Прости ми што бев груба со тебе,што не те поздравив и прости ми што гордоста не ми дозволува да ти кажам дека те сакам,дека ти си љубовта на мојот живот .Неможам да ти ја простам другата,но те сакам премногу и нема ден во кој да не мислам за нас,за нашата судбина и го молам БОГА да ме погледне и да ме утеши затоа што не можам без тебе љубов моја .Ме боли тоа што си далеку и се прашувам :дали ќе те видам некогаш?????/
Научи ме да бидам како тебе, те молам. Или јас веќе знам? Знам, знам, и тоа многу добро знам, само не знам како да го правам тоа на тебе. Ми ја скрши заштитата, ме проби ептен, веќе не можам да се правам јака и да играм топло-ладно. Ме освои. А себе си се држиш на дистанца. Неубави работи злато.
Oваа работа не ја сваќај премногу сериозно...ти кажав дека не ми е мене дојдено до дечковци, а гледам дека ти се повеќе се приврзуваш за мене,на крајот ќе испадне да те повредам...следниот пат кога ќе се видиме ќе најдам начин да ти кажам дека сакам да престанеме да се гледаме, пред да почувствуваш нешто повеќе кон мене одколку што треба...Ах, кога ќе ми текне дека треба да ти го кажам ова, стварно ми паѓа жал, бидејќи таков дечко како тебе ретко се среќава, заслужуваш некоја девојка која искрено ќе те сака и цени и се надевам дека ќе си најдеш таква, која ќе биде многу поразлична од твојата бивша.
Како ти успева тоа?Баш ме интересира Секогаш ме изненадуваш и ме правиш да се чувствувам посебно.Ги сакам твоите бакнежи кога ќе ми ја згмечиш фацата како рибче и ми ја гледаш усната. Сакам кога ме гушкаш од позади со твоите рачиња.Знам дека и ти сакаш. Ја обожавам твојата насмевка.Обожавам кога се смееш.Толку среќа!Посакувам да трае долго.. Те посакувам! Те сакам
Аххх,од каде да започнам? Спојлер Денес умре последната надеж,верував дека можеби тоа ќе те допре,но не,ти ладен како камен упорно повторуваше дека било касно за нас.Зарем? Јас не мислам така. Некои почнале да те почитуваат побрзо отколку јас за 5 год? Не мислам така.Кога подобро ќе те запознаат и измине време,тогаш ќе те прашам пак. Денес, додека стоев пред тебе, можи за последен пат толку блиску,треперев како лист кој ветерот го одвеал по патот на љубовта,а таа ме донесе до тебе,уште првиот пат,и сега,но сега,толку различно и тажно...Ах која среќа ја имавме кога се видовме за прв пат! Никогаш со никој веќе нема да го доживеам истото.Едноставно знам...Бидејќи ти ми беше се! Денес ти како ладен северен ветер ме замрзна со твоите зборови,од една страна,а од друга страна горев,кога ти ја држев раката и се стуткав на твоето рамо...не можев да ги запрам солзите,таква сум,не можам...кога те погледнав ми укради бакнеж Зошто? Можеби тоа ќе ти е последен...Секогаш кога сум покрај тебе треперам.Потоа,од кога ти кажав се, едвај зборувајќи и пелтечејќи, дека се е поради тебе,дека сакам само да ти докажам дека ми значиш и дека само заради тебе го направив тоа,оставам на тебе да размислиш и сфати го како сакаш,јас дадов се од себе! Не сакав веќе да ти одземам време,сепак беше на работа,затоа морав да заминам,скршена и незнаејќи како да се соземам...Кога тргнував,тоа беше последната јака прегратка која си ја дадовме,ќе ја памтам! И краткиот бакнеж врз усничките,украден од мене...Моите бакнежи ќе ги бараш,ама нема да ги има.Ќе бараш да ме гушнеш,ама ќе ти кажам оди кај тие што мислиш дека повеќе те ценат. Добро,дали заслужив да не ми веруваш за ништо после 5 години кои ти ги дадов,ти бев верна,никогаш не помислив на друг,а камоли да бидам со некој,што ми е крајно одвратно,бидејќи несакам никој друг да ме држи освен ти,што те чекав,што се борев против сите? Тоа што ти го дадов најскапоценото нешто? Тоа што не излегував,а седев со саати со тебе да разговарам бидејќи ми недостигаше? Што правев ризици на моја сметка само за да сме заедно? Зарем сето тоа не го цениш? Само ме пушти,ме пушти од рацете во провал,во бездна без дно,за долго да паѓам...Ама мило мое,јас ќе соберам сили,тркалото се врти...Кога ќе се сврти бездната ќе се вратам посилна,а ти ќе паѓаш...Дали ќе ти подадам рака? Колку што ќе заслужиш! Заминав,те гушнав и заминав,не те погледнав,само се свртив,бидејќи уште еден твој поглед ќе беше удар за мене...Ти реков само чао...Ги гризев усните,се вртев како компас без стрелка, изгубена меѓу толку многу луѓе, срцето се свитка како лешниче,го боли кутрото, незнам колку уште ќе преживее со ова темпо. Сега сум само една кукла без срце, но на никој веќе нема да дозволам да ги влече конците,ни тебе! Уште колку многу имам да ти кажам,но веќе умот ми се кочи,незнам што да мислам веќе.. Фала за сокчето,добро што не го истурив во тој момент.Денес не јадев,не ми се ни јади.Имам грутка во грлото која ме гуши сеуште...Ах,не сфаќаш ли дека ми требаш,ми недостигаш? Ми рече што ќе ти е бакнеж од мене? А јас те бакнав и тивко со треперлив глас ти кажав,бидејќи ми недостигаш! Тоа е вистината...Нели гледаш дека искрено ТЕ САКАМ! Те сакав и те сакам! Ќе сфатиш кога в раце ќе држиш друга,а ќе ги бараш моите бакнежи и да те погалам по обравчето и да те погледам в очињата со насмевка.Ќе сфатиш кога покрај тебе ќе спие друга,а не јас да се туткам како клопче околу тебе,да те покривам кога си го фрлил ќебето,да те погалам кога ќе се разбудиш...ЌЕ СФАТИШ! Тоа е последно што ќе ти кажам... (Извинете за предолгиот пост) п.с.И ти ќе ми кажиш што е љубов...не те ценеле моите.Можи,ама можеше и ти да се потрудиш повеќе за мене.Љубов е тоа што тие цел ден 'рмбаат за јас да можам да учам и да ме извадат на прав пат,и да имам јас пари за да дојдам и да ти посветам внимание.И после,тие не те ценеле,а јас не сум ти посветувала доволно внимание...Што да направам повеќе? И мене ми фали да си покрај мене секој ден,затоа ти кажав,не те сакам за ден,два,те сакам за цел живот! Мислиш дека многу си направил? Јас да ти кажам ништо не си направил! Само СЕ ОТКАЖА! А само кукавиците се откажуваат! Тие што знаат да ценат и сакаат СЕ БОРАТ! Како тогаш сакаш да те ценам? А?
Крај, окејј..ти така сакаше.. не јас ..запомни ! идиоту те сакам со сите твој мани.....јас сум била крената љубоморна и себична.. Кај можиш ти без мене !
Знам дека е клише и мислев дека сум имуна на такви срцепарителни патетики ама не сум била, кога те гледам со синчето мислам ќе ми експлодира срцето од толку многу љубов..... те сакам не се моите мажиња на сликата од интернет е
ми требаш сега, тука, овде, да ме гушнеш најсилно што можеш, да ме бакнеш во чело и да ми кажеш дека се ќе биде во ред. премногу сум напната деновиве ми недостигаш многу, ти и таа твоја ведрина што секогаш ја носиш со себе, ми недостига начинот на кој што само ти можеш да ме смириш кога сум нервозна, доволен е само еден збор и една твоја насмевка за јас да сум спокојна. Со нетрпение го чекам твојот роденден, за да ти ги приредам сите оние изненадувања кои ги имам испланирано. Сакам да те радувам исто како што ти го правиш тоа секој ден за мене те сакам...
знам дека сум напорна со ова ми е , она ми е,и проверки по лекари ,епа зенско сум, и си се чувам ти благодарам што си секогаш толку мил, фин и со разбирање и секогаш гледаш на подобрата страна,и се обидуваш да ме утешиш велејки ми да не се секирам (ама второво нешто не ти пали ) со тебе се чуствувам спешл, и имаш посебно место во моето срценце
некогаш обожавам да бидам инат без причина бидејќи си ми цуце кога се грижиш и сакаш нешто да ми докажеш. знам јас дека ти се гордееш со мене ај ај знам те напнав вчера за сопртската ама се израдував кога фати џоџоџоџоџ ми мириса на некоја пица ја осеќам
Што ми значи дипломата и се,кога ќе те немам....ТЕ САКАМ ВО МОЈАТА ПРЕГРАТКА ЗАСЕКОГАШ!!!!! СРЦЕНЦЕ МОЕ! Дојди смири ме!
Само сакам да ти кажам огромно фала што постоиш. Колку и да е против нас, факт е дека ти си ми единствена мотивација, спротивно од нејзиното мислење. Никогаш нема да сфати, да те сфати, ама не е ни битно. Само ми е криво што не ја добиваш шансата што ја заслужуваш.А јас сум навикната на ова, цел живот,ќе плачам малце и ќе помине... Те сакам, знаеш...На крај и краева, важни сме ти и јас.
почесто пишувајки ми дека ме сакаш, нема да ме смениш карактерно(ко демек не биди толку реалистична и негативна) сори злато ама јас не се менувам, и нема машко што мозе да ме смени и дека си исклучителна личност што ја запознав годинава си и е вистина, многу ми значиш
Не би му кажала ништо, само би му ја пуштила песнава и рефренот кажува се: http://www.youtube.com/watch?v=ucbHCZaO08g Hajde da ludujemo ove noci, hajde zaljubi se u moje oci, tvoje su usne kao cokolada, to mi se dopada