам пред тебе... Епа нема, цел живот ќе ме трпиш!!! Ај сеа озбилно, зашто волку те сакам затоа вака испаѓа... се прашувам до кога ќе ми трчаш по гзот... дури и кога од тебе очекувам најлошо, пак изненадуваш... п.с. Уште сум малце лута!!!
Види што ми правиш море, будалче едно! Се будам во 5:30 сабајле, ми се враќа филмот уште од денот кога се запознавме и...си почнувам да си цмиздрам и истовремено да се смешкам од среќа. Рандом будење + рандом меморија = цмиздрење во чест на сите среќни моменти. Е ај женски мозок...оди разбери го... Се сеќавам кога прв пат се гушнавме и ке падневме да не не` задржеше оградата, првиот бакнеж во “нивата“ (мора малку сељомантика, без љубомора молим ), кога прв пат ми кажа “Поим немаш колку те сакам“ и неможев 5 минути да се соземам и соодветно да вратам, кога со sign language ми искажуваше љубов а јас те зјапав како вол на поило плескајќи глупости, и онаа твоја срамежливо-заиграна насмевка кога ке утнев во поим. Се присетувам и на одморот, на оградата на пристаништето на која си јадевме “плати 1, земи 2“ чизбургера од МекДоналдс и си мававме романтики, ветувања, планови и уз пат паничев(ме) за смешна работа. Моментот кога за прв пат ја осетив топлината на твојата кожа врз мојата, кога за прв пат почувствував дека припаѓам некому со сето свое битие и дека имам се` што некогаш сум посакувала. Денот кога прв пат се разбудив до тебе, а ти цврсто спиеше мрморејќи и правејќи дакфејс. Нашето прво “пијанство“ и твојата легендарна изјава. Моментот кога сосема неочекувано ми подари прстен од твојот омилен “муми.“ Спојлер Поради тоа што првиот на мој типично-мутав начин го изгубив. Рандом идеите, фразите и потезите кои ни станаа заштитен знак... Ноуп. Премногу убави заеднички работи имаме доживеано за да би се потресувале за мали кавги кои се составен дел од секојдневието на секој пар. Луѓето се раѓаат за да сакаат и бидат сакани. Тие умираат, а љубовта останува за да докаже дека постоеле и дека сакале. Би ти го пишала ова во порака, ама поубаво е вака јавно и изненадно ако рандом наидеш на постов. Знам, ке читаш и ке се смееш на тоа каква вејка имаш што во рандом утрински час станува, мисли на тебе, цимоли од среќа, пишува на форум и пак си легнува. Епа да, токму тоа го правам! Затоа што ме исполнува и затоа што те сакам најмногу! Благодарам за се` што правиш за мене. Секој најмал гест ти е повреден од сето богатство скриено во универзумов! Те сакам, Русинче едно! Или на твој јазик: Я люблю тебя, мой Русский мальчик!
Би и' кажал: Девојко, ми требаше ваков викенд по којзнае колку време, ме живна во оваа есенска летаргичност... Кратко, чудно, но и слатко... Сега продолжи си со твојот живот, а јас со мојот, но ти благодарам што се најде на вистинското место, во вистинско време.
Се стави и во врска сега со неа а?А толку многу бегаше од мене само заради ова?Можеше да кажеш за тоа.Сега јас се осекам и жртва и виновна од друга страна.Зошто?Затоа што цело време гледав да погодам да ти биде добро а покрај сите надежи кои ми ги даваше јас на крај останав со кисела насмевка. Не можам да се помирам со ова.Неможам да бидам силна. Те молам само,исчезни од мојот живот самиот зошто јас немам сама сила да те избришам.Зошто ако те избришам ке посакам да те вратам назад. Не те сакам како другар,и самиот си свесен за тоа нели?Знаеш дека те сакам а сепак го правиш ова. Ми се тресат рацете кога ке помислам дека ке прегрнуваш друга.Кога ми помогна да го преболам претходниот помогни ми и тебе да те преболам.Само едно нешто.Тоа што ти го ветив за во Среда дека ке ти го кажам нема да го исполнам. Готово е.
Ако и денес не се видиме како што треба, и ако уште еднаш ми речеш дека работата ти е поважна од мене(ова ако го речеш под било каква околност) заборави ме, само да видиме дали ќе можеш да заборавиш се она што сме преживеале овие 3ипол години. Размисли малку
Можиш да пишиш барем по 1 порака, не ќе да е лошо ilent: ..и после јас не сум се секирала, гајле ми било, па самио си прајш така
Речиси се е исто како денот кога те запознав. Речиси... Каде исчезна насмевката, позитивизмот? Зарем малку причини за радости имаш? Не е доволно што како некое мало детенце те гледам и внимавам на тебе? Не ти е доволна насмевката на малиот ангел? Бараш премногу од животот, полека... Подобро да капе отколку да истече одеднаш и да се прелие. Мајка ти често знае да каже: Мајката е сонце на детето. Греши! Детето е сонце на мајката. А таткото... Најверојатно тој е месечина, а мајката е Земја. Земја бидејќи трпи урагани, тајфуни, цунами, пеколни денови. И пак закрепнува и собира сила да издржи нови. Мајчинството беше последната етапа од созревањето. Конечно можам да кажам дека сум ЖЕНА!
Те молам оди од мене Со своите болки замини Те сакам и проколнувам да те тешам не можам Те молам оди од мене Повеќе не ти припаѓам Без зборој остави ме Во љубов да верувам Не, не допирај ме! Нема љубов во тебе Има некој што посакува Сиот свет да го стави пред мене...
Венеција е само за мене и тебе! Сами на неколку дена, да си изнакажеме се што имаме... Знам дека не сум нормална што после 3 години ти си ми се, ама неможам едноставно без тебе, неможам. Што и да се случило ти си бил тука да ми дадеш совет и да ме изнаслушаш, и јас тебе. И толку работи сме поминале “заедно“ и знам дека нашето нема да се заврши вака... Знам дека нема да траеше волку долго ако некој таму горе немаше некој план за нас..еден ден!! непоправлива романтичарка сум, знам!
Ова како за крај.Уживај си ти,мене ми е сеедно.Те сакав ама сам направи да ми се гади од тебе.Не,ти не си човек,ти си самиот гавол. Знаеш...еден ден ке се сетиш на личноста која те сакаше.Ама таа личност нема да е овде,нема да е до тебе.Таа личност ке биде во прегратките на друг.На некој кој навистина ја заслужува таа моја љубов. Очаен си.Ко само ти да имаш девојка.Па ако,и јас имам точак ама возам ролери. Не вредиш ни да ти го спомнам името а камо да пишувам за тебе. Fin како што пишува по шпанските серии
Целото тело ми трепереше, ладна пот ме облеа и срцето ми запре за секунда кога ти ја испратив пораката.Се изнаплакав како никогаш во животот,бев искрена кон себеси и кон тебе.Свесно го направив тоа иако знам дека ќе го злоупотребиш.Се надевав дека ќе остариме заедно.Сеуште неможам да ја прифатам реалноста.Се однесувам како неодамна да те погребав.Силна е таа болка, ми го корне срцето од градите и не ми дава сила да се исправам.Неможам да земам здив.Му се молам на некој таму горе да ме земе во раце и да ме однесе некаде далеку од тебе за да можам да преживеам.Денес ми е многу тешко.