Прво ќе престанам да размислувам, а потоа ќе седнам и дебело ќе размислам. Да знаеш! Сигурно делува збунувачки, но ти сигурно би ме разбрал што мислам.
Се што сакам во моментов е да ги баталам сите факултетски обврски, да ги заборавам сите моментални проблеми, да си го спакувам куферот и да заминам на планина со тебе. Да одморам неколку дена од животот, да се излежувам во твојата прегратка додека ти се обидуваш да ме стоплиш. Некогаш обожавам што сум толку зимурлива. Па да си седиме на тераса додека го пиеме првото кафе и да разговараме со часови додека се грееме на огнот што се крчка. Да се шетаме заедно и да ги фотографираме природните убавини. Да ги одмориме сетилата, да се заситиме од љубов...
Овој ТРПЕ мој стварно не капира некој работи.. Ќе му го дотерам умот ...ќе види сватој рака не ми побарал уште па за сватови збора
Те видов барем за кратко ,како некој крадец поминав покрај тебе без да забележиш ,посакав да те гушнам и да ти кажам дека многу ми значиш ,сега сфаќам дека без тебе мојот живот не е целосен недостасува едно многу битно делче од оваа моја сложувалка а тоа си ти ...со разговор се може да се реши ...ми недостигаш
Размисли уште еднаш пред таа твоја одлука ... Затоа што ако ја донесеш, јас ќе ја направам конечна, сакал или не сакал. И нема да има назад ... Не повеќе, за жал ... Или за среќа, не знам ... Само те молам, бар додека размислуваш, немој да бидеш глупав ко што знаеш!
Едвај чекам вечер да ти се фрлам во прегратки и да ти шлапнам еден бакнеж на образ ама онака страсно! Едвај чекам да ти се упикам во врат и да го осетам повторно тој мирис, да ме обвиткаш со рацете цела и тивко да изговориш: маченце мое. Едвај чекам..
мило ми е што те познавам задоволство ми е што те имам до мене и се ке сторам да те задрзам, за што подолго да бидеш до мене-па нека пукнат душманите и злите јазици те сакам, ми недостигаш и едвај чекам да те видам ете тоа би му го казала
Преку глава ми е од тебе и од твојот егоизам. Го научив на памет секој твој збор кога си депресивен, го научив секој твој збор кога се гушиш, кога ти е досадно, кога немаш каде да збориш, кога гледаш телевизија, кога си со некој, кога седиш на компјутер. Те знам како себе си, ама веќе не можам да те сфатам. Три години сме заедно, па и повеќе и ти мислиш само на себе си. Си отиде зошто мислиш само на себе, ќе одиш таму зошто мислиш само на себе, нема да направиш ништо убаво во животов, никогаш нема да бидеш успешен зашто мислиш само а тоа како се чувствуваш, а чувствата не се доволни за да се живее. Три години те трпам, те подржувам во се, а ти еднаш не помисли што ме оставаш постојано сама. Еднаш не ме стави мене на прво место во овие три години. Не, не ми се доволни само моментите со тебе, кога ги крадеме и се криеме. Потребен си ми со денови, а не само часови. Прави што сакаш со тебе, само повеќе не ме мешај мене! Или среди се или да ставиме крај, не можам повеќе!
Да ти кажам дека те сакам си знаеш више, ама морам пак да ти кажам пренајмногу те сакам. Ми недостигаш многу будало човече. Се надевам дека денес ќе те видам
Душо биди мирен нема потреба од грижи...кај и да е ке ти се јавам, сигурна сум дека ќе ти олесни иако се правиш дека е ок