Ах,навика е лоша работа! Не те видов точно 7 дена и некако почнувам да брљавам,иако нема ништо да ти кажам,во себе се уништувам.Едвај се воздржав вчера и не ти се јавив. Силна сум и не ти покажувам ништо,но во себе се распаѓам. Но ке помине и оваа,. не ти покажувам слабост.Ова е сигурно само навика и ке помине со време. Сега ке учам,ке се занимавам со поважни работи.А за после ке ти се јавам...можеби само да те чујам Спојлер гомце убаво
Почнав да пишувам некој тажен пост, како сакав да го видам,или барем да збориме, и почнав со моето идеализирање. Фала богу на време се свестив и си викам, што ми е на мене бе ало, ќе му се правдам зошто сум била пијана и сум тресела зелени. Потребата да се правдам на секој за се што ќе направам одамна ја отерав у три лепе, така да, пијана-пијана, сум се избрукала-сум се избрукала, тоа е тоа. И сеа сфатив дека само сакам да му кажам, се надевам срце слушна што реков вчера, тоа за девојка? Јасно ти е нели? Ајде појави се од некаде сега, зошто јас веќе не те барам.
Сонував многу глупав сон, и ти беше во него, се поздравуваше со сите на крај со мене, ми кажа дека ќе идеш на турнеа и нема да дојдеш 7 години, не знам како после се тоа се најдов на плажа каде што имаше огромни бранови и од некаде се појави ти, ама додека ми мафташе бранот те поклопи и веќе не те видов среќа сето ова беше само сон, и сега кога ти се јавив уверив дека си добар, здрав жив. Не ти кажав за сонот јебига не сакав да испаднам смешна, ама еве тука пишав и исто како да сум ти кажала те сакам
Врати се... или барем пиши ми...Сега си нашол да идеш во странство а од Вип очигледано посакат оператор нема! Па фалиш ми бре
море кукарачо една како мозеш да мислиш дека чајче од камилица ке ми излечи вагинална инфекција? КАКО нели имаш сестра, како мозеш да не знаеш најосновни работи за една зена/девојка а тоа што имаш ФОБИЈА од доктори, и што мислиш дека се ке биде ок, тоа е друго бог да чува и брани(смајли што се крсти)
Зошто зошто зоштооооооооооооооооооооооооооо Толку многу прашања, а немам одговор Што се случи, па небеше вака
Вчера... Не ми е се јасно затоа што бев во ужасна состојба само знам дека те видов. те допрев! па на момент дури и те бакнував.. Ми недостигаш и многу ми е криво за се што се случи Знам дека не те заслужувам но проклето те сакам ... проклето ми требаш !! Знам дека не се понашав нормално вчера но верувај не можев никако да се исконтролирам.. Да, јас се понижив пред сите! Но воопшто не ми беше гајле.. Еден другар знаеш што ми рече? Виде во каква состојба сум и ми рече ако го сакаш оди кај него.. Јас дојдов но што ако дојдов?? Ништо не смени. колку и да се трудам никогаш нема да ми веруваш... Да ми веруваш во тоа колку те сакам и жалам што не сум ангел.. Затоа што ти тоа го заслужуваш Те сакам
... ти благодарам што си моја поддршка во крајно грдите моменти. Што ме засмејуваш и расположуваш на начин својствен само за тебе, и даваш се' од себе да ја ублажиш мојата несреќа и мака.
Кога само би ми се јавил да се видиме ,кога би ме прегрнал и кога би рекол извини не сакав да те повредам можеби ќе се средеа односите меѓу нас ... јас ти нудам љубов искрена зошто не ја прифатиш ?зошто не ми дозволуваш да те направам среќен ?јас можам да те подржувам во секоја твоја одлука,јас сум спремна да се грижам за тебе ,може да ни биде убаво ако и ти тоа го сакаш ...не сакам да се заврши нашата приказна којашто започна и во која допрва требаше да ни се случуваат најубавите работи ...те сакам не си свесен колку ме повредуваш