Сонце си, ама не грееш силно само на лето, светиш константно во секое време, на вечер, на зима, на есен, кога врне.... Те сакам бе, те сакам.............Недај Боже да прочиташ овдека некогаш, ќе си ја дигнеш цената Мило мое Ќе те гушам како мече, ќе те удавам
Деновиве ме опсипуваш со љубов иако сме 3000 километри оддалечени...се надевам дека те научив на една многу важна лекција во животот која никогаш нема да ја заборавиш. Сакам да си бидеме среќни...да се гушкаме најсилно да се опсипуваме со бакнежи да се почитуваме меѓусебно...да си се сакаме ...јас и ти тоа го можеме Наскоро ќе те видам... ќе те гушнам
од каде ти е идејата да земеш од деновите од одморот за да се гледаме почесто-и ај зити се, врати се на работа, а не 2 недели дома ке си узивкаш, и ке ме замараш мене ај еднаш ке ескивирам од обука за да бидеме заедно, ама што ако во мегувреме се вработам, да не ке ми казеш да ескивирам и од работното место за да бидам со тебе м? и не ми глуми лудило, знам дека не ме сакаш(и јас тебе не те сакам , убаво ми е со тебе, те посакувам да, ама се воздрзувам, не сум ко некои други да ми се познава ама кога-тогаш ке го добијам тоа што го сакам, ама после незнам што ке правиш ти сонце мое
Ти си ми се. Јас сум и премногу благодарна што те имам до мене и што постојано ме смируваш. Ти си најубавата дрога од која нема одвикнување. Остани до мене, покрај мене, со мене .... секогаш! Те сакам, дури и премногу ...
Незнам дали вреди... Можеби ќе беше подобро ништо од ова да не почнеше, но враќање нема. Тоа е реалноста. Треба да се соочиме со неа и двајцата подеднакво. Без глумење, без маски, тоа сега е најмалку потребно.
Ти текнува ли на првиот ден заеднички живот? Поточно, првата ноќ. Јас и ти во ладната викендица . Никогаш не било толку ладно во октомври. Првата вечер не можев да спијам. Не бев навикната некој да диши во иста соба со мене А сега тешко заспивам кога не си тука. Ми беше толку ладно, што во еден момент дури и се запрашав - што ми требаше сега ова, што не си седев кај моите... Осум години подоцна: јас и двете деца во куќата. Тие во кревет, а јас ненавикната да спијам во полупразен кревет, макар што во последно време и не се случува баш ретко. Би сакала да беше тука денес.
колку многу ми е мило шо те слушам така да се смееш Смеалчето ти го бакнувам па колку те прави тоа мил... Ми фалиш, да.
Сега само што ми се јави и ме развесели.Ми посака добра ноќ.Ми рече ке ми се јави утре сабајле..ама сеуште те мразам и нема да се смирам додека не позборуваме малку очи во очи.Така да си знаеш... ја изгуби вредноста за мене кога дознав што се си се обидувал да направиш.. Се надевам ке ми дадеш добро објаснување за сите тие работи што ги дознав ..и со или без објаснување ..некако сеедно ми е.Чаооо свињетино
Пре уморна сум. Сакам само да ме избањаш, да ме триеш со луфа додека млитаво стојам, да ме измасираш со гелот од кокос, потоа да ме избрешеш и намачкаш со лосион и да ме облечеш во меките пижами, да ме покриеш и да ме гушнеш.
Не знам дали е на арно или на лошо.. само знам дека овие неколку дена без тебе ми беа пекол! Не сакам да поминувам низ тоа повторно. Знам дека ни на тебе не ти е лесно но ми требаш најмногу ми требаш!! Знам дека не е лесно постојано да ти префрлаат и да те обвинуваат но воопшто не ме интересира што ке кажат и што ке коментираат. Во моментов ти си ми најбитен, сакам да ми се вратиш Абе те сакам гушкалко мое...
Ти го ѕирнав профилот.... сеуште изгледаш така проклето совршено нема да кликнам адд ес френд како што би направила пред 2 години ти кажав, моите последни зборови беа остани ми создравје, јас секогаш ќе се молам да бидеш добро Иако со ништо од направеното не заслужи да биде така....јас не те мразам, напротив се смешкам секогаш кога ќе се присетам....ах да и кога ќе поминам по булеварон секогаш сум на штрек дека некаде ќе те здогледам Најсмешно е што незнам како би изреагирала Најпосле, ти си тој што ми направи хаос во мојот свет, што ми го преврте наопачки Нема гајле бре, јас преживеав сега сум посилна иако на потешкиот начин научив многу работи