Само да ти кажам, имам до перфекција истенчена женска интуиција. Ретко кога греши. Ми дојде на памет една можна причина зошто се губиш, и колку повеќе размислувам за тоа толку поуверена сум дека сум во право. Prove me wrong или ќе летаат пердуви, мајке ми ако е така како што мислам секоја ти чест! Добив и желба да ти се јавам и да ти кажам само ама не бре, ти не заслужуваш ни за тоа да ти се јавам
Само што почнав полека да се помирувам дека те загубив ти пак се појави од никаде и ми украде мала насмевка Не,се уште ти немам простено.Ако го сакаш тоа,потруди се.А за натаму јас ке одлучам.
многу ме разочара, мислев ќе бидеш малку полиберален и поотворен за соработка, впрочем и ти тоа го сакаше нели? ми ветуваше ама многу брзо ги заборави верувањата.
Не можеш ни да замислиш со која тежина ти спуштам на телефон. Не можеш ни да замислиш колку ми беше потребно да ти речам не сакам да се видиме, нема зошто. Не можеш ни да замислиш колку ми беше тешко да ти се раздерам викајќи ти дека нема зошто да правиме муабет ... Се што од тебе барам во нашата врска е да бидеш посовесен, да не сум ти последна дупка на кавалот, затоа што боли да не ми се јавиш два дена, и кога ти се дерам ми викаш тука сум ништо не правам ... јас знам дека ништо не правиш, ама според мене тоа е голема работа, затоа што ти во 24 часа да не одвоиш 5 минути и да и се јавиш на девојка ти, тоа значи дека таа не ти значи, а не значи дека ја сакаш и таа треба да разбере дека ти имаш работа. Затоа што јас, каде и да сум, колку и да имам обврски можам да ти се јавам две минути и да ти кажам срцка ваму сум таму сум после или утре се слушаме. Јас секоја моја новост, без разлика дали е среќна или тажна сакам да ја споделам најпрво со тебе, сакам тебе да те гушнам ... а ти на секој твој проблем како полжав се виткаш, се криеш, се затвараш, и сакаш да си сам ... И мене тоа ме повредува, затоа што можеш да ми кажеш, мече тешко ми е денес сакам да сум сам, утре ќе се видиме, а не да не се јавиш воопшто и јас да си ја акам главата. И ме нервира што толку ми веруваш, ме нервира, гајле ми е што ќе мисли било кој ... сакам и ти кога ќе ти речам ваму сум па таму па онаму со овој со оној да покажеш трошка љубомора. Од каде си толку сигурен дека ништо не правам??? Никогаш не се знае. Јас стварно ништо не правам, ама ете, да покажеш дека малку се плашиш дека ќе ме загубиш. Ти си толку сигурен дека нашето нема да заврши, дека не би ме изгубил, дека секогаш ќе бидам покрај тебе, што си ги оставаш работите така да течат, и престана да вложуваш онолку колку што треба. Не може така, смени се или ќе си останеме сам по сам ... па колку сака нека боли, јас не сакам ти да ми бидеш нервоза и да се карам секоја недела. Јас сакам да го имаме она што го имавме, и ако не си способен да го вратиш, да, ќе ме изгубиш, во тоа биди сигурен. Сто пати сум ти кажала, и уште сто пати ќе ти кажам, не сакам кога ми спушташ и не ми креваш до наредниот ден, за да не се караме во моментот и да слегнат работите. Јас не сакам да слегнуваат работите, јас сум способна одма да ги решам, затоа што јас знам каде стојам, што сакам, какви ми се ставовите, и што ми е потребно за да бидам среќна. А не ми си ми потребен само ти, туку и мал куп други работи поврзани со тебе. Јас ти кажав, јас знам дека те сакам, јас знам дека вложувам во врската, и јас упорно ти го повторувам тоа, а ти тврдиш и тврдиш дека ти си добар, дека вложуваш, дека ова дека она. Јас не сакам да ме сакаш со зборови. Јас сакам да ме сакаш ... и да покажеш. Пошто и без тоа ретко се лигавиме а знаеме што чувствуваме еден за друг, ама барем јас покажувам. Барем некогаш можеш да не потрчаш кај било кој кога ќе те викне и да му речеш е не можам брат, вечерва сум со девојка ми ... дали си го направил тоа? или јас треба да те сфатам дека си добар и глупав и сакаш на сите да помогнеш и постојано да те чекам да растрчкуваш како не знам што... зошто за сите би трчал а за мене не, затоа што знаеш дека јас сум тука, знаеш дека и јас те сакам, и знеш дека јас ќе поминам преку тоа пак, затоа што се обидувам да те разберам, иако воопшто не те разбирам. Јас не барам од тебе којзнае што. Јас барам од тебе, во врската да бидеме двајцата, и ако сме да сме ако не во ред. Затоа што не може да не се караме, ама па и не може за глупости да се караме. Јас имам нервози, ти имаш нервози, јас имам проблеми, ти имаш проблеми ... и што ќе биде, ако заради јавување и слушање, не можеме веќе да си бидеме поддршка еден на друг??? Јас одреден период вака ќе се однесувам. да те натерам да мислиш дека стварно е готово и да се освестиш и да не бидеш толку лабав. Знам дека некој сонува за ваква врска, исто како што ти знаеш дека јас не сум личност што се задоволува со таква врска. И не се задоволувам со трошките и со украдените минути ... џабе е се, ако не те имам во врската целосно. Те сакам повеќе од се ... и те молам да размислиш, да видиш дали вреди или не ... нема зошто да тераме понатака ако не е за терање. Од моја страна вреди, затоа што имаме нешто искрено и преубаво, за кое некој го превртува цел свет, само треба убаво да го негуваме, а ти таа нега ја забораваш. Ако ти сметаш дека не си способен, дека не можеш да смениш неколку ситници, кажи си со време ... ама јас знам дека можеш, па затоа се надевам и дека ќе се освестиш ... Затоа што и покрај се, твојата прегратка за мене секогаш ќе биде најбезбедното место на светот. И секогаш ама баш секогаш кога себе ќе се погледнам во твоите очи ќе почувствувам треперње и мир. Мир и љубов, онакви какви што никогаш со никој друг нема да ги почувствувам ... Сега оставам на тебе ...
Знаеш, кога ќе загубиш нешто, џабе ти е после и гордоста под нулата да ја спуштиш. Е па сега размисли си.
Да се гониш во три пизде материне гојдо едно невоспитано, себично, мизерно. Срам да ти е бре!!! пу, да ти се помочам на тоа паметот птичји. Да се немало основно разбирање од животни вредности, и што и кога не треба. Беобрзен идиот ниеден. Срам да ти е!!!
Покрај тебе рап почнав да слушам, море хеј!! Едвај ти го чекам следниот настап, да вриштам во први редови и да пафтам гордо коси! Викаш ќе биде скоро?
Сакам секогаш да е вака... Навистина не би можела да поднесам да те изгубам...срцето на милион парченца би ми се скршило, и не постои нешто што би го залепило... Те сакам најмногу.
Драго ми е што гледаме слично на иднината. Драго ми е што се гледаме eден покрај друг успешни. Ти си мојата подршка, јас твојата. Заедно можеме се, да го сопреме оганот и да го растопиме мразот. Денес некои твои зборови ме погодија многу, не верував дека размислуваш така. Ме разнежни, ме налути, направи повторно да се заљубам во тебе, да сфатам дека не си ми навика, ти си ми љубов. Ма те сакам и со брада и без (ама гледај до следниот пат пушти ја )