Те сонував...сигурно сонов се појави бидејќи одамна веќе сакам да те видам,два месеци те немам видено,да застанеме,да ти го слушнам гласот ...секој викенд испаѓам со надеж дека ќе те видам и никако да се случи тоа...сонував како сум те видела,сме застанале,сме се гушкале долго време...правевме општ муабет кој траеше некоја минутка и во тој муабет памтам дека ти кажав дека многу ми недостасуваш...ах,колку би сакала сонов да стане реалност,да те видам деновиве,бидејќи постојано си ми во мисла ...Те бакнувам
Спојлер Еве ме мене пак. Се врати тој, па и јас се враќам на темава И покрај се, денес пак се си се смешкам од среќа, заради тебе. Не е нормално ова што ми го правиш, еден ден ме бедираш до коски, веќе другиот ми изнудуваш насмевки. Аман бе срце, дај ако правиме нешто, да го правиме правилно. Не сакам веќе заебанции, верувај ми, не можам... И што пенис сега ќе треба да чекам до петок да те видам? Не е фер. Сакаааам да те гушнааааааам и да се стискаме од ладно на клупа. Ѕверу!
И јас доживеав од тебе да ми кажеш дека ме сакаш... Ееееееееее колку сум среќна... Не сум ни свесна.... Фала за најубавото искачање вчера... И не ми давај да пијам толку другпат
Ako je cutanje zlato, ja necu da imam ni za hleba! Нема аир од ќутење затоа нема да престанам да си зборам па макар и на празно и баш ми е гајле
Навистина не очекував ваков развој на настаните личноста која некогаш ми беше се, денес се претвори во нешто непознато.Страв ми е. Сега гледам колку ти значев.За мене немаше еден збор напишано убав.не дека заслужувам но битен е гестот а за нејзе цели поезии пишуваш. Ма не се замарам повеке Мрш
Немам зборови да те опишам. И немам зборови да ти кажам што си ти за мене и колку те сакам.. Ти не си добар, туку си... хм.. Не можам да престанам да мислам на нашево минато, на сите спомени кои ги имаме, а летото 2010 не го заборавам никогаш.. Што беше тоа бре, сон... Не дека сега ми е лошо. Само ептен ми е тешко што некогаш правевме се заедно, а сега обрските ни се на две различни страни, и криво ми е што 90% од денот го поминувам со луѓе што не ми се никаков фактор во животов..а со тебе не како порано, не сме доволно заедно. Како и да е, си знаеш, си знам. ТЕ САКАМ! едит. Текстов, цел: http://www.youtube.com/watch?v=aXzL_HsfXfQ
Се сеќаваш кога правевме планови оваа нова година да ја поминеме заедно? Ахх колку ми е тешко кога ке помислам дека сум без тебе.. Сега ме фаќа божична еуфорија и сакав со тебе да ги поминам тие празници АХХХ.. душата ме боли!! Те сакам
ТЕ ЉУБАМ гомце мое овој ден а и утрешниот треба да се прослави како што треба година дена јухууууу да си одиме уште година и да си се земеме м ? најубаво
О боже колку ми фалиш! Сакам пак да те видам како седиш и ме гледаш, и не го помрднуваш погледот од мене. Срцево ќе ми илезе бре будало! Не сме зборувале 5 дена и ми фалиш проклето многу. Веројатно јас сум ненормала што неможам да те заборавам, и знам дека нема. Те молам исполни си го ветувањето и дојди. Не ми е гајле ако дојдеш на еден ден, само сакам да те видам!
http://www.youtube.com/watch?v=9hyrQzhU08w Не можам ни да избројам колку пати ова ми се случило. Иако не разбирам зошто барем не ме информира дека има некоја друга, зошто морав да дознаам на таков глуп начин преку фејсбук? Зошто да ме удираат громови од ведро небо? А таман мислев да ти пишам за да разговараме. Знаеш како се случува кога одма се ти се срушува, како нож да ти ја пара утробата. Ма иди у , нема да плачам за тебе... Нема аха.....
Само варди не си дојди следниот викенд,многу ке ти се налутам да знаеш.Овај ајде ти го простив ама следниот сакам да те видам.Многу ми недостигаш знаеш
Полудувам! Не се видовме цели 7 дена бе! оф ... Потребен ми е бакнеж и прегратка сега во моментов... Каде си,а? Едвај чекам да те видам сонце
Никогаш нема да ја заборавам вечерта од вчера. Сакам да се повтори пак.Сеуште ме држи позитивното расположение од вчера.Одамна не сме си поминале така убаво нели? Сонце мое те сакам многу,многу.