Уште малку и 22, пораката е напишана и зачувана во драфтс, се надевам ќе ти се допадне... Туку, друго сакав да ти кажам... Прееска другарка ми ми прочита некој текст во кој толку многу се пронајдов во врска со тебе...од збор до збор. За прв пат во живот успеа нешто срцепарателно вистински да ме допре, еве уште не можам да си поверувам дека си ги проголтав солзите, за малку ќе се истуреа. Не знам што ми е. Не сакам да кажам се заљубив, прво заради тоа што не верувам во љубов за толку кратко време, а не сме ни во врска, второ зошто тоа едноставно не личи на мене. Јас едноставно не се заљубувам, тоа не е поим во мојот речник. Посакувам да беше, стварно сакам да го почувствувам тоа, ама не можам да се замислам јас еј, храбрата, силната, со изгубена глава. А еве денес самата си покажав колку сум само контрадикторна. Можеби е до тебе, можеби е до периодов, ама ете, некако како променета си се осеќам, почувствителна, повеќе размислувам за своите, за туѓите чувства, за се'. И најмногу од се ме нервира тоа што со тебе морам тактички. НЕ САКАМ! Сакам да те видам, да ти го кажам се ова во лице, без трошка срам, сакам да те имам, да си мој, а јас да сум твоја, да можам да те видам и да те гушнам и да те бацам кога сакам. Од друга страна пак, длабоко во мене знам дека никогаш нема тоа да биде, она мало гласче ми кажува залудно да не се надевам, ама посилно е од мене. Ми текна на еден дел од текстот што ти го спомнав што најмногу ме погоди...
Убаво е со тебе,а може да се живее и без тебе. Како да ти кажам,а да ме разбереш ? Дали “сеедно“ е соодветен збор? Хм.. Што знам.Сеедно ми е некогаш.Некогаш и не.Али едно знам! Не ти давам толку големо значење. Точно е поулавувам кога ке те слушнам на телефон после 7 дена.Но тоа е само 2-3 минутки и после се ладам целата. Тоа е ..
Бесценетиот момент кога бившиот нарцис дечко ќе те види со сегашниот дечко што е стопати поубав од него. Патииии.
Тоа што јас не ти го пружив ке го најдес на друго место,што и да е било И нај искрено се надевам дека живото ке ти даде се ама бас се,со ти лезе на срце Јас никогас нема да те забравам со и да се слуце, со кој и да сум,никој нема да има толко место кај мене колко сто имаш ти.Само се молам да не те сретнам додека си во мене како пресна рана....
Девојчице, баш си тапа Се вели - ќе се фатиш ли со мене бе?! Би му кажала - молчи. Не ме прашувај. Само насмеј ме и зграпчи ме со тие твои рачишта. За почеток, ќе ми биде сосема доволно. Не сакам да ти признаам, иако ме прашуваш, но токму сега, деновиве ми е потребна снажна, мушка груда да можам да си ја потпрам главата на неа, и да не морам да мислам ама апсолутно на ништо. На ништо!
Среќен роденден злато, ти кажав се што имав во пораката така да нема потреба да се повторувам. Ама многу ме израдува тоа што ми го врати, си ми го посакувал истото ама дупло повеќе? Еххх да знаеш само колку зависат моите желби од тебе. Туку, вчера направи да заспијам среќа и насмеана, утрово намирисав нова лага. И кога ќе дознаам дека сум била во право, знаеш што? Ништо. Нема ни да ти кажам дека знам. За тебе сум спремна да бидам и будала.
откако те запознав тебе миличко, се чуствувам ко да сум во бајка а ноките кога не си до мене, тешко ми е , не мозам да заспијам, ми недостигаш нецели 3 недели те познавам, а толку те засакав,си ми спешл срценце и те чуствувам ко моја втора половина-сродна душичке те сакам
Ти се откачила изгледа тебе една стрелка па си толку добар.Не,ти немам простено,се уште. Спојлер И да,Срекен Роденден
Знам дека некогаш навистина не разбираш... ама ни мене не ми е лесно да ти објаснам... само биди до мене, дај ми сила која без тебе ја немам... и кога пак ќе одиш, на некои си 20-тина дена, ќе знам дека си тука, до мене, до нас!
Љубов си моја во најсветла боја. За тебе пеам и гласно се смеам. За тебе ако треба ќе бидам и амеба од кревет нема да станам и со чоколади ќе те хранам! Цуф!