http://www.youtube.com/watch?v=a5irTX82olg Come here a little closer, and bite me en la boca... Е сеа не знам кој, ама прајте ком-па-нии-ја! Така после да не се карате.
Така сакаш,а?Добро,така ќе играме Ама кога ти ќе ме бараш,јас нема да се јавувам.После јас ќе си купам нови броеви,нема да ме добиеш.Ја знаеш онаа пораката Чувај ме како зрно песок во пустина.Ако ме изгубиш никогаш повеќе нема да ме најдеш.Зошто сите ќе ти личат на мене,но ниту една нема да бидам ЈАС! Е ТАКА! Можи потоа да имаш милион,ама ќе ме побараш некој ден,а јас,само ќе ти кажам неколку зборови.И ќе заминам.
Учи ми ти мацо, ако ако. Паметен да ми бидеш. Не ме гледај мене, јас будало сум (па четврта средно, не се учи многу, знаеш) Не мисли многу на мене, да, знам дека ти го земам паметот
Доста гледаш серии иди таму легнувај да спиеш утре на факултет си. Знам дека цел ден го поминавме заедно али на мене пак ми недостасуваш
Aко не ме изнервираш ти, ќе ме изнервира некој друг до солзи... Како и да е, пак јас се нервирам, и да, ти си крив, зашто така сакам, ти да си крив... И одмори ме малце... Сите сте ми криви, ама ти ќе ме трпиш!
Аман, појави се од негде, сакам да си збориме... Убаво викаат, многу мислење не е на арно. Дојдов до уште неколку заклучоци, ама остај тоа, не можам ни да дознаам кој од нив е точен, зошто ти ништо не кажуваш у пичку матер. Да речеме, немаш гз да ме прашаш што правиме, да кажеш што сакаш да правиме, дали иде ова накај озбилно или не, зошто нели, јас ти реков, врска нема шанси. Друга опција е, сакаш ем да ме имаш мене, ем да си слободен. Хау прфект, свака ти част, добро ти оди во ова. И не знам дали јас премногу барам, заради навиката секоја желба да ми биде исполнета, да ми се трча по газот, да ми се симне секоја ѕвезда, да се трпи секоја моја глупост и секој каприц...или можеби ти навистина даваш премалку.
Епа..... Фала ти што си мој. Фала за се што правиш за мене. Фала што ме сакаш. Фала за тоа што влезе во мојот живот. Фала што си ми поддршка за се во животот, што си секогаш покрај мене. Фала ти што си најубавото нешто што ми се случило. Сакам уште долго време да ги има овие работи. И, ооооо, знам дека ќе ги има во изобилство. Зашто си човекот покрај кој се гледам себеси во иднина. Зашто си љубовта на мојот живот и зашто не сакам без тебе. Среќен роденден душо!!! Остани ми жив и здрав, и уште посреќен и поуспешен во оваа година!! p.s. Остатокот од честитката ќе биде испорачан на твоја домашна адреса.
Ех да те сакав барем за една нијанса помалку..... Те сакам, што би правела без тебе јас м? Многу е глупаво кога гледаш во некој и сваќаш дека ако на пример во тој момент ти рече "Готово е", смртта да ја видиш пред очи полесно ќе ти биде отколку да го слушнеш тоа.. Е така се чувствувам. Те гледам, те гушкам и си мислам на тоа..не знам зошто, не знам од каде тоа чувство наеднаш, но стравот да не те загубам е поголем од оној да не преживеам... Да, можеби сум во "оние " денови...ги мразам..... Те сакам многу, и баш кога постигнавме нешто, нека бидеме заедно засекогаш. Мене не ми пречи што си прв, ако треба и цел живот би била само со тебе и со никој друг.. Премногу чувства измешани..не е добро вака, прво да се смирам потоа ќе продолжам без страв. Уште еднаш Те сакам и ќе те сакам се додека Том не го фати Џери...а тоа значи нема да куртулиш од мене
Ми недостигаш.. неопишливо!! Не сум ладна и немој да мислиш дека престанав да се борам... едноставно се истрошив, овие неколку денови се исцрпив скроз.. Повторно ти се извинувам за вчера тие неколку часа ми беа преубави затоа што малце ги оттргнав мислите од се што се случуваше во последно време..Но кога почна алкохолот да ме удира во глава знаев дека ке ти се јавам, знаев дека ке те побарам! Те барав и меѓу луѓето но залудно, не беше никаде Ич не се срамам што плачев пред странци и што видоа колку ранлива сум! Затоа што љубовта не познава гордост, граници.. Љубовта е само љубов! Плачев затоа што ме болеше..Во последно време се ме расплакува. Дури и најубавите работи ме расплакуваат. Не можам да доживувам убави моменти, не можам да се смеам а ти да не бидеш до мене! Уште сумљаш дека не те сакам? Како ми рече вчера!! Само мислиш дека ме сакаш.. ОК, не е во ред што го кажа и болеше да го слушнам тоа од тебе, тврдиш дека ме знаеш.. Кога те прашував дали знаеш колку те сакам ми викаше знам! Не, не знаеш! Ми треба помош.. Било каква, на било кој начин..
О после 5 години дочекав и од тебе извини да слушнам без да ти трубам врз глава дека си згрешил и дека си имал сељачки момент, и дека си ме повредил, и дека тоа не се глупости, дека не може така и остали пмсоидни дрн дрн безвезни ствари. Може го кажа баш за да не ти трубам, ама сеедно бре, ти текна ... Те сакам, знаеш? И спиј сега вол еден, јас ќе се расправам со демони
Ти не си заинтересиран за моите проблеми, а можеш да ми трубиш за твоите со саати а? Ми треба поддршка, не знам кој пат да го фатам
јас би му кажала... "Остави ме еднаш да тргнам напред, кога најмногу ми требаш-не си тука, а кога ќе решам да продолжам ти ме враќаш назад...Те молам веќе не ги враќај годините назад... "
после три дена поминати заедно(само незнам како ми успеа да те убедам да дојдеш со мене на медитација вчера) веке ми недостигаш сродна душичке ај нека поминат побрзо деновите за да те видам пак(знам дека и јас ти недостигам, барем си призна ) незен, страствен, прекрасен ептен се поврзавме, и сега ми фалиш мече
Aбе човек дај престани да ми се јавуваш секој ден и да ми пишуваш кога и да се уклучам ...поради тебе цели 3 дена не се ставам онлајн на чат ...гледаш дека веќе нема што муабет да се прави на чат и за шо ми пишуваш..и не сум ти женска па ти мене секој ден 1 или 2 пати да ми се јавувашшшш
Сега да ми беше тука, прво ќе те изгушкав и изгњавев, а потоа ќе ти шлапнев една добра бидејќи се понашаш како сељак се повеќе и повеќе секој ден... Ќе видиме до каде ќе одиш...