си сакал јас да се здебелам јас, јас да се здебелам НЕМА ШАНСИ злато тоа ти е мишн инпосибл, попрво ТИ ке ослабнеш а како било тоа наместо да сум ти викала да седиш дома, сум ти викала шетај излегувај -во граници на нормала, не си во кафез дома уште малку ке сум ти рекла да си најдеш друга-има да те фрлам под пруга така да знаеш а што ми пишуваш пораки дека кога сме заедно јас ти давам сила-мајко мила е работава добро бе што се замислуваш дека си едно и единствено машко на светов или што дечко дај малку спушти се на земја и не си кревај акции
Во последно време испаѓа како јас да се жалам за се . Јас сум крива како и секогаш ќе повторам по 1000000000000000 пат ама неее готово нема за ‘‘ситници‘‘ да се лутам повеќе ама баш за ништо нема да се лутам се ќе ми е рамно . Ниту дали ќе ми се јавиш , дали си бил не знам каде ма ништо доста е аааа па и јас се изморив е тогаш и двајцата ќе си бидеме ок ни ти се замараш ниту јас супер се нели . Ама следен пат кога ќе бидеш сериозен за тој ебан крај ќе плачам што ќе плачам , ќе се смирам и ќе ти речам ко порано ќе ми фалиш ќе те изнагушкам , изнабацувам и полека ќе си станам и ќе си го продолжам мојот пат затоа што навистина немам сили и не можам да ја издржам таа болка . Вака кога размислувам и се ми е ок рамно во моментов си мислам дека подобро е сама да си ја трпам болката отколку со тебе да се нервирам. И еве солзите пак се во очите ама нееее. . не се предавам јас ќе се борам до крај ако некој не ме разбра да знаете дека ни јас самата не се разбирам шо кажувам и дали можам или не хмм којзнае ? ? ? ТЕ САКАМ
сакам да те изгушкам сега,сите органи да ти ги смачкам Но,нема. Ке чекам до петок,.учењето ме убива,полека но сигурно! Ама во петак мисли му ја..само да те видам сонце си.
Не знаеш под каков притисок сум и што се не треба да направам. Само те молам, само те молам нека вреди.
Знам колку ти е важно моето мислење, па затоа нема да бидам јас таа која ќе те натера да се откажеш од твојата желба. Мене ми е најважно ти да си среќен па каде и да си. Две години се многу, премногу, но ако се сака се се може. Не сакам да бидам таа која ќе те задржува тука, не ти велам ни дека ќе те чекам, за да не ти вршам притисок за да се вратиш. Но, знам, знам дека сакаш да одиш и дека ова парче земја те гуши. Петок е многу краток период за одлука, но јас веќе ја знам твојата.
ноември...убав месец...овој месец пред една година те видов 1пат во црква и тогаш не ми остави некој впечаток ама сега после една година неможам без тебе е така....ке се видиме оваа недела и те сакам !
Вечерва сакам да се скријам од сиот студ, сакам да се стуткам во твојата прегратка и така да заспијам....
Особа број 1: Јас навистина премногу добро те познавам.Толку добро што можам кога ќе посакам да ти ги прочитам мислите, точно знам за што,кога и како размислуваш.Дури знаев и дека ќе се премислиш.Знаев и дека ќе се премислиш сега но ќе инсистираш да го покажеш тоа во иднина.Колку да можеш да извлечеш најмногу од ситуацијата. Искрено незнам кој повеќе губи а кој најмногу добива.Незнам затоа ќе се повлечам и ќе чекам твој чекор по што веројатно ќе делувам залутано и неодлучно.Се убедувам себеси дека не ми требаш но не е така.Искрено се изненадив колку ладнокрвно стоев до тебе, онака без око да ми трепне.И постојано ти го следев погледот и сето тоа што го изговори не ме направи несреќна.Готово е помина!! И тоа можело да биде. Особа број 2 : Ја оплескав.Ја утнав работата.Незнам дали ќе ја поправам.Страшно е !!Не мислев се така да се случи.Циничното е што и двајцата сме потајно задоволни, но знаеме дека не е во ред.Посебно јас, сакав да почнам нешто сериозно добро ..а ја оплескав.Сега за сега само сакам да се јавиш,доволно ќе е
Јас сум таа која треба да покрене иницијатива? И двајцата знаеме што се случува. А да..ти да беше заинтересиран ќе направеше нешто,зарем не? Ме игнорираш. Да,ме игнорираш. Си правам филмови? Типично женско нели,постојано нешто преувеличува,постојано нешто замислува. Зошто воопшто ми е тешко после разговорот? Ти си сепак ладнокрвен,кул,смирен тип што не се замара,ако биде нека биде,ако не,голема работа,нели? Долго време не сум се чувствувала вака. Иако секогаш во животот сум настојувала да одам до крај,овојпат мислам дека ќе се откажам...